fbpx
Таг: резултати

таг: резултати

ДИК: В среда до Собрание ќе ги доставиме уверенијата за избраните пратеници

Државната изборна комисија вечерва одржа прес-конференција на која претседателот Александар Чичаковски ги потврди резултатите од прегласувањето во општина Теарце, кои беа објавени на официјалната страница на комисијата пред неколку часа. За СДСМ гласале 245 лица, за ВМРО-ДПМНЕ - 149, ВМРО за Македонија добила 2 гласа, ДУИ - 1, ДПА - 2, Алијанса за Албанците - 1, а имало и 3...

СДСМ победи во Теарце, мандатите на партиите останаа непроменети

И покрај денешното прегласување на едно избирачко место во општина Теарце, мандатите на политичките партии останаа исти како и по првичните резултати од гласањето на 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеничко место, СДСМ - 49 мандати, ДУИ - 10, движењето Беса - 5, Алијанса на Албанците - 3 и ДПА има 2 мандати. Според официјалните резултати на ДИК, на прегласувањето во Теарце,...

Шилегов: Во Теарце освоивме 170 гласови повеќе од изборите на 11 декември

СДСМ во Теарце освои 170 гласови повеќе отколку на изборите на 11 декември, но гласањето овде беше повеќе симболично, рече портпаролот на СДСМ и носител на кандидатската листа на коалицијата во шестата изборна единица, Петре Шилегов, вечерва во Теарце. - Со гордост можам да кажам дека граѓаните на Теарце гласаа за промени, за живот во Македонија без оглед на притисоците....

Затворено избирачкото место во Теарце, официјални резултати по 21 часот

Гласањето на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ денеска во Теарце заврши мирно и без поголеми проблеми. Неофицијално, на гласање излегле 402 лица, односно две лица помалку отколку на гласањето на 11 декември. Првичните резултати од прегласувањето ДИК ќе ги соопшти вечерва, околу 21.30 часот. Од општинската изборна комисија рекоа дека гласањето се одвивало во демократска атмосфера, а како единствен...

Управниот суд напладне ќе одлучува по тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

Управниот суд за денеска напладне закажа седница на која ќе ја разгледува тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во едно избирачко место во Гостивар по приговорот поднесен од Беса. Советот кој ќе одлучува по оваа тужба ќе го води судијката Есма Алибашиќ-Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани. Денеска...

Тензично пред ДИК, функционери на ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека народот нема трпение

Ностителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, се обрати пред насобраните граѓани пред седиштето на ДИК и ја повика Државната изборна комисија да ја признае победата на ВМРО – ДПМНЕ. – Македонија победи на чесни и достоинствени избори. Македонскиот народ гласаше. Вечерва ДИК има шанса или да ја признае волјата на народот или да се...

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат, нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. Портпаролката на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска, вели дека членството и симпатизерите на партијата се собрале спонтано во исчекување...

Партиите до ДИК доставиле 16 приговори, СДСМ и Беса по осум

До државната изборна комисија поднесени се 16 приговори кои се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, но и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите. - СДСМ и партијата Беса поднесоа по осум приговори. Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ во...

Ванхауте до ДУИ: Не учествувајте во влада каде што сте целосно замолчени

Белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, во своето обраќање по изборите, им честиташе на сите граѓани кои, како што рече, гласале за промена и кои имале храброст да се изборат за вистинска демократија. - Како резултати од овие избори, вашата земја заслужува свеж почеток со нова влада и нови лица....

Ѓорчев ѝ порача на ДИК да не помислува да ја фалсификува волјата на граѓаните

Крајно време е Државната изборна комисија (ДИК) да ги објави конечните резултати од парламентарните избори и крајно време е, по цела ноќ и цел ден, ДИК да ги објави мандатите, изјави попладнево на прес-конференција носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Влатко Ѓорчев. - Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална јасна...

