fbpx
Таг: Слобода Превоз

таг: Слобода Превоз

Приватните превозници си ги бараат парите од ЈСП и се закануваат со нови протести

Приватните автобуски превозници денеска се собраа пред седиштето на ЈСП-Скопје во скопската населба Автокоманда за да остварат средба со директорот на ЈСП, Александар Стојковски. Тие денеска не успеаја да се сретнат со него, по што најавија дека ќе достават барање за средба со градоначалничката Данела Арсовска. Возачите од пред седиштето на ЈСП побараа исплата на долгот во висина од...

Приватните превозници утре со протест пред ЈСП ќе си ги бараат парите

Приватните автобуски превозници кои до неодамна ги одржуваа градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз за утре од 9 часот најавија одржување на протест пред седиштето на ЈСП-Скопје во Автокоманда. Тие очекуваат средба со директорот на ЈСП, а нивното барање е да им се исплати долгот којшто ЈСП-Скопје го има кон приватните превозници. „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ кон крајот на минатата...

По барањето на премиерот, приватните превозници ги тргнаа блокадите од пред Град Скопје

Откако премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека нема намера да ги прими приватните превозници на средба додека траат блокадите, возачите од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ попладнево ги тргнаа автобусите што беа паркирани на булеварот „Илинден“ пред Град Скопје. Приватните превозници денеска изјавија дека ќе ги тргнат блокадите за да се оствари средбата со премиерот Ковачевски, која што ја побараа од...

Приватните превозници со блокади пред Град Скопје, сообраќајниот метеж се префрли во Карпош

Сообраќајниот метеж во Скопје, утрово се префрли на територијата на Општина Карпош, поради протестот на приватните превозници пред бараките на Град Скопје. Булеварот „Илинден“ остана и денеска блокиран на потегот од кај Зоолошката градина до раскрсницата кај фонтаната во Градски парк. Утрово колони возила се појавија на улицата „Франклин Рузвелт“, на булеварот „Илинден“ и на улиците низ Дебар Маало. Приватните...

Град Скопје бара нови приватни превозници што ќе возат на линиите „20“ и „22“

Градот Скопје денеска го објави огласот за доделување пакет линии и за давање на дозволи за линиски превоз на патници на територијата на главниот град. Градските власти бараат приватни превозници за линиите „20“ и „22“, при што пакетот на линии ќе им се додели на оние превозници што ќе обезбедат минимум 20 автобуси и 44 возачи за одржување на...

По четири дена измачување, се ослободуваат две од трите блокирани крстосници во Скопје

Приватните превозници утрово почнаа да ги отстрануваат автобусите кои во понеделникот, на 05 декември, ги паркираа на три крстосници во главниот град. Со тоа сообраќајот во главниот град повторно почна да се одвива, колку-толку, по нормално. Превозниците најавија дека од денеска ќе го блокираат булеварот „Илинден“ и тоа четирите ленти во двата правци почнувајќи од бараките на Град Скопје до...

Трет ден граѓаните го обиколуваат пола Скопје за да стасаат на работа

Трет ден автобуси на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се паркирани на крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвен крст како и на улицата „Илинденска“ кај бараките кај Град Скопје. Сообраќајот се одвива отежнато, а возачите се принудени да менуваат траси на движење за да можат да стасаат на работните места и во училиште. Како што најавија организаторите...

Приватните превозници на протест, сообраќајот во главниот град речиси оневозможен

Работната недела во главниот град започна и завршува со сообраќаен хаос. Превозниците од приватните „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје, овој пат на булеварот „Илинден“, што создаде колони од возила на повеќе улици. Приватните превозници од 6 часот наутро ги блокираа двете крајни десни сообраќајни ленти во двете насоки на движење, на потегот од крстосницата...

Приватниците до петок ќе чекаат исплата на долгот од ЈСП, во спротивно цело Скопје под блокада

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје доведе до тоа приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ да им остават дополнителен рок од два дена на ЈСП-Скопје и градските власти за да го исплатат наводниот долг што го имаат кон нив. Доколку од денеска до четврток не се постигне договор за исплата со Град Скопје и ЈСП, тогаш...

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот,...

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе блокираат дел од Скопје

Приватните автобуски превозници најавија дека утре ќе го блокираат сообраќајот со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица на крстосницата кај „Мавровка“, на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Протестот и блокадата, како што најавуваат од автобускиот превозник „Слобода превоз“, ќе траат до исполнување на барањата кои превозниците ги имаат до Градот Скопје. Посочуваат дека доколку не...

Град Скопје со повик ќе избира приватни автобуски превозници

На ден пред најавените блокади од приватните превозници на улиците, скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска информираше дека Градот Скопје ќе објави нов јавен повик на којшто ќе може да се пријават сите заинтересирани возачи кои и досега возеле на градско-приградските линии. Арсовска најави дека ЈСП-Скопје во иднина ќе им префрла директно средства за извозените километри на линиите, со што...

Приватниците не возат, денеска беа на протест пред Град Скопје, најавуваат и блокади

Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава гужви, додека некои од...

Приватните автобуски превозници најавија блокада на скопските улици и тужби

Приватните автобуски превозници, кои вчера повторно беа критикувани од скопската градоначалничка Данела Арсовска, денеска повторно побараа средба со неа за да ѝ ги презентираат нивните аргументи. Порачаа дека ако не дојде до разбирање, ќе преземат поригорозни чекори, како блокирање на скопските улици. Директорот на „Слобода превоз“ – Ленин Јовановски порача дека околу милион евра, колку што им се должи за...

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, приватните превозници се закануваат со протести

По денешната средба меѓу „Слобода превоз“ и Градот Скопје, не е постигнат договор за исплата на долгот на градските власти кон приватните превозници. Околу 1 милион евра должи ЈСП-Скопје кон приватните превозници, што доведе до тоа „Слобода превоз“ утрово да прекине со сообраќај на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. ЈСП Скопје денеска остана единствен превозник на овие...

„Слобода превоз“ денеска не вози низ Скопје, ЈСП со автобуси ги заменува на пет линии

Скопјани утрово повторно имаа проблеми со јавниот превоз поради тоа што на линиите што ги одржува „Слобода превоз“ не возат нивните автобуси. Приватните превозници од „Слобода превоз“ не возат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси. Претставници на „Слобода превоз“ денеска се на разговор за решавање на...

Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид кризата, информираат од владината...

Субвенциите за еколошки мотори на автобусите и годинава останаа неискористени од приватниците

Приватните автобуски превозници од скопскиот јавен превоз и годинава не пројавија интерес за искористување на субвенциите на Град Скопје за адаптирање на моторите на автобусите на еколошки горива. Минатата година останаа неискористени средства во висина од 20 милиони денари, а идентичниот износ ќе остане неискористен и во 2019 година поради непостоење на интерес од приватните превозници. - Градот Скопје на...

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП - Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“. Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат дека сегашното право за вршење...

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП - Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП - Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и технички карактеристики на возилата,...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...