fbpx

Коѕиас: Референдумот не е услов за имплементација на Договорот од Преспа

-

Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје, рече шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија.

Коѕиас истакна дека Иванов за претседател и Заев за премиер биле избрани со помал број гласови од гласовите што ги доби „за“ на референдумот.

– Договорот вели дека (референдумот) е избор на Владата на Скопје, но не е ниту услов, ниту предуслов, ниту правно барање за имплементирање на договорот, ова е од голема важност. Сега одиме на политичкиот дел. Голем процент е 37 -38 отсто? На прв поглед кога некој го гледа, ако не ги знае балканска политика и политиката на Скопје и нивната реалност, ќе каже дека е мал. И логично е. Но, ако знае колку гласови се овие 37-38 отсто и што се случи на претходните избори, тогаш ќе сфати одредени работи – рече Коѕиас споменувајќи колку гласови добиле премиерот Зоран Заев на изборите во 2016 година и претседателот Ѓорге Иванов на последните претседателски избори.

Коѕиас вели дека не се пречистени изборните списоци и дека ако гласале сите што имаат право на глас според реалното избирачко тело од еден до 1,2 милион гласачи, мнозинството од 50 отсто +1 ќе беше под 600.000, односно 540.000-550.000.

Според информациите што официјална Атина ги имала од Скопје, како што рече Коѕиас, проценките биле дека излезеноста ќе биде меѓу 40 и 45 отсто, а според тоа Грција била ориентирана дека ќе гласаат 40-41-42 отсто.

Во однос на случувањата кај нас, шефот на грчката дипломатија рече дека ако Заев не ја добие битката во Собранието, според негово мислење, „во секој случај ќе ги добие