fbpx
Таг: резултати

таг: резултати

Манчевски: Оригиналите и копиите од записниците од изборите покажуваат различни бројки

„Сè уште ги пребројуваме гласовите, сите опции се отворени. Ќе почекаме до крајот на денот за да можеме финално да кажеме колку мандати имаме освоено“, рече денеска Дамјан Манчевски, шефот на изборниот штаб на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија. - Сведоци сте дека ретко кој се осмелува да каже број на мандати затоа што премногу се мали разликите...

Попоски: Да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима

Успешното спроведување на изборите и огромната излезеност претставуваат аргументи во насока на повторно отворање на ЕУ-перспективите, им соопштил Никола Попоски на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, утринава на работен појадок. - Неопходно да се искористи моментот за внатрешно средување на политичката клима, но и за напредок кон преговори за членство во ЕУ. Ова носи одговорност за...

Концентрациона, коалициона, транзициска – се лицитира со термини за новата влада

Неизвесноста што ја покажуваат конечните резултати од предвремените парламентарни избори, упатува на фактот дека формирањето на новата влада ќе оди тешко и комплицирано, а не се исклучува можноста да се формира коалициска влада. Иако ДИК сè уште не излегла со проекција за распределбата на пратеничките мандати по политички партии, резултатите од изборите говорат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се многу блиску и...

Пропаднатите гласови се трета политичка сила во Македонија!

Според преброените 99,72 отсто од гласачките ливчиња, официјалните податоци на Државната изборна комисија велат дека од вкупно 1.189.481 избирачи кои гласале, 37.812 гласачки ливчиња биле неважечки. Бројот на неважечките гласачките ливчиња е поголем од бројот на гласовите што ги добија седум од единаесетте коалиции што учествуваа на изборите. Најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, потоа СДСМ, ДУИ и Беса, а зад нив, според бројот на...

„Мост“: Резултатот е претесен, не можеме да го предвидиме бројот на мандатите

Поради маргината на грешка што програмата ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) ја продуцира, од граѓанската асоцијација „Мост“ соопштија дека не се во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици. „Ја повикуваме јавноста на трпение сè додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. Внимателно ќе ја следиме работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известуваме...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори

Ова е десетта изборна победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани во Македонија гласаа и ги поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  вечерва во партиското седиште. - Им се заблагодарувам на оние граѓани кои ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, која според резултатите од 88,61...

Заев: Го победивме режимот со пенкало, победи животот!

„Режимот падна. Нека разбере целиот свет - Македонија испиша светска историја, падна режим со пенкало, со глас“, им рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓаните пред Владата. - Добровечер Македонијо моја, добровечер победници. Ова денеска што го направи Македонија, ќе се пишува во историја. Почитувани граѓани, во моментов опозицијата предводена од СДСМ заедно со граѓаните има еден мандат повеќе....

ВМРО-ДПМНЕ освоила 229.428 гласови, СДСМ 206.075 од преброени 566.779 гласови

Од пребројани 566.779 гласови, според неофицијалните резултати од веб-страницата на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ освоиле 229.428 гласови (40,48 проценти), а СДСМ 206.075 (36,36 проценти). Од албанските партии, ДУИ освоила 38.985 гласови, Беса - 23.049, а Алијанса за Албанците - 15.261 глас. Станува збор за резултати од 2.053 од вкупно 3.524 избирачки места. Бројките на веб-страницата постојано се менуваат, а официјалните податоци, Државната...

Шилегов: На повидок е голема победа на граѓаните

На повидок е голема победа на граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вечерва во прес-центарот на СДСМ. Според информациите на СДСМ, партијата води во Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Кавадарци и во Дебар. - Победа во Скопје, во Битола, во Струмица, во Кавадарци, во Куманово и во Дебар. Сето ова говори дека е на повидок голема победа на граѓаните. За живот во...

Димитриев очекува политичките партии да ги прифатат резултатите од изборите

„По пребројувањето на гласовите, очекувам политичките партии да ги прифатат резултатите од изборите како волја на граѓаните“, рече премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по гласањето во Пробиштип. - Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден, денот на...

