fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

Асад: Воздушните напади на САД не се ефикасни

Сирискиот претседател Башар ал-Асад смета дека воздушните напади на САД врз џихадистите на Исламска држава ниту се сериозни, ниту се ефикасни и оти не постигнале никакви мерливи резултати. Асад, исто така, ја обвини Турција дека продолжува директно да ги помага екстремистите. Тој, во интервјуто за магазинот „Пари мач“, истакна дека тероризмот не може да се сопре со воздушни напади. - Од...

Откриени четворица илегални мигранти

Полициски службеници, вчера, при контрола на локалниот пат меѓу кумановските села Слупчане и Ваксинце, во автомобил со тетовски регистарски ознаки, откриле четворица сиријски државјани, кои нелегално престојувале во земјава. Како што информираат од полицијата, мигрантите, кои биле на возраст од 24 до 38 години, ги превезувал И.У. (55). По расчистувањето на случајот, против возачот ќе биде поднесена пријава, а мигрантите ќе...

Војната во Сирија однела повеќе од 200.000 животи

Повеќе од 200.000 лица досега загинале во граѓанската војна во Сирија, соопшти Сирискиот центар за човекови права со седиште во Лондон. Според податоците на центарот, кои се темелат на информации од активисти во Сирија, повеќе од 63.000 од загинатите се цивили, од кои 10.377 се деца. Организацијата, исто така, наведе дека во конфликтот се убиени 76.000 владини војници и сојузници, како и 60.000...

Сириската опозиција сака преговори со Асад

Истакнат припадник на сириската опозиција повика на директни преговори со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во обид да се стави крај на повеќегодишната војна. Поранешниот прв човек на опозициската Национална коалиција, Ахмад ал Катиб, изјави дека би можел да го види Асад како останува на власт во Сирија, но само уште ограничен период. Ваквата изјава се коси со...

Путин пристигна во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

Уште еден Косовец загина во Сирија

Уште еден Албанец од Косово е убиен на боиштата во Сирија. Косовецот Бурим Демоли од Коловица, кај Приштина, бил припадник на џихадистите на Исламската држава, а во Сирија заминал со сопругата и со четирите деца. За нив засега нема никакви информации. Според неофицијалните информации, досега во Сирија и во Ирак се убиени околу 60 Албанци од Балканот, најмногу од Косово. Од...

Ердоган: САД вршат безобѕирен притисок врз Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД се безобѕирни во притисокот над Анкара да помогне во одбраната на сирискиот град Кобане. Вашингтон врши притисок врз Анкара за користење на воената база Инџирлик во регионот Адана, во Јужна Турција, за американските авиони во воздухопловните напади на екстремистите на Исламска држава. - Сакам да знаете дека сум против безобразлукот, безобѕирноста и бескрајните...

(ВИДЕО) Сирија: 95 убиени во упориштето на ИСИС

Најмалку 95 лица се убиени, а 120 се ранети при вчерашните воздушните напади на сириските воени сили на северниот град Рака, упориште на џихадистите од Исламска држава. Бројот на загинатите се очекува да се зголемува бидејќи повеќето ранети се во критична состојба, соопшти Сирискиот набљудувачки центар за човекови права со седиште во Лондон. Владините воени авиони спровеле 10 воздушни напади во Рака,...

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија

Мигрант од Сирија го загубил животот на железничката пруга, во близина на надвозникот кај Демир Капија, соопшти полицијата. Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото и било констатирано дека станува збор за државјанин на Срија на возраст од 25 години. За еден месец, ова е шеста несреќа во која гинат мигранти на железничките пруги во земјата. Во несреќите животите...

Во Мосул убиен еден од водачите на ИСИС

Еден од водачите на ИСИС е убиен во вчерашните воздушните напади врз ирачкиот град Мосул, соопштиле локални извори, пренесува хрватски „Индекс“. Станува збор за Радван Талеб ал-Хамдоуни, водач на радикалната милитантна група во Мосул. Според информациите, тој бил убиен заедно со својот возач, кога во воздушните напади во западниот дел од градот, бил погоден автомобилот во кој се превезувал. Хамдоуни беше гувернер...

