fbpx

ДИК: В среда до Собрание ќе ги доставиме уверенијата за избраните пратеници

-

Државната изборна комисија вечерва одржа прес-конференција на која претседателот Александар Чичаковски ги потврди резултатите од прегласувањето во општина Теарце, кои беа објавени на официјалната страница на комисијата пред неколку часа.

За СДСМ гласале 245 лица, за ВМРО-ДПМНЕ – 149, ВМРО за Македонија добила 2 гласа, ДУИ – 1, ДПА – 2, Алијанса за Албанците – 1, а имало и 3 неважечки ливчиња.

– Врз основа на резултатите и од другите избирачки места од шестата изборна единица, ДУИ има освоено 6 мандати, ВМРО-ДПМНЕ – 4 мандати, СДСМ – 3 мандати, Беса – 3 мандати, Алијанса за Албанците – 2 мандати и ДПА – 2 мандати. Конечните резултати ќе бидат објавени откако ќе се заврши постапката по евентуалните приговори од политичките партии – рече Чичаковски.

И покрај прегласувањето, мандатите на политичките партии останаа непроменети. ВМРО-ДПМНЕ има вкупно 51 пратеничко место, СДСМ – 49 мандати, ДУИ – 10, движењето Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2 мандати.

Чичаковски соопшти дека ДИК в среда до Собранието ќе ги достави уверенијата за избраните пратеници, заедно со извештајот за спроведените избори. Доколку до истиот термин бидат готови и конечните резултатите од ИЕ6, ќе ги достават и уверенијата за пратениците избрани во оваа изборна единица.

ДИК оцени дека гласањето денеска поминало мирно и во фер атмосфера и дека до комисијата не пристигнале приговори и забелешки за изборни нерегуларности при гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...