fbpx
Таг: Словенија

таг: Словенија

Полицајци од Словенија ќе помагаат на македонско-грчката граница

Шест словенечки полициски службеници денеска почнаа со работа на македонско-грчката граница, соопштија од Амбасадата на Словенија. Како што пишува во соопштението, полицајците ќе ги извршуваат своите обврски заедно со македонската гранична полиција на подрачјето, кое го покрива полициската станица за гранични проверки и за граничен надзор Богородица. „По потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на...

Церар: Напролет е можен нов огромен бран мигранти во Европа

Словенечкиот премиер, Миро Церар, денеска во разговор за словенечкото радио изјавил дека напролет е можно кон Европа да тргне нов голем бран од милиони мигранти, кои во моментов се наоѓаат во камповите во Турција. „Не станува збор само за бегалци од подрачјата зафатени со војни, како Сирија, Авганистан и Ирак, туку и од Африка, од каде доаѓаат економски мигранти, а...

Хрватска ѝ врачи протестна нота на Словенија поради поставување жичена ограда

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска ѝ врачи протестна нота на амбасадата на Словенија во Загреб поради, како што тврдат, противправно поставување жичена ограда на уште еден граничен премин и побара отстранување на истата. Оградата, како што пишува хрватската агенција „Хина“, е поставена на преминот Свети Урбан - Ког во пограничното место меѓу хрватската општина Штригово и словенечката општина Ормож. -...

Чавков во Словенија на министерски состанок за мигрантската криза

Денеска, во Брдо кај Крањ, во Република Словенија, се одржа неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија и на Словенија, посветен на актуелната мигрантска криза, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како шеф на делегацијата на македонското МВР, на неформалната средба учествувал заменик-министерот Митко Чавков, кој бил придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска, и помошник-директорот...

Словенија почнува да подигнува ограда на границите

Словенија најави дека ќе почне да подигнува жичана ограда со Хрватска, за да се спречи неконтролираниот прилив на бегалци. Подигнувањето на 180 сантиметри високата ограда требало да почне утринава кај Брежица и  кај подрачјето на Заврча, но тоа сè уште не е почнато. Војската и полицијата ќе ја обезбедуваат оградата и без разлика на тоа што ќе подигне физичка бариера, премиерот Миро...

Словенците на 20 декември ќе гласаат на референдум за истополовите бракови

Пратениците во парламентот во Словенија, денеска, на иницијатива на конзервативните групи кои имаат поддршка од католичката црква, донесоа одлука на 20 декември да се одржи референдум за истополовите бракови. Групата „Децата се во прашање“ успеа да ги собере потребните 40.000 потписи за одржување на референдумот. Оваа група се противи на законот усвоен претходно годинава, што бракот го дефинира како заедница...

Словенија најавува затворање на границата со Хрватска

Словенија ќе ги зајакне мерките на границата доколку планот на Европската унија не успее да го запре напливот на мигранти преку Балканот, соопшти шефот на словенечката дипломатија, Карл Ерјавец. Словенечкиот министер најави и затворање на граничните премини со Хрватска, доколку нивниот јужен сосед продолжи да пропушта голем број мигранти кон границата. Според податоците на словенечкото МВР, од 16 октомври околу 84.000...

Словенија побара полициско засилување од ЕУ

Словенија побара дополнителни полициски сили од земјите-членки на ЕУ, кои би можеле да помогнат околу приливот на бегалците што доаѓаат од Хрватска, изјави словенечката министерка за внатрешни работи, Весна Гјоркос Жнидар. Гјоркос Жнидар го посетила граничниот премин Добовец и притоа изјавила дека словенечката полиција вложува големи напори за со Австрија да се договори за поголемиот транзит на бегалците од Словенија во...

Илјадници бегалци пешачат од Словенија кон Грац

Илјадници бегалци неконтролирано влегоа од границата на Словенија во Австрија. Новодојдените бегалци се споија со тие што веќе беа на територијата на Австрија, формираа колона од повеќе од 5.000 луѓе и почнаа пеш да се движат кон Грац. Властите велат дека полицијата цел ден се обидувала да воведе некаков ред на границата, но нивните обиди биле безуспешни. - Постои голем ризик за бегалците,...

Словенија побара финансиска помош и полициски сили од ЕУ

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, денеска, по средбата со челниците на Европската унија во Брисел, изјави дека побарал финансиска помош, како и членките на ЕУ да испратат свои полицајци на припомош на словенечката полиција за властите во Љубљана да се изборат со огромниот наплив на бегалци. - Ако таквата „итна и делотворна“ помош не ѝ биде дадена на Словенија за да може...