Манчевски: Оригиналите и копиите од записниците од изборите покажуваат различни бројки

„Сè уште ги пребројуваме гласовите, сите опции се отворени. Ќе почекаме до крајот на денот за да можеме финално да кажеме колку мандати имаме освоено“, рече денеска Дамјан Манчевски, шефот на изборниот штаб на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија. - Сведоци сте дека ретко кој се осмелува да каже број на мандати затоа што премногу се мали разликите...

Попоски: Да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима

Успешното спроведување на изборите и огромната излезеност претставуваат аргументи во насока на повторно отворање на ЕУ-перспективите, им соопштил Никола Попоски на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, утринава на работен појадок. - Неопходно да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима, но и за напредок кон преговори за членство во ЕУ. Ова носи одговорност за...

Концентрациона, коалициона, транзициска – се лицитира со термини за новата влада

Неизвесноста што ја покажуваат конечните резултати од предвремените парламентарни избори, упатува на фактот дека формирањето на новата влада ќе оди тешко и комплицирано, а не се исклучува можноста да се формира коалициска влада. Иако ДИК сè уште не излегла со проекција за распределбата на пратеничките мандати по политички партии, резултатите од изборите говорат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се многу блиску и...

Пропаднатите гласови се трета политичка сила во Македонија!

Според преброените 99,72 отсто од гласачките ливчиња, официјалните податоци на Државната изборна комисија велат дека од вкупно 1.189.481 избирачи кои гласале, 37.812 гласачки ливчиња биле неважечки. Бројот на неважечките гласачките ливчиња е поголем од бројот на гласовите што ги добија седум од единаесетте коалиции што учествуваа на изборите. Најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, потоа СДСМ, ДУИ и Беса, а зад нив, според бројот на...

„Мост“: Резултатот е претесен, не можеме да го предвидиме бројот на мандатите

Поради маргината на грешка што програмата ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) ја продуцира, од граѓанската асоцијација „Мост“ соопштија дека не се во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици. „Ја повикуваме јавноста на трпение сè додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. Внимателно ќе ја следиме работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известуваме...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори

Ова е десетта изборна победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани во Македонија гласаа и ги поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  вечерва во партиското седиште. - Им се заблагодарувам на оние граѓани кои ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, која според резултатите од 88,61...

Заев: Го победивме режимот со пенкало, победи животот!

„Режимот падна. Нека разбере целиот свет - Македонија испиша светска историја, падна режим со пенкало, со глас“, им рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓаните пред Владата. - Добровечер Македонијо моја, добровечер победници. Ова денеска што го направи Македонија, ќе се пишува во историја. Почитувани граѓани, во моментов опозицијата предводена од СДСМ заедно со граѓаните има еден мандат повеќе....

ВМРО-ДПМНЕ освоила 229.428 гласови, СДСМ 206.075 од преброени 566.779 гласови

Од пребројани 566.779 гласови, според неофицијалните резултати од веб-страницата на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ освоиле 229.428 гласови (40,48 проценти), а СДСМ 206.075 (36,36 проценти). Од албанските партии, ДУИ освоила 38.985 гласови, Беса - 23.049, а Алијанса за Албанците - 15.261 глас. Станува збор за резултати од 2.053 од вкупно 3.524 избирачки места. Бројките на веб-страницата постојано се менуваат, а официјалните податоци, Државната...

Шилегов: На повидок е голема победа на граѓаните

На повидок е голема победа на граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вечерва во прес-центарот на СДСМ. Според информациите на СДСМ, партијата води во Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Кавадарци и во Дебар. - Победа во Скопје, во Битола, во Струмица, во Кавадарци, во Куманово и во Дебар. Сето ова говори дека е на повидок голема победа на граѓаните. За живот во...

Димитриев очекува политичките партии да ги прифатат резултатите од изборите

„По пребројувањето на гласовите, очекувам политичките партии да ги прифатат резултатите од изборите како волја на граѓаните“, рече премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по гласањето во Пробиштип. - Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден, денот на...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје

Темата ментално здравје стана особено актуелна помеѓу младите по Ковид-пандемијата, кога начинот на кој дотогаш се функционираше и учеше се промени, што пак предизвика нарушување на менталната благосостојба речиси...