fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

Сирија: За пет месеци се убиени 1.600 џихадисти

Повеќе од 1.600 лица загинаа во петмесечните напади што ги изведе коалицијата предводена од САД против милитантите на Исламска држава во Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права. Во извештајот се наведува дека покрај припадниците на ИД и на сирискиот разгранок на Ал Каеда, Фронт ал-носра, загинале и 62 цивили.

Дамаск: Упадот на турските сили во Сирија e чин на безочна агресија

Упадот на Турција на сириска територија претставува чин на безочна агресија, соопштила денеска сириската влада во реакцијата за синоќешната воена акција на турската армија за евакуација на гробницата на Сулејман-шах, додавајќи дека ќе ја смета Анкара за одговорна за последиците, пренесува агенцијата САНА. „Турција не само што дава секаква поддршка на своите марионети од Исламска држава, Фронтот Ал-Нусра и од другите...

Турција ги извлекла своите војници кои го чуваа гробот на Силејман-шах во Сирија

Турската армија синоќа во Сирија извела голема воена акција и без борба ги извлекла четириесетината турски војници кои го чуваа гробот на Сулејман-шах, на подрачјето кое го контролира терористичката организација Исламска држава (ИД). Одлуката за воената акција била донесена поради заострената состојба околу турската енклава од неколку стотини квадрантни метри, каде почиваат посмртните останки на Сулејман-шах, дедото на Осман Први,...

САД ќе ги оспособува сириските бунтовници за борби против ИД

САД би можеле да ги оспособат и да ги опремат сириските бунтовници за од копно да управуваат со воздушните напади на коалицијата против Исламската држава, соопшти Пентагон. Во прво време, обуките ќе се насочат кон основите на вооружените борби и не би вклучувале задачи во кои со авиони ќе се укажува каде се наоѓаат целите, истакна контраадмирал Џон Кирби, портпарол на...

Експлозија во близина на турската граница со Сирија

Неколку лица се повредени при експлозија кај полициски пункт во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, јавуваат турските медиуми. Засега не се познати причините за експлозијата ниту, пак, има официјална потврда од турските власти.

Јапонија: Фоторепортер остана без пасош затоа што сакал да оди во Сирија

Јапонскиот фоторепортер Јуичи Сугимото ја обвини владата дека ја ограничува слободата на медиумите, откако Министерството за надворешни работи му го конфискувало пасошот за да го спречи да патува во Сирија. Сугимото, кој работи како независен фотограф, вели дека поднел жалба и е подготвен да покрене правна постапка доколку не го добие назад својот пасош. - Тоа што останав без пасош за мене...

Ракетен напад на Дамаск

Три лица загинаа, а 35 се повредени во ракетниот напад на Дамаск, што е втор жесток напад на бунтовничката група Армија на исламот, изведен за помалку од две недели. Од почетокот на годинава, имаше повеќе напади на Дамаск, а Армија на исламот со 38 ракети на 25 јануари го нападна градот, при што загинаа седум лица. Сириската државна телевизија соопшти дека...

Бомбардирани позициите на ИД во Сирија и во Ирак

Меѓународната коалиција предводена од САД изврши шест воздушни напади на позиции на екстремистичката сунитска организација Исламска држава во Сирија и 12 во Ирак, соопштија американските власти. Како што јавуваат светските медиуми, пет од нападите се извршени во Кобане, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Сирија и Турција. Пентагон соопшти дека неделава џихадистите се истерани од 90 отсто од деловите...

Уште еден Албанец од Македонија загинал на боиштата во Сирија

Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, пишува „Утрински весник“ на својата интернет-страница, повикувајќи се на медиуми на албански јазик. Станува збор за Садик Џемаили (25) од гостиварското село Здуње. Тој последен пат ја минал границата на Македонија во септември минатата година, кога се претпоставува дека заминал и им се приклучил на милитантите на Исламска држава. Садик...

„Шпигел“: Асад гради таен нуклеарен комплекс

Германскиот неделник „Шпигел“ тврди дека сириските власти во тајност градат подземен комплекс во кој би можеле да произведуваат атомско оружје. Весникот, повикувајќи се на „ексклузивни документи, сателитски снимки и на прислушувани разговори од страна на тајните служби“, пишува дека објектот, чие тајно име е „Замзан“, се наоѓа во планински реон во западниот дел на Сирија, кој е тешко достапен. „Шпигел“ наведува...

Избран лидер на сириската опозиција

Халед Хоџа е избран за нов претседател на сириската опозиција, соопшти телевизијата „Ал Арабија“. Хоџа со 56 гласа „за“ го победи победи фаворитот, генералниот секретар Насер ал Харири, кој освои 50 гласа на затворената седница на коалицијата, која се одржа во Истанбул. Новиот лидер ќе раководи со сириската опозиција од нејзиното седиште во Турција.

Сирија: 40 цивили се убиени при напад на позиции на ИД

Најмалку 40 цивили загинаа при напади на сириските воздухопловни сили на позиции на припадниците на Исламска држава во градовите Ал Баб и Кбасин во провинцијата Алепо, соопшти Сириската организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон. Како што јавува организацијата, која собира податоци од активисти и од жители од Сирија, десетици се повредени, од кои повеќето се во...

Курдските сили убија околу 60 џихадисти на ИД

Околу 60 екстремисти на Исламска држава биле убиени денеска во судир со курдските сили на северот на Сирија, соопштила сириската Опсерваторија за човекови права, пренесуваат медиумите. Во судирот кој избувна во градот Касијаб во провинцијата Касака, на североистокот на Сирија, курдските сили успеале, по дводневни борби, да го заземат градот кој беше под контрола на ИД. Како што пренесуваат медиумите, од...

ИД собори јордански авион и го зараби пилотот

Припадниците на Исламска држава урнаа јордански борбен авион, потврдија јорданските власти. Исламистите објавија фотографии од заробениот пилот. Авионот е соборен во близина на градот Рака, упориште на ИД на северот на Сирија. Веднаш по уривањето џихадистите го заробиле пилотот. طيار أردني لم يجد إﻻ مياه الرقة ليستمتع بالسباحة و اﻵن ستداعبه سكين الزرقاوي .. هنيئآ مريئآ pic.twitter.com/dht5BiTUhK — السلطان سنجر ✒ (@Alsultansinjer2)...

Сирија: Повеќе од 1.000 џихадисти убиени од почетокот на нападите врз ИД

Повеќе од 1.100 џихадисти се убиени во Сирија од почетокот на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон. Според податоците на организацијата, собрани од активисти и од жители на Сирија, од почетокот на воздухопловната кампања, 1.171 лице загинало, од кои 1.119 биле членови на екстремистичката сунитска организација Исламска држава...

Сирија: 20 загинати во неуспешен напад на воена база

Најмалку 20 џихадисти, припадници на Исламска држава (ИД), како и двајца припадници на сириската армија, загинаа во вториот по ред неуспешен напад во последниот месец на една воздушна база на истокот на Сирија, соопшти Сириската организација за човекови права (СОЧП). Деветнаесетте загинати припадници на ИД се Сиријци, а еден е Мароканец. Џихадистите при повлекувањето со себе однеле и неколку противавионски ракети, соопшти...

Приведени 88 имигранти во Албанија

Алабанската полиција, заедно со припадниците на единицата за брзи интервенции, привела 88 илегални имигранти од Сирија и од Судан во две одделни акции. Во првата акција, во селото Глин, пронајдени биле 41 имигрант, а втората акција, која била спроведена во близина на селото Мулир, на албанско-грчката граница, биле приведени 47 илегалци. Според албанската полиција, имигрантите требало да го продолжат патот...

Во Сирија загина уште еден македонски државјанин

Во Сирија загина уште еден Албанец од Македонија, кој бил припадник на џихадистите на Исламската држава. Е.А. од скопско Инџиково, кој имал 23 години, заминал да војува на сирискиот фронт пред три месеци. Ова е 13. македонски државјанин што загинал на воените полиња во Сирија. Според процените на американската разузнавачка агенција ЦИА, Исламската држава располага со околу 30.000 борци.

ЕК ќе додели 180 милиони евра за сириските бегалци

Европска Унија ќе обезбеди 180 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Сирија, како и за сириските бегалци во Либан и во Јордан, соопшти Европската комисија. Како што се наведува во соопштението на ЕК, 41 милиони евра од вкупната сума се наменети за бегалците во Сирија, 66 милиони евра за бегалите во Јордан, додека 73 милиони евра се за...

ИСИС нападна воздухопловна база на сириската војска

Припадниците на Исламска држава вчеравечер ја нападнаа последната поголема сириска воздухопловна база на истокот на земјата, соопшти сириската Организација за набљудување на човековите права. Борбата за базата кај градот Деир ез Зор, на реката Еуфрат, почна со самоубиствен бомбашки напад на околните позиции на сириската војска, соопшти организацијата со седиште во Лондон. Во судирите загинаа 19 припадници на државните сили и седум...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...