Џон Ален: Ќе ги победиме џихадистите во Кобане

Џихадистите на Исламска држава самите се доведоа во позиција да бидат лесна мета, доведувајќи ги своите борци во сирискиот град Кобане, соопшти пензиониранит американски генерал Џон Ален. - На тој начин меѓународната коалиција можеше да ги бомбардира - додаде Ален. Ален, кој е координатор на коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистите во Сирија и во Ирак, вели дека според...

Албанија: Уапсени осум лица за шверц на оружјe за Сирија

Албанската полиција уапси осуммина лица кои се обидела да прошверцуваат оружја за Сирија. Како што соопшти полицијата, Групата албански државјани е уапсена во Тирана и во градовите Шијак и Драч. При апсењето, кај лицата се пронајдени седум автоматски пушки, две сачмарки, шест пиштоли, пет бомби и муниција. Полицијата соопшти дека трага по уште четворица осомничени, кои се во бегство,...

ОН: ИСИС врши масовни воени злосторства

Џихадистите на Исламска држава се одговорни за злосторства од масовни размери во Сирија, каде вршат терор, обезглавуваат, каменуваат и стрелаат цивили и војници, стои во извештајот на истражителите на Обединетите нации. Извештајот на ОН се темели на разговори со повеќе од 300 мажи, жени и деца кои побегнале или сè уште живеат во упориштата на ИСИС во североисточна Сирија, вклучувајќи го...

САД: Чак Хејгел најави засилување на нападите врз ИСИС

Секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел, денеска најави интензивирање на воздушните напади против ИСИС во Ирак. Хејгел, образложувајќи ја стратегијата на САД во Конгресот, изјави дека ирачките сили се сè поефикасни и дека коалицијата што ја предводат САД, ќе го засили темпото и интензитетот на воздушната кампања против исламските екстремисти. Тој оцени дека борбата против ИСИС во Ирак и во Сирија...

Албанец загина во Сирија

Албанец од редовите на ИСИС загина во Сирија, јавуваат балканските медиуми. Станува збор за албанскиот државјанин Шкелзен Думани од Пешкопеја, кој повеќе од една година се борел во Сирија на страна на екстремистите. Информациите за неговиот идентитет и за загинувањето ги потврдија и неговите роднини. Како што јавува албанскиот весник „Газета тема“, 39-годишниот Шкелзен Думани го финансирал и организирал заминувањето на...

Сирија: Убиени 800 екстремисти

Повеќе од 800 екстремисти и околу 50 цивили загинаа од средината на септември во воздушните напади на коалицијата предводена од САД врз позициите на ИСИС и другите екстремисти, соопшти опозициската Сириска опсервација за човекови права. Како што прецизираше организацијата, чие седиште е во Лондон, меѓу убиените 746 биле припадници на ИСИС, а 68 членови на сирискиот разгранок на терористичката мрежа Ал...

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген. - Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС, која во поглед на кршењето на хуманитарните и на човековите права е полоша од Асад,...

Ранет е лидерот на ИСИС

Лидерот на Исламистичка држава Абу Бакр ел-Багдади наводно е ранет во воздушниот напад во провинцијата Анбар, но засега не се знае колку сериозни се повредите, велат ирачките служби. Двајца ирачки претставници и ирачката државна телевизија објавија дека во еден од воздушните напади е ранет лидерот на екстремистичката Исламска држава, Абу Бакр ел-Багдади, додека претставниците на Пентагон велат дека немаат информации...

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок. - Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби го погодиле градот Ал-Ќаим, на границата со Сирија. Во нападот има и многу убиени и...

Исламската држава употребува хемиско оружје

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, обвини дека Исламската држава употребува хемиско оружје во борбата за Кобане. – ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција - рече Џафари. Џафари го повика генералниот секретар на ОН да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при...