fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Борисов: Давањето совети не е дипломатски, ги поддржуваме соседите на патот кон ЕУ

Секоја нација ја одредува сопствената судбина и можеме само да кажеме дека ги поддржуваме нашите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи сме во ова семејство, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за референдумот во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. „Оттаму, според мене, давањето совети или разбирање не е правилно, дипломатски, ниту чесно. Ние треба да ги оставиме...

Јовановиќ: Со бојкотот на референдумот на Македонија кукавички и е забоден нож во грб

Претседателот на опозициската Либерално демократска партија Чедомир Јовановиќ ја повика власта во Србија резултатите од референдумот во Македонија да не ги коментира тенденциозно туку да и помогне на Македонија – ако смее, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. -Европска Македонија не е и нема да биде губитник, особено не поради резултатот од референдумот на кој кукавички, со бојкот и е...

Руско МНР: На референдумот беа бојкотирани решенија наметнати од надвор

Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагандната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите...

Хант: Заев и Владата да работат со Парламентот за создавање на консензус за иднината

На референдумот во Македонија гласачите ја искажаа својата желба за разрешување на долгогодишниот спор со нивниот сосед Грција за името на земјата и преземање позитивен чекор кон евроатлантска интеграција. Доколку се спроведе, Преспанскиот договор ќе ја подобри стабилноста во Македонија и поширокиот регион. Ова го истакна секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Џереми Хант. „И покрај тоа што излезноста беше...

Добро е што по консултативниот референдум сега за Договорот ќе се расправа во Собранието, вели Мас

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, за референдумот вели дека оние кои гласале сакаат земјата да го продолжи својот пат кон ЕУ и НАТО. „Иако многумина би си посакале поголема излезност, се радувам што огромно мнозинство од оние, што го искористија своето демократско право, гласаа за Договорот со Грција. Тие сакаат нивната земја да го продолжи својот пат...

Коѕиас: Референдумот не е услов за имплементација на Договорот од Преспа

Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје, рече шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија. Коѕиас истакна дека Иванов за претседател и Заев за премиер биле избрани со помал број гласови од...

Анѓушев: Нема политичка криза по референдумот

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев за време на Самит 100 во Белград, изјавил дека после референдумот на кој не излегле доволно гласачи, не очекува политичка криза во државата, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Мислам дека 600.000 гласови „за“ е сосема јасен доказ за поддршката од страна на граѓаните. По референдумот се можни две сценарија. Првиот е да имаме...

Вучиќ: Не се мешам во внатрешните работи на Македонија, го почитувам Договорот со Грција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод референдумот во Македонија, рече дека Србија има јасен став, а тоа е дека го почитува секој Договор помеѓу Грција и Македонија, но дека не може да се запостави што мисли народот и не може да се наметне ништо на сила, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тој додал дека очекувал повеќе разбирање од светот...

Нимиц: Фокусот да се стави на оние кои гласаа „за“, тие што не гласаа не нудат алтернатива

Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ Антена во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние кои излегоа и гласаа...

ОБСЕ за референдумот: И покрај празнините во законите, темелните слободи беа почитувани

Иако законската рамка не ги покри доволно сите аспекти на процесот, референдумот од 30 септември во Поранешната Југословенска Република Македонија беше администриран непристрасно, а темелните слободи беа почитувани, заклучија меѓународните набљудувачи во нивната денешна изјава. „Темелните слободи на собирање, здружување и изразување беа почитувани низ целиот процес, а, иако непостоењето на официјална кампања „Против“ значеше дека гледиштата на кампањата „За“...

Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа, Македонија остана непоразена

На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. – Пораката од народот е испратена...

Неисполнетите ветувања за рудниците – причина за слабата излезност во Босилово и Ново село?

Општините Ново Село и Босилово се меѓу оние со најслаб процент на излезени гласачи – во Ново Село гласале само 16,97 отсто, а во Босилово – 24,80 проценти од гласачите, според првичните резултати од излезноста за вчерашниот референдум. Претставниците на еколошките иницијативи сметаат дека ова е очекуван исход откако Владата со месеци го одложува решавањето на, за нив, исклучително сериозниот...

Шекеринска-Османи: Институциите имаат легитимитет за имплементација на Договорот од Преспа

Со мнозински изразената волја за европска Македонија пратениците во Македонија немаат друга опција освен да ги следат гласовите на мнозинството со цел државата да го забрза членството во НАТО и ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. - Ова е време кога на Македонија и потребно заедништво. Од една страна е...

ДИК: На референдумот гласале 666.743 граѓани од кои 91,46 отсто „за“, а 5,65 „против“

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави официјалните резултати од гласањето на референдумот според кои, од 1.806.336 граѓани запишани на Избирачкиот список гласале 666.743 или 36,91 проценти. Од нив, 609.713 биле „за“ (91,46 проценти), а 37.700 биле против (5,65 отсто). „Одлуката на референдумот не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиотм список“,...

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија, вели портпаролот на Путин

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум за промена на името и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. - Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите - рече Песков во изјава за...

Собранието да го спроведе Договорот од Преспа, порачаа Хан и Могерини

Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава го повикаа парламентот да го спроведе Договорот од Преспа за името и да ги усвои уставните измени. Могерини и Хан велат дека ова е историска шанса за земјата да направи решавачки чекор напред на патот кон Европската унија. „На 30...

Белград: Резултатите од референдумот контрадикторни, се зависи од ВМРО-ДПМНЕ

Официјалната реакција на власта во Србија на исходот од референдумот во Македонија се уште нема, но аналитичарите и медиумите оценуваат дека резултатите се контрадикторни затоа што излезноста била мала, додека големо мнозинство од оние кои излегле гласале „за“ и затоа сега се е во рацете на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Во анализите исто така се наведува...

Софија: Политичарите во Македонија да покажат зрелост, губењето време никому не користи

Политичката елита на нашиот сосед мора да покаже зрелост и да најде начин да ги реши тешките проблеми, се вели  во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи за резултатите од референдумот, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. „Заложбата е иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Референдумот е највисока демократска практика, со изразена волја на оние кои...

Столтенберг ги повика партиите и лидерите на конструктивност и одговорност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на „Твитер“ напиша дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат. „Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика“, напиша Столтенберг на твитер.

САД: Лидерите да се издигнат над партиските интереси за посветла иднина на земјата

Американскиот Стејт департмент, синоќа преку соопштение ги поздрави резултатите од вчерашниот референдумот во Македонија на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...