Од ноември Нетфликс ќе понуди пониска претплата, но со реклами

фото: @dclmister на Unsplash

Стриминг-платформата Нетфликс објави дека во ноември ќе ја лансира својата опција која поддржува реклами во обид да понуди поевтина претплата за да ги задржи корисниците, пренесе „Би-Би-Си“.

Новата претплата ќе чини околу 7 долари во САД, а за почеток ќе биде достапна и во 12 други земји, меѓу кои и Велика Британија, Канада, Мексико и Австралија.

Нетфликс почна да ги губи своите претплатници поради конкурентите, но и зголемените трошоци за живот. Само во првата половина од годинава, над еден милион корисници ја откажале својата претплата.

„Убедени сме дека сега имаме цени и планови за секој фан“, велат од Нетфликс во своето соопштение.

Претплатниците на новата услуга се очекува да гледаат во просек по четири или пет реклами во еден час при гледањето содржини на оваа стриминг платформа. Покрај Нетфликс, и Дизни плус најави дека во декември ќе ја воведе опцијата која поддржува реклами.