fbpx
Таг: сонце

таг: сонце

Сончево време со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, а највисоката температура на воздухот ќе достигне 15 Целзиусови степени. Утринава речиси насекаде во земјава преовладува сончево и студено време, а само во Гевгелиско утринската температура е позитивна. Најстудено било во Берово, каде...

Времето денеска свежо со засилен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и посвежо, со мала локална облачност и со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време со температура до 13 Целзиусови степени. До среда времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а до вторник и со умерен до засилен...

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, a во крајните западни делови од земјава можен е краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено и силен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјата. Утринската температура ќе се движи од 4 до...

Времето денеска суво и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, преку денот ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 31 степен. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5...

Времето денеска сончево со температура до 30 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло, со слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до 10 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 27 степени.  

Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 27 степени. Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи...

Сончева и топла недела

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, во планинските подрачја со мала до умерена облачност, a ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 11 Целзиусови степени, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје и во околината се очекува сончево време со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе...

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, претежно сончево, со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура...

Времето денеска облачно без дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринската температура се движи од 7 до 16 Целзиусови степени, додека максималната дневна ќе достигне до 25 Целзиусови степени. Утре нè очекува умерено облачно време со сончеви периоди и со температура од 12 до 23 Целзиусови степени. В четврток исто така ќе биде...

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне на места се очекува нестабилно време со пороен дожд и со грмежи. Температурата ќе се движи од 22 до 33 Целзиусови степени. Во вечерните и во ноќните часови повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а УВ-индексот ќе биде...

Времето денеска сончево со услови за локален дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува зголемување на облачноста и појава на локален дожд претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје...

Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ-индкесот ќе изнесува 8. Температурата ќе се движи од 21 до 31 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

Времето денеска сончево и посвежо

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7. Температурата ќе се движи од 18 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

Времето денеска топло, УВ-индексот 8

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 27 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје слично време со температура до 36 Целзиусови степени. Во понеделник и вторник ќе...

Денеска многу топол ден

Денескa времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со температури и до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб, претежно северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер и дневна температура до 36 Целзиусови степени. За време на викендот ќе се...

Претпладне сончево, попладне со дожд

Времето ќе биде сончево и многу топло, a попладне во западните делови од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната температура од 32 до 37 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе...

Претпладне сонце, попладне дожд

Денеска претпладне во Македонија времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни. Температурата ќе се движи од 19 до 31 Целзиусов степен. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо и нестабилно со пороен...

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ-индексот  ќе изнесува 8. Температурата ќе се движи од 20 до 30 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен...

Сончево време со локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево, со повремена облачност и со температура до 30 Целзиусови степени. Во помал дел од земјава се очекуваат и врнежи од дожд. Дожд се очекува во околината на Осоговијата и во Малешевско, регионот околу Демирхисарско, како и во централниот регион околу масивот на Јакупица. Во Скопско повторно се очекува претежно сончево претпладне, а попладне облачноста ќе се зголемува. Попладне и приквечер...

Времето денеска сончево и топло

Денеска наутро и претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне облачноста ќе се зголемува на север, а во сите други делови од земјава ќе има долги сончеви периоди. Во текот на попладнето и вечерта можно е да има слаби врнежи од дожд и тоа во северозападниот и во североисточниот регион. Температурата ќе достигне максимални 30 Целзиусови степени.