fbpx
Таг: серии

таг: серии

Шорткат: Кои се најголемите природни непогоди во земјава?

Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во изминативе неколку години, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти од природните катастрофи што се случиле во земјата. Повеќе за анализата дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за...

„Следоред“, „Мечката“ и „Кавга“ со најмногу Еми награди

Сериите „Succession“ (Следоред), „Beef“ (Кавга) и „The Bear“ (Мечката) се големите победници на Еми наградите што вчеравечер се одржаа во Лос Анџелес, САД. Сара Снук, Киеран Калкин и Метју Мекфадиен ги добија актерските награди за своите улоги во „Следоред“, додека серијата ја освои и наградата за најдобра драмска серија. Елтон Џон ја освои својата прва Еми наградата, со што го доби...

Нетфликс ги зголеми цените на претплатата

Стриминг платформата Нетфликс од вчера ги зголеми цените на претплатата за повеќето свои пакети во неколку држави, меѓу кои и САД, Велика Британија и Франција. Покачувањето доаѓа по соопштените резултати за заработката на компанијата во третиот квартал од годинава, според кои очекувањата за нови клиенти биле надминати, а акциите на Нетфликс пораснаа за 13 отсто. Речиси 9 милиони претплатници ширум светот...

Актерите во Холивуд стапија во штрајк – тврдат дека студијата бараат нивни ВИ реплики бесплатно и засекогаш

Втор месец траат штрајковите на сценаристите во Холивуд, а од денеска на штрајкот се придружуваат илјадници актери претставени од Здружението на актерите – Американската федерација на телевизиски и радио уметници (SAG-AFTRA). Станува збор за синдикат на 160.000 изведувачи, телевизиски и радио лица, новинари, пејачи, а меѓу нив и некои од најпопуларните лица во забавната индустрија како Том Хенкс и...

Холивудските сценаристи во штрајк, продукцијата на филмови и серии може да прекине

Филмските и телевизиските сценаристи во Холивуд стапуваат во штрајк, запирајќи бројни продукциски проекти и задавајќи ѝ удар на индустријата што последниве години беше погодена од пандемијата и огромните технолошки промени, пишува Њујорк Тајмс. Синдикатите кои ги претставуваат сценаристите преку соопштение информираа дека „едногласно гласале за свикување штрајк“. Штрајкот ќе започне попладнево. Алијансата на филмски и телевизиски продуценти, која преговара во име...

Доаѓа нова серија за „Хари Потер“, ќе се прикажува десет години

Продукцијата „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) соопшти дека работи на серијал за „Хари Потер“ за својата нова стриминг услуга наречена „Макс“. За развојот на серијата се шпекулираше до неодамна, а информацијата сега е и официјално потврдена од продукцијата, пишува „Врџ“. Во соопштението се вели дека тоа ќе биде „децениски-долга серија произведена со истиот епски занает, љубов и грижа по...

„ХБО“ и „Дискавери“ се спојуваат во една стриминг платформа наречена „Макс“

„Ворнер Брос. Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) вчера објави дека ќе ги спои своите стриминг услуги „ХБО Макс“ (HBO Max) и „Дискавери Плус“ (Discovery Plus) во еден канал наречен „Макс“. Новата стриминг платформа ќе ги комбинира сите постоечки програми што во моментов се достапни на „ХБО Макс“ и „Дискавери Плус“, вклучувајќи ги и во моментов најпопуларните содржини таму, како сериите...

Нетфликс ја намалува цената на претплатите во повеќе од 30 земји

Откако Нетфликс ја намали цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија, стриминг платформата соопшти дека ќе ги поевтини цените за претплатниците во повеќе од 30 држави. Би-би-си пишува дека во обид да привлече повеќе претплатници, цените сега се намалуваат и во други делови на Европа, Азија, Латинска Америка, Африка и на Блискиот Исток. Како што растат трошоците...

Нетфликс ја намали претплатата за корисниците во Северна Македонија

Стриминг платфoрмата Нетфликс ја намалува цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија. Поевтинувањето на претплатата е многу редок чекор што го преземаат стриминг платформите, а засега нема најава дека месечните претплати ќе поевтинат и во други делови од Европа или светот. Известување за новите и пониски цени веќе добија претплатниците на Нетфликс што живеат во Хрватска,...

Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да монтираат и создаваат свои...

Јутјуб започна со стриминг услуги

Стриминг услугите доаѓаат и на Јутјуб. Компанијата најави дека ја воведува новата функција наречена „Прајмтајм канали“ (Primetime Channels) која ќе донесе серии, филмови и шоуа од десетици сервиси директно на апликацијата на Јутјуб. Јутјуб потпишал договори со 35 партнери, меѓу кои се и големи имиња како „Парамаунт плус“, „НБА“ и „Епикс“, но и некои помали сервиси. Сите сервиси ќе функционираат...

