Загина момче во сообраќајка кај Зајас

Во тешка сообраќајна несреќа која утринава, околу 3.30 часот, се случила на патот Гостивар – Симница, загина 25-годишно момче од кичевско Зајас.

Несреќата се случила кога Н.А., управувајќи со „шевролет блејзер“, без таблички, изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и се превртело на покрив. Момчето починало на местото на настанот, по тешките повреди што ги добило откако го нагмечиле дрвата што ги превезувало во џипот.