fbpx

Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19

-

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид кризата, информираат од владината прес-служба.

Од овие средства, финансиска помош во висина од 110 милиони денари ќе добијат Железници на РСМ-Транспорт, додека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства во износ од 180 милиони денари. Во делот на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, АД Водостопанство ќе добие поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на две плати на 598 вработени, како и средства за 260 вработени во АД Градски трговски центар-Скопје.

Откако на една од претходните седници додели финансиска помош за ЈСП-Скопје, владата на вчерашната седница одлучи да им помогне и на приватните превозници во скопскиот јавен превоз. Превозниците претставени преку Макекспрес превоз и Слобода превоз од Скопје ќе добијат средства за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен за два месеца.

Со најновиот КОВИД пакет се опфатени естрадните уметници, на кои ќе им се префрлат 2 бруто минимални плати од 21.776 денари. 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија ќе добијат грантови од по 2.000 евра по здружение, додека приватните детски градинки ќе добијат субвенции од по 1.500 денари по згрижено дете за период од 6 месеци.

Финансиска помош од по 90.000 денари ќе им се префрли на 12 дизајнерски ателјеа за организирање свадби, а средства ќе добијат и ноќните клубови. Грантови за исплата на две минимални бруто плати од државниот буџет им се овозможени и на едукативните центри за деца, игротеките и центрите за странски јазици. Субвенции за плати ќе се исплатат и на 48 младински организации и организации за млади.

На вчерашната владина седница помина и скалестата исплата на финансиска помош на самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, во висина од 14.500, 18.000 или 21.500 денари, во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура.

Конечно, финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови ќе добијат 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...