Од ноември Нетфликс ќе понуди пониска претплата, но со реклами

Стриминг-платформата Нетфликс објави дека во ноември ќе ја лансира својата опција која поддржува реклами во обид да понуди поевтина претплата за да ги задржи корисниците, пренесе „Би-Би-Си“. Новата претплата ќе чини околу 7 долари во САД, а за почеток ќе биде достапна и во 12 други земји, меѓу кои и Велика Британија, Канада, Мексико и Австралија. Нетфликс почна да ги губи...

„Нетфликс“ губи претплатници за првпат по десет години

За првпат по повеќе од една деценија, бројот на претплатници на „Нетфликс“ опадна, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на соопштение на стриминг платформата. „Нетфликс“ загубил 200.000 членови во првите три месеци од годинава, а падот на бројот на претплатници доаѓа откако платформата ги зголеми цените на клучните пазари како САД и Велика Британија и истовремено „Нетфликс“ се повлече од Русија. Во писмо...

Стриминг платформата „Дизни+“ пристигнува и во Македонија

Стриминг платформата „Дизни+“ (Disney+) соопшти дека летово се проширува во уште 42 земји и 11 територии во Европа, Азија и Африка. Помеѓу новите земји каде платформата ќе ги понуди своите услуги е и Македонија. „Дизни“ не ги прецизираше точните датуми кога услугата ќе биде достапна во најавените земји, ниту пак сподели информации за регионалните цени за услугите. „Со ексклузивна оригинална содржина...

Од Титови пионери до топлес-девојки: Како југословенските ТВ-серии за деца го прикажуваа летото?

Темата на летото како период во кој децата откриваат нови работи, растат низ авантури и се развиваат во адолесценти беше често обработувана во југословенската кинематографија и ТВ-продуција. Покрај детски филмови како „Милиони на островот“ (Milioni na otoku, 1954) или условно кажано тинејџерскиот „Лажливо лето '68“ (Варљиво лето ’68, 1984), летните авантури беа тема на низа ТВ-серии, кои потоа неуморно беа...

По 37 години жена освои Златен глобус, а постхумна награда доби Чедвик Боузман

На овогодинешното доделување награди на Златен глобус, наградата за најдобра драма му припадна на филмот „Nomadland“, а триесет и осум годишната режисерка на филмот, Клое Жао беше прогласена за најдобра режисерка. Жао која е родена во Кина, а сега живее во САД е втора жена победничка во оваа категорија во историјата на Златните глобуси, по Барбара Стрејсенд, која оваа...

Нетфликс планира да сними серија според франшизата за игри „Elder Scrolls“

Elder Scrolls
Со нејзиното објавување на стриминг платформата „Нетфликс“ во декември минатата година, серијата „The Witcher“ за брзо време стана хит и постигна огромен успех. Истата беше создадена врз основа на истоимената игра на полското студио „CD Project RED“ и во моментот се очекува втората сезона која треба да биде објавена догодина. Изминатава недела, извори од „Нетфликс“ најавија дека платформата работи на...

Нетфликс нуди бесплатен преглед на серии и филмови

Една од најпопуларните платформи за стриминг на филмови и серии Нетфликс нуди бесплатен преглед на неколку филмови и неколку епизоди на серии. Сите кои што немаат претплата на оваа платформа сега се пречекани со пораката: „Погледнете некои од нашите омилени шоуа и филмови бесплатно.“ Дел од филмовите коишто се понудени се Murder Mystery, популарниот трилер Bird Box и The Two...

Анкета: 47% од младите не прочитале ниту една книга во карантинот, 54% гледаат серии секој ден (инфографик)

Епидемијата на болеста Ковид-19 што ја предизвикува новиот корона вирус до сега во земјава официјално опфати околу 2.000 лица и предизвика над 100 смртни случаи. На светско ниво, од оваа болест до сега заболеа повеќе од 5 милиони луѓе, а починаа над 300.000. Таквата ситуација и мерките кои властите ги преземаа за спречување на понатамошното ширење на болеста им го...

Безвременски серии на Нетфликс кои редно време е да ги гледате во карантин

Има серии кои биле или се популарни, а никогаш не сме се натерале да почнеме да ги гледаме. Карантинот е одлично време да изгледате некоја од овие серии. Во продолжение погледнете листа на серии што можете да ги најдете на Нетфликс а редно време е да ги погледнете. 1. Orange Is The New Black Додека се емитуваше, оваа серија доби десетици...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...