Словенечкиот парламент денеска одлучува за распоредување војска на границите

Словенечкиот парламент денеска треба да гласа за законските измени за распоредување сили на армијата на границите заради справување со бегалскиот бран, јавува „Би-Би-Си“. Се очекува парламентот денеска попладне да ги одобри измените за ангажирање на армијата, за што е потребно дво-третинско мнозинство. Измените ќе бидат на сила три месеци. Како што пренесува словенечката државна телевизија, владејачката коалиција најавила дека ќе ги...

Бегалците заглавени на границите поради дневните квоти на Австрија и на Словенија

Одлуката на Австрија и на Словенија дневно да примаат ограничен број бегалци, предизвика метеж и напнатост на хрватско-српската граница, каде илјадници мигранти со часови чекаат да го продолжат патот кон западноевропските земји, јавуваат светските агенции. Во Србија во моментот се наоѓаат повеќе од 10.000 бегалци, кои поради ограничувањата не можат да го продолжат патот кон запад, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на...

Словенија го откажа прифаќањето на уште 300 мигранти

Словенија го откажа прифаќањето на 300 мигранти за кои вчера попладне било предвидено да влезат од Хрватска преку граничниот премин Брегана-Обрежје, и со тоа го заврши приемот на мигранти, објави словенечката полиција. Во текот на вчерашниот ден, во Словенија влегле вкупно 2.100 мигранти, а во моментов повеќе од 2.300 чекаат да заминат во Австрија во прифатните центри Шентиљ и Горен Радгон,...

Словенија дневно ќе прима по 2.500 бегалци, Хрватска бара двојно повеќе

Словенија ќе дозволи во земјата дневно да влегуваат само 2.500 мигранти, што е двојно помалку од бројот што го бара Хрватска, јавуваат медиумите. Словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, денеска изјави дека Словенија не може да го прифати барањето на Хрватска за прием на 5.000 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 лица, пренесува „Би-Би-Си“. Голем број мигранти,...

Повеќе од 4.000 бегалци влегле во Словенија откако Унгарија ја затвори границата

Илјадници мигранти, во изминатото деноноќие, влегле во Словенија, откако ноќта меѓу петокот и саботата унгарските власти ја затворија границата со Хрватска и го запреа протекот на бегалци на нивна територија. Како што соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во Словенија од Хрватска влегле околу 4.000 мигранти. Најголем дел од нив имаат намера да го продолжат својот пат кон...

Словенечката војска ќе ѝ помага на полицијата околу приемот на бегалците

Словенечката војска ќе биде вклучена и ќе помага во организирањето на бегалците кои од Хрватска влегуваат во земјата, откако Унгарија ноќеска на полноќ со бодликава жица ја затвори зелената граница со Хрватска и го запре протекот на мигранти на нејзина територија, соопшти денеска словенечкиот премиер Миро Церар. „Владата донесе одлука да ја вклучи војската, која ќе ѝ помага на полицијата“,...

Унгарија ја затвори границата со Хрватска, Загреб подготвил „план Ц“

Ноќеската, четириесетина минути по полноќ, унгарските власти ја затворија „зелената“ граница со Хрватска, поставувајќи бодликава жица, за да ги спречат мигрантите да влезат на нејзина територија. Како што пренесува хрватската државна телевизија ХРТ, унгарската полиција по полноќ објавила дека границата ја затвора само за мигрантите без соодветни документи, додека редовниот сообраќај преку легалните гранични премини ќе се одвива непречено. Во меѓувреме, поради...

Унгарија на полноќ ја затвора границата со Хрватска

Унгарија на полноќ ќе ја затвори границата со Хрватска поради големиот прилив на бегалци. Бегалската криза беше тема на Советот за национална безбедност, кој денеска го свика унгарскиот премиер Виктор Орбан. Унгарскиот премиер во четвртокот, на самитот на ЕУ, рече дека не станува збор за затворање на границата, туку за спроведување на Шенгенскиот договор. На најавата дека Унгарија ќе ја затвори границата...

Унгарија нема да постави бодликава жица на границата со Словенија

Бодликавата жица од делот на границата со Словенија денеска ја отстрани унгарското Министерство за внатрешни работи. Министерството посочи дека топовите со бодликава жица биле поставени претходно вчера, единствено и исклучиво експериментално, но подоцна биле отстранети. За разлика од Србија и од Хрватска, каде Унгарија постави четириметарска ограда за да го спречи влегувањето на нелегалните мигранти, Словенија е членка на Шенген-зоната. Портпаролот на...

Церар: Споровите околу бегалската рута би можеле да ги влошат односите во регионот

Споровите на државите од рутата низ која минуваат бегалците може да ја заострат ситуацијата на Западен Балкан и во поширокиот регион, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар, по завршувањето на вонредниот самит на ЕУ. - Балканот не е доволно стабилен за да ја издржи таквата ситуација. Затоа е многу важно особено внимание да се посвети на Балканот и на поширокиот регион,...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...