fbpx
Таг: резултати

таг: резултати

ДИК разреши избирачки одбори од Ѓорче Петров и Берово

Во согласност со записниците од општинските изборни комисии и избирачките одбори, Државната изборна комисија информираше (ДИК) дека конечниот вкупен број на гласови на кандидатите за претседател изнесува Блерим Река 79.921 гласови, Гордана Сиљановска-Давкова 319.364 гласови и кандидатот Стево Пендаровски добил 323.892 гласови, информираат од ДИК. На 35. седница на Државната изборна комисија било утврдено дека во согласност со членот 121...

Бизнисмените испорачаа седум приоритети до Владата за годината да биде економска

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)  по одржаните состаноци со претседателството, регионалните комори и ресорните институции, испорача седум приоритети од приватниот сектор за остварување на основните предуслови за да има реална основа 2019 да биде економска година. Едни од барањата се обезбедување на сигурност за приватниот сектор, континуиран пораст на националното стопанство, да не се менуваат законите без активно учество...

Собранието да го спроведе Договорот од Преспа, порачаа Хан и Могерини

Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава го повикаа парламентот да го спроведе Договорот од Преспа за името и да ги усвои уставните измени. Могерини и Хан велат дека ова е историска шанса за земјата да направи решавачки чекор напред на патот кон Европската унија. „На 30...

Белград: Резултатите од референдумот контрадикторни, се зависи од ВМРО-ДПМНЕ

Официјалната реакција на власта во Србија на исходот од референдумот во Македонија се уште нема, но аналитичарите и медиумите оценуваат дека резултатите се контрадикторни затоа што излезноста била мала, додека големо мнозинство од оние кои излегле гласале „за“ и затоа сега се е во рацете на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Во анализите исто така се наведува...

Столтенберг ги повика партиите и лидерите на конструктивност и одговорност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на „Твитер“ напиша дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат. „Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика“, напиша Столтенберг на твитер.

САД: Лидерите да се издигнат над партиските интереси за посветла иднина на земјата

Американскиот Стејт департмент, синоќа преку соопштение ги поздрави резултатите од вчерашниот референдумот во Македонија на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и...

Џафери: Референдумот ќе биде основа за идните процеси во институциите

Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија. Се надевам дека вердиктот на сувереноста ќе придонесе за подобра иднина на сите граѓани и ќе биде основа за идните процеси кои што не очекуваат во следниот период во институциите на системот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција. - Им честитам на сите граѓани за овој значаен ден на кој...

Почна гласањето на референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

Утринава започна гласањето на референдумот на кој, според одлуката донесена од страна на Собранието, прашањето на кое ќе се изјаснат граѓаните гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Гласањето се одвива непречено, освен со неколкуминутно задоцнување на три гласачки места во Прилеп и едно во Чучер Сандево заради...

Андреас Елснер заминува од позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“

Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на „Македонски телеком“, Андреас Елснер, заминува од компанијата од 1 јули 2018 година. „На позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата...

Ципрас е оптимист за спорот со името, но смета дека се потребни дела, а не зборови

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за грчкото радио „Real FM“ вели дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. – Оптимист сум дека можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади. Сѐ додека од другата страна навистина постои желба да се направат чекори, останува да го...

ДИК и официјално ги прогласи локалните избори за завршени

Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашната седница донела заклучок со кој локалните избори 2017 година за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини во Македонија и на Град Скопје и официјално се прогласени за завршени. „Со објавата на конечните резултати за избор на градоначалник на општина Чаир, се завршени Локалните избори 2017 година за избор на членови...

Реформаторите го повикаа Груевски да ги објасни резултатите од изборите

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи прес-конференција во Клуб на новинари, на која го повикаа лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за лично да ги соопшти неговите аргументи за изборните резултатите од денешните локални избори. Темата на прес-конференцијата ќе бидат идни активности на Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ во постизборниот период.

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите поминаа со многу нерегуларности, среќни сме што нема жртви

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие избори поминале со многу нерегуларности за кои од партијата направиле записници што ќе ги достават до меѓународните претставници во земјава. - Среќни сме што немаше жртви и повредени. Регистриравме нерегуларности за кои направивме записници и ќе ги доставиме до меѓународните претставници - изјави кратко на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека граѓаните уште еднаш се увериле во...

Одзивот на референдумот во Курдистан е 78 отсто

Излезноста на гласачите на денешниот референдум во Курдистан е 78 отсто, а конечните резултатите од гласањето се очекуваат во рок од 72 часа, објави курдската телевизија. Околу 5,2 милиони избирачи во Курдистан се изјаснуваа за предлогот тој автономен регион на северот на Ирак, како и други курдистански области, да станат независна држава. „Дали сакате регионот Курдистан и курдистанската област надвор од...

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде да ги расчистиме дилемите на предвремени парламентарни избори

Во врска со анкетата што „Телма“ ја објави во соработка со „М-Проспект“ и со МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги повика СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ, се вели во реакцијата на опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само...

МОН ги објави резултатите од конкурсот за прием во ученичките домови

Министерството за образование и наука синоќа ги објави конечните резултати од првиот приемен рок од конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година. Од МОН соопштија дека електронското пријавување за вториот уписен рок е активно од вчера и ќе биде отворено сè додека има слободни места, за што Министерството континуирано на својата...

На државната матура во јуни, просечната оценка е 3,39

На годинашната државна матура, која ја спроведуваше Државниот испитен центар, од пријавените 16.426 матуранти постигната е просечна оценка од 3,39, соопштија од испитниот центар на денешната презентација на резултатите. Просечната оценка годинава е малку полоша од лани, кога изнесувала 3,42, а во 2015 година оценката била малку послаба од годинашнава, и изнесувала 3,37. Во 2014 година, просечната оценка била значително...

Курц: Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава, демократијата и од ЕУ

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по повод исходот од референдумот во Турција рече дека таа земја јасно се одлучила против Европската Унија. „Иако е гласано тесно во корист на измените на Уставот, тоа значи дека Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава и од демократија. Исходот од гласањето е јасен сигнал против ЕУ“, порача Курц. Тој изјави...

Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење

Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА. Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот на потенцијални избори, Нова демократија...

Мандатари и број на пратеници во независна Македонија – историски и графички преглед

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го доби петтиот по ред мандат за составување влада со парламентарна бројност од 51 пратеник во законодавниот дом. Ова нема да е првпат мандатот за формирање влада да го добие кандидат на партија која на избори освоила најголем број пратенички места, а нема мнозинство од вкупниот број...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје

Темата ментално здравје стана особено актуелна помеѓу младите по Ковид-пандемијата, кога начинот на кој дотогаш се функционираше и учеше се промени, што пак предизвика нарушување на менталната благосостојба речиси...