По 37 години жена освои Златен глобус, а постхумна награда доби Чедвик Боузман

Колаж фотографии од филмовите за Златен Глобус 2021 | Фото: Принтскрин од Јутуб

На овогодинешното доделување награди на Златен глобус, наградата за најдобра драма му припадна на филмот „Nomadland“, а триесет и осум годишната режисерка на филмот, Клое Жао беше прогласена за најдобра режисерка. Жао која е родена во Кина, а сега живее во САД е втора жена победничка во оваа категорија во историјата на Златните глобуси, по Барбара Стрејсенд, која оваа награда ја доби во 1984 година.

Постхумна награда пак, му беше доделена на Чедвик Боузман за најдобар актер во драма за својата последна филмска улога во „Ma Rainey’s Black Bottom“. Наградата ја прими неговата сопруга. Во истата категорија, Андра Деј ја добри наградата за најдобра актерка во филмот „The United States vs. Billie Holiday“.

Филмот „Borat 2“ е избран за најдобра комедија/мјузикл, а неговиот автор Саша Барон Коен за најдобар актер во оваа филмска категорија. Во истата категорија, награда најдобра актерка награда освои Розамунд Пајк во филмот „I Care a Lot“.

Од телевизиските наградi, Златен глобус за најдобра кратка серија доби „The Queen’s Gambit“, а главната улога во серијата, Ања Тејлор-Џој ја доби наградата за најдобра актерка во кратка серија. Четири награди освои и серијата „The Crown“, и тоа во категориите најдобра серија ТВ драма, најдобар актер Џош О’Конор, најдобра актерка Ема Корин и најдобра споредна улога, Џилијан Андерсон.

Она што беше карактеристично за овогодинешното издание на Златен глобус е што за првпат се одржаа во виртуелно издание поради пандемијата со ковид-19, а номинираните се вклучуваа преку видео повик од разни страни на светот.

Фановите на социјалните мрежи коментираа и за реакцијата на глумицата Оливија Болман која се израдува за победата на својата колешка Ема Корин, која ја победи во категоријата најдобра актерка во ТВ-серија „The Crown“ каде глумеа и двете актерки.

„Реакцијата на Колман кога Корин ја освојува наградата е најубавото нешто што сте го виделе досега“, „Најдете некој да ве гледа како Оливија Колман се радува за Ема Корин“ беа дел од твитовите.

Награда за најдобар актер во кратка серија или филм за ТВ пак, зема Марк Рaфало за филмот „I Know This Much is True“. А најдобар актер во ТВ-серија, мјузикл или комедија, Џејсон Судекис во „Ted Lasso“. Во оваа категорија, наградата за најдобра актерка и припадна на Кетрин О’ Хара во „Schitt’s Creek“. Златен глобус за најдобра ТВ серија мјузикл или комедија доби „Schitt’s Creek“

Најдобро сценарио освои Арон Соркин за „The Trial of the Chicago 7“. Додека пак, за најдобар анимиран филм е прогласен „Soul“. За најдобра оригинална песна, награда освои „IO SI (Seen)“ – „The Life Ahead“.

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Minari“, американски филм за корејски доселеници во САД.