Иванов: На 11 декември очекувам да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните

„На 11 декември, ве повикувам да излезете и да го остварите вашето право на глас и да ја исполните вашата граѓанска должност. Повикувам да гласате по сопствено убедување и да ја дадете довербата на онаа политичка партија и опција за која верувате дека е најдобриот избор за вас и за Република Македонија“, стои во пораката на претседателот на државата,...

СДСМ најавува целосна ревизија на акцијата „Ден на дрвото“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека ако дојде на власт, по изборите на 11 декември ќе спроведе целосна ревизија на спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“. „Како што предвидовме во нашиот „План за живот во Македонија“, ќе направиме комплетна ревизија на спроведување на акцијата „Ден на дрвото“ од стручен и финансиски аспект. Ќе утврдиме на кои површини се спроведуваше...

„Студентски пленум“ го прогласи референдумот за успешен

По пребројувањето на гласовите, „Студентски пленум“ вечерва го прогласи за успешен првиот референдум на кој студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се изјаснија какво студентско организирање сакаат. На референдумот, како што соопштија од „Студентски пленум“, кој беше организатор, гласале вкупно 2.767 студенти. Од нив 2.615 студенти гласале „не“ за Студентскиот парламент при Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) да...

Јолевски на Самитот на НАТО порача дека Македонија заслужила место во Алијансата

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во своето обраќање на НАТО-самитот во Варшава, на состанокот посветен на Платформата за интероперативност на министри за одбрана, рече дека Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО и дека државата има капацитет да ги преземе сите обврски и одговорности за да придонесе кон сигурноста и стабилноста на Балканот и на евроатланската област, соопштија од...

Анкета на Институт „Димитрија Чуповски“: Груевски со поддршка од 39,5 отсто, Заев со 7,3 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 39,2 отсто од граѓаните, за СДСМ 14,9 отсто, а неопределени се 29,5 отсто, покажува новата анкета направена од Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведена телефонски во периодот од 30 март и 2 април. На прашањето на кој од македонските политичари му верувате најмногу, 39,5 отсто од анкетираните се одлучиле за Никола Груевски, за лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да предизвика „сериозен шок“ за економијата на таа земја, со ризик да се изгубат речиси еден милион работни места, се наведува во истражувањето на групацијата „Си-би-ај“ (CBI). Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да го чини Лондон 128 милијарди евра до 2020 година, што е пет...

По сондажата на „Павел Шатев“: Моноетничките анкети се точни, ама не се валидни

Најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ е направена без анкетирање на етнички Албанци бидејќи, како што објаснуваат од институтот, целата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, а етничите Албанци, генерално, гласаат за албански партии. И во анкетата на „Брима Галуп“ направена...

Тсаи Инг-вен победи на претседателските избори во Тајван

Тсаи Инг-вен, кандидатка на опозициската Демократска прогресивна партија во Тајван, победи на денешните претседателски избори. Според првичните резултати, Тсаи Инг-вен освоила околу 60 отсто од гласовите, а за нејзиниот главен противкандидат, Ерик Чу од владејачката Националистичка партија, гласале околу 30 проценти од избирачите. Со победата Инг-вен стана првата жена претседател на островот. Тсаи Инг-вен (59), која е поранешен универзитетски професор, во својата...

Заврши гласањето за парламентарните избори во Турција

Гласачките места во Турција се веќе затворени. Граѓаните вторпат годинава гласаа на парламентарни избори, откако на претходните ниту една од партиите не успеа да формира влада. Првите резултати се очекува да бидат соопштени за неколку часа.

Просечната оцена од екстерното тестирање е 3,26

Просечната оцена од екстерното тестрање е 3,26, а учениците ќе можат да поднесуваат приговори до училишната комисија од утре, 26 јуни, па сè до 30 јуни, кога ќе имаат право на увид во тестот, соопшти Државниот испитен центар. Минатата година просечната оцена на постигнување беше 3,6. Најдобри постигнувања на екстерното тестирање имаат општините Центар, со резултат 4,59, Вевчани, со 4,58, Аеродром,...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...