Безвременски серии на Нетфликс кои редно време е да ги гледате во карантин

Има серии кои биле или се популарни, а никогаш не сме се натерале да почнеме да ги гледаме. Карантинот е одлично време да изгледате некоја од овие серии. Во продолжение погледнете листа на серии што можете да ги најдете на Нетфликс а редно време е да ги погледнете.

1. Orange Is The New Black

Додека се емитуваше, оваа серија доби десетици награди и признанија, одлична приказна и одлична глума. Ја следиме приказната на десетина жени во женскиот затвор Личфилд, секоја од нив со своја приказна и своја историја. Приказна за вистинско пријателство родено во необични околности, за љубовта, мајчинството, правдата и не-еднаквоста.

2. Gossip Girl

Површински гледано ова е серија за група разгалени богати тинејџери, но всушност е многу повеќе од тоа. Во оваа серија можеме да научиме нешто повеќе за вистинската природа на луѓето, дали и како се менува човекот, процесот на учење или не учење од грешките, за злобата, алчноста, но и за пријателството, љубовта, патот до успехот. Во целата серија се провлекува мотивот на правење сплетки за да се добие она што се сака по секоја цена и како различни карактери реагираат на тоа. Гледајќи ја серијата и размислувајќи за тоа кој лик ви е омилен, ќе научите нешто и за себе.

3. Stranger Things

Вил исчезнува, по кратко време се појавува Елевен која има супермоќи. Во потрага по исчезнатото дете, наидуваат на чудовиште кое треба да се запре. Одлична серија полна со неизвесност, која дефинитивно треба да се погледне.

Освен што оваа серија е позната по тоа што во неа глуми војвотката Меган Mаркл, одлична серија која ни ја покажува важноста на тимската игра, на пријателството и лојалноста. Ни покажува дека за секоја ситуација има решение, колку и да изгледа безизлезна.

4. Suits

Приказна за адвокатска фирма во која работат неверојатни умови, беспрекорно модерни и софистицирани, а на тимот се приклучува адвокат без факултет што во овие кругови е неприфатливо…

5. Glee

Тинејџерска серија со многу музика и амбициозни ликови. Навидум уште една лимонада серија која лесно се гледа, но во себе содржи многу реални приказни од секојдневниот живот за проблеми со кои сите се соочуваме. Главниот фокус на серијата е група средношколци кои се поразлични од другите и се чувствуваат како да не припаѓаат никаде, а тоа чувство на припадност го наоѓаат во ново-оформениот школски музички клуб. Оваа серија ќе ве натера да се смеете, плачете, да се чувствувате горди на ликовите и ќе ве мотивира и вие да ги следите своите соништа.

А во продолжение неколку бонус серии кои припаѓаат во категоријата „Ако сè уште не си ја гледал/a, остави сè што правиш во моментов и нацртај се пред телевизор“

Friends

The Big Bang Theory