fbpx

Нов штрајк на грчките железничари

-

Грција останува без возови до среда. Револтирани од одлуката за продажба на грчката железница на италијанската железница за 45 милиони евра, вработените одлучија да го продолжат штрајкот во патничкиот и во товарниот сообраќај.

Поради штрајкот од денеска па сè до среда на полноќ нема да има ниту еден патнички воз во државата. Товарниот сообраќај исто така ќе биде повторно во прекин и нема да функционира сè до четврток на полноќ, создавајќи одново блокада за грчките и за странските компании кои ја користат линијата Солун – Скопје за пренесување товарни контејнери кон Македонија и кон Европа.

Вработените во железницата в четврток ќе одлучат за следните чекори и за потенцијалното продолжување на штрајкот.

Грчкиот Фонд за приватизација минатата недела ја прифати понудата на италијанската железница за купување на грчката во висина од 45 милиони евра. Италија беше единствената која поднесе понуда за купување на грчката железница. Следниот период Фондот треба да распише нов конкурс за продажба на компанијата РОСКО, која работи на одржување на грчката железница, а за која на последниот конкурс немаше ниту една пријавена понуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...