fbpx

Тензично пред ДИК, функционери на ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека народот нема трпение

-

Ностителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, се обрати пред насобраните граѓани пред седиштето на ДИК и ја повика Државната изборна комисија да ја признае победата на ВМРО – ДПМНЕ.

– Македонија победи на чесни и достоинствени избори. Македонскиот народ гласаше. Вечерва ДИК има шанса или да ја признае волјата на народот или да се соочи со гневот на народот. Не сакаме немири и проблеми, туку да ни се признае тоа што го заслуживме. Победа со 51 пратеник на Коалицијата за подобра Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Милошоски пред насобраните граѓани пред седиштето на ДИК.

Додека се одржува седницата на која се разгледуваат приговорите на СДСМ за изборни нерегуларности, сè поголем е бројот на партиски симпатизери и на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се собираат пред седиштето на ДИК, скандираат, свиркаат и се обидуваат да ја попречат работата на Државната изборна комисија.

Атмосферата пред ДИК е тензична.

Пред насобраните граѓани се обрати и носителот на листата во шестата изборна единица, Владимир Ѓорчев, кој истакна дека во таа изборна единица, каде што има најголем дел од приговорите на СДСМ, победиле со многу работа, напор и труд на членството, но и многу луѓе од СДСМ кои гласале за нив.

Носителот на листа на третата изборна единица, Илија Димовски, рече дека Државната изборна комисија ја има најголемата одговорност во моментот.

„Од нив зависи дали оваа држава ќе биде нормална, стабилна и просперитетна. Да не се опуштаат и да не мислат дека овој народ има сила да толерира повеќе. Немаме сила за толеранција, но имаме сила да ја почитуваме демократијата, да го почитуваме гласот на народот, нема враќање назад, остануваме до крај“, рече Димовски.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, изјави дека народот е собран за да ја брани победата.

– Покажавме дека граѓаните им веруваат на ВМРО – ДПМНЕ и на коалицијата од 25 партии од сите националности. Оваа вечер е срам за Македонија. Ова е критичен момент за Македонија – изјави Трајановски.

Директор на Државниот архив, Филип Петровски, упати закани кон „амбасадарот“, но не именуваше за кој станува збор.

– Не ги закрвувај односите на двете држави. Ти си и онака на заминување, ќе дојде амбасадор кој повеќе ќе ја почитува Македонја. Немој да нè провоцираш веќе – порача Петровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...