fbpx
Таг: штрајк

таг: штрајк

Затворен и граничниот премин Дојрани до 14 часот

Граничниот премин Дојрани денеска во 12 часот е затворен за сообраќај за сите видови возила, а се очекува да биде отворен во 14 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Сообраќајот е во прекин и на патниот правец Штип - Радовиш поради сообраќајна несреќа. Сообраќајот на државните патишта се...

Сообраќајот Скопје – Велес се одвива по една лента поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Скопје - Велес, кај Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози. Намалена видливост од 50 до 100 метри, поради магла, има на патниот правец Лисец - Попова Шапка. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е...

ССНМ: Одлуката за штрајк на новинарите на МПМ останува за 17 февруари

И покрај делумно исполнетото барање за исплата на декемвриската плата, одлуката за штрајк во организација на Сојузот на синдикати на новинарите на Македонија (ССНМ) во редакциите на „Медиа принт Македонија“ останува, информираат од ССНМ. Оттаму додаваат дека доколку не дојде до преговори и до исполнување на барањата, штрајкот ќе почне како што е планирано, на 17 февруари. - Со оглед на тоа...

Бразилската полиција штрајкува, а бандите беснеат по улиците

Полицијата во 30 градови во Бразил штрајкува и одбива да го спроведува законот и да ги штити граѓаните, а последиците од безвластието се застрашувачки, пишуваат светските медиуми. Како што јавува „Дејли мејл“, за три дена од почетокот на полицискиот штрајк, бројот на убиства се зголемил за неверојатни 650 проценти. Најмалку 52 лица се убиени, а бандите беснеат по улиците, вооружени со мачети и...

ЗНМ со поддршка на одлуката за штрајк на новинарите на „Дневник“, „Утрински“ и на „Вест“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се солидаризира со барањата на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ) веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и за јануари и хонарарите на дописниците. „ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ да стапат во штрајк, ако најдоцна до 15...

ССНМ: Новинарите од „Вест“ се приклучија на штрајкот во МПМ

Новинарите и медиумските работници од редакцијата на дневниот весник „Вест“ донеле одлука да се приклучат на штрајкот што минатата недела го најавија нивните колеги од „Утрински весник“ и од „Дневник“, на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ), соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Новинарите на „Вест“, како што соопшти ССНМ, денеска формирале штрајкувачки одбор и го известиле менаџментот...

Преминот Евзони е сè уште затворен, на Меџитлија и на Дојран се чека по еден час

Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница и денеска, седми ден по ред, е затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. За сообраќај се отворени премините Дојран и Меџитлија, каде поради зголемената фреквенција има задржување од најмалку еден час, соопштија од АМСМ. На другите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од...

Блокиран граничниот премин Евзони поради штрајк на грчките земјоделци

Од 16.30 часот, на самиот граничен премин Евзони се поставени трактори, поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила, преку граничниот премин Богородица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп - Битола - Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Патниот...

Инциденти и судири на Крит помеѓу грчки земјоделци и вработени на пристаништето

Голема група грчки земјоделци се судрија со вработени на пристаништето на Крит, гневни поради еднонеделниот штрајк на вработените во поморските служби. Поради штрајкот, веќе една недела нема ниту еден брод од и кон островите во Грција што создава големи проблеми за снабдувањето на островите, но и за земјоделските производи кои треба да се пренесат кон копно. Групата земјоделци се собра на пристаништето...

Грчките новинари најавија штрајк поради новиот закон за пензии

Грчките новинари денеска ќе стапат во петчасовен штрајк во знак на протест поради новиот закон за пензии, соопшти Здружението на новинари на дневните атински весници. - Штрајковите ги опфаќаат сите новинари што работат во приватни, државни и во јавни медиуми, државни радија и на телевизискиот канал ЕРТ, Атинско-македонска новинска агенција АНА, во генералниот секретаријат за информирање за да се сочуваат правата...

Штрајкот на синдикатите ја парализираа Белгија

Штрајкот на синдикатите во Белгија, организиран поради владините мерки за штедење, создаде хаос во јавниот сообраќај во целата земја, затворени се фабриките, а нарушена е и работата на најголемиот аеродром. Белгискиот аеродром ги посоветува своите клиенти да патуваат само со рачен багаж, затоа што штрајкуваат работниците кои се задолжени за товарот. Белгискиот јавен превоз функционира со 75 отсто капацитет. Денешниот штрајк е...

Македонската и грчката железница бараат начини да ја подобрат соработката

Управите на грчката железница и на солунското пристаниште ги интензивираат напорите да се подобри соработката и транспортот на стоки кон Македонија преку „Македонски железници“, за да се залечат раните од постојаните штрајкови, блокадата на железничката линија и проблемите со персоналот изминатите две години. На оваа тема во Солун вчера разговараа првите луѓе на грчката железница, солунското пристаниште и претседателот на „Македонски железници“,...

Грчките телевизии почнаа 24-часовен штрајк

Информативен мрак владее денеска во Грција по одлуката на телевизиите да прогласат 24-часовен штрајк. Одлуката за штрајк доаѓа од Федерацијата на вработени во радијата и во телевизиите во Грција, во знак на револт против доделувањето на само четири национални концесии за работа на четири грчки телевизиски куќи, оставајќи на цедило четири други постоечки телевизии со околу 1.800 вработени. Државната телевизија...

Во октомври истекува рокот за понудите за приватизација на солунското пристаниште

Грчкиот фонд за приватизација во октомври ги очекува финалните понуди за приватизација на солунското пристаниште. Заинтересираните компании ќе треба да ги поднесат своите понуди на отворениот тендер до почетокот на октомври за преземање на мнозинскиот пакет од 67 отсто од акциите на солунското пристаниште. Во првата фаза од тендерот за приватизација на второто најголемо пристаниште во државата, кое значително го...

Штрајк на британските железничари

Стотина илјади патници кои секојдневно од Лондон патуваат со воз се соочуваат со првиот од вкупно петте најавени дена од штрајкот на железничарите, што е најголем прекин на возниот сообраќај во последните 50 години во Велика Британија. Синдикатот на железничарите бара кондуктерите повеќе да не мора да ги отвораат и затвораат врата на возовите. Најновиот прекин на железничкиот сообраќај на Лондон...

Закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија

Повторно е закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија и Европа. Проблемот овојпат не е кај пристаништето, туку грчката железница. По завршувањето на штрајкот на вработените на железницата, приоритет е даден на потребите на пристаништето Пиреја, ставајќи ги во втор план клиентите на солунското пристаниште. Како што информираат извори од солунското пристаниште за „Мета“, веќе една недела нема возови...

Одложен тридневниот штрајк на грчката железница

Грчките железничари одлучија да го одложат најавениот тридневен штрајк, кој почна денеска. Штрајкот кој требаше да трае до среда на полноќ, ќе се одвива само денеска, а од утре ќе се нормализираат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државата. Одлуката за одложување на штрајкот ја донесоа двата синдикати на вработените во грчката железница по денешната средба со претставници на Фондот...

Нов штрајк на грчките железничари

Грција останува без возови до среда. Револтирани од одлуката за продажба на грчката железница на италијанската железница за 45 милиони евра, вработените одлучија да го продолжат штрајкот во патничкиот и во товарниот сообраќај. Поради штрајкот од денеска па сè до среда на полноќ нема да има ниту еден патнички воз во државата. Товарниот сообраќај исто така ќе биде повторно во...

УПОЗ го стави штрајкот на вработените во судската администрација во мирување

По речиси два месеци на улица, судските работници одлучија да го стават во мирување штрајкот на судовите во земјава. Ваквата одлука е донесена од Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани и Здружението на судска администрација. „Според Законот за судовите, според кој годишните одмори почнуваат од 15 јули и траат до 15 август, за кој период се...

УПОЗ во отворено писмо до Димитриев бара оставка од министерот за правда

Синдикатот на УПОЗ денеска преку отворено писмо до премиерот, Емил Димитриев, укажаа на актуелната ситуација со штрајкот на судската администрација и, како што велат од синдикатот, на незаконските постапки што се преземаат против штрајкувачите. „Со овој допис сакаме да Be информираме дека министерот за правда и Судскиот совет на Република Македонија со своето игнорирање на барањето на штрајкувачите дозволија штрајкот...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...