fbpx
Таг: сообраќајка

таг: сообраќајка

Се судрија македонско и буграско возило во Србија, еден загинат

Едно лице загина, а седуммина се повредени кога македонско и бугарско возило имале тешка сообраќајна несреќа, која се случила вчеравечер околу три часот изутрина, во Србија на Ибарската магистрала, на влезот кај Железник. Во судирот, кој се случил помеѓу „голф“ со македонски регистарски таблички и „фиат“ со бугарски регистарски таблички, загина 45-годишниот бугарски државјанин, а повредено е и четиригодишно девојче. Потешко...

Тешка сообраќајка во Битола, едно лице се бори за живот

Вчеравечер, во два часот по полноќ, во Битола на улицата Партизанска, се случила тешка сообраќајна несреќа. Во возилото се наоѓале две лица, Х.С. на возрасот од 19 годни и Т.С. на возраст од 21 година, кои поради здобиени повреди со возило на Итната медицинска помош биле префрлени во Клиничкиот центар во Битола. Возачот Х.С., поради сериозноста на повредите, е во...

Два автомобила се судриле на влезот на Арачиново

Попладнево се случила сообраќајна несреќа меѓу два автомобили во Арачиново, објави „Канал 5“. Автомобилите на влезот од селото удриле во девојче кое било пренесено во Градската општа болница, но тоа, по интервенцијата на лекарите, им подлегнало на повредите.

Загина момче во сообраќајка кај Зајас

Во тешка сообраќајна несреќа која утринава, околу 3.30 часот, се случила на патот Гостивар - Симница, загина 25-годишно момче од кичевско Зајас. Несреќата се случила кога Н.А., управувајќи со „шевролет блејзер“, без таблички, изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и се превртело на покрив. Момчето починало на местото на настанот, по тешките повреди што ги добило откако го нагмечиле дрвата што ги...

Скопје: Кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Дваесет и четиригодишниот кумановец Д.К се наоѓа во критична состојба откако синоќа доживеал тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски, во близина на „Стаклара“. Во несреќата учествувале возило „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски таблички, со кој управувал Д.К и автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички. Во сообраќајката полесно се повредени возачот на „пасатот“, М.К (42), и неговата сопруга Љ.К. .

Ламбе Алабакоски имал сообраќајна несреќа, поминал без сериозни повреди

Македонскиот пејач, Ламбе Алабакоски, по вчерашната сообраќајна несреќа е добар и без сериозни повреди. Собраќајката се случила на Плетвар, кај местото Раец. Неговиот автомобил „рено меган“ е целосно уништен откако, поради лизгавиот коловоз, Алабакоски загубил контрола над него и се превртел.

Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа

Фудбалската легенда Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа во Лондон. Двајцата поминале со полесни повреди, а поголема трагедија била спречена поради активација на воздушните перничиња во автомобилот. По несреќата, тие се упатиле кон болница, од каде биле пуштени на домашно лекување.

Тешко повреден 60-годишен битолчанец во сообраќајката крај Битола

Тешко е повреден шеесетгодишен битолчанец во синоќешната сообраќајка на патот Битола - Прилеп. Сообраќајката се случила во саботата, околу 19.45 часот, на раскрсницита кај селото Кукуречани, кога се судриле „бе-ем-ве“ во тетовски регистраски таблички, управувано од жител на Демир Хисар, и „опел корса“ со битолски таблички. Повредениот Т.Б. го управувал „опелот“ и при судирот добил фрактура на ногата и набиеници по...

Сообраќајка во Велес, едно дете тешко повредено

Дете на возраст од седум години е тешко повредено во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во Велес, кога возило излетало од улицата на влезот во градот. Автомобилот марка „фолксваген“ излетал од улицата кај новиот кружен тек, а во него имало четири лица. Сите патници се задржано во болницата во Велес за понатамошни испитувања.

За 24 часа, 11 сообраќајни несреќи во Скопје, еден пешак е тешко повреден

Во Скопје синоќа се случиле 11 сообраќајни несреќи, во кои еден пешак е потешко повреден, а четворица возачи и седум сопатници се здобиле со полесни повреди. Според сообраќајната полиција, случени се уште шест незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет европски извештај за случена сообраќајна незгода. Во текот на вчерашниот ден, санкционирани се и тројца возачи кои не пуштиле...

Почина тешко повредениот во сообраќајката кај Штип

Лицето што беше тешко повредено во сообраќајната несреќа која денеска претпладне се случи пред 9 часот, на патот Радовиш – Штип, во месноста Шести километар, почина во болницата во Штип. Според информации од полицијата, возилото со марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, се забило во дрво покрај патот.  

Загина човек во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Во тешка сообраќајка, претпладнето пред 9 часот, загина човек на патот Радовиш – Штип во месноста Шести километар, а друг се бори за живот. Полицијата ја потврдува несреќата, но детали најавува за подоцна. Единствено е познато дека жртвата е совозач во возило марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, кое се забило во дрво покрај патот. Во штипската болница е донесен возачот...

Собрани парите за погреб на момчето што во саботата загина кај Католичка црква во Скопје

Собрани се средствата потребни за погребот на момчето што во саботата го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Католичка црква во Скопје. По несреќата, пријателите на починатиот испратија апел за донација затоа што родителите на момчето не биле во можност да го платат погребот. Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавија дека не се потребни повеќе пари затоа што неопходните средства се собрани. Погребот на Иван...

Дваесетгодишен возач прегази тинејџер

Патничко возило „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, вчера попладне удрило во 16-годишниот скопјанец И.Б. на раскрсницата од булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов и улицата 9 Мај во Скопје. Со возило на итна медицинска помош, пешакот И.Б. бил пренесен во Ургентниот ценар - Скопје, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите И.Б. бил пренесен на...

(ВИДЕО) Пакистан: 58 загинати при судир меѓу автобус и камион

Педесет и осум лица загинаа, од кои 18 деца, при судир на автобус и на камион на автопат на југот во Пакистан, соопшти локалната полиција. Како што соопшти портпаролот на полицијата, Гулам Џокио, причина за сообраќајката била густата магла. Автобусот со 70 патници се движел од долината Сват кон Карачи, кога се судрил со камионот, по што експлодирал резервоарот. Автобусот целосно изгорел. Во несреќата...

Девојка прегазена во Прилеп

Синоќа пред полноќ, автомобил со прилепски регистарски таблици удрил пешак во центарот на Прилеп кај местото познато како Реклами. Во несреќата тешко е повредена млада девојка, која веднаш е пренесена во градската болница во Прилеп.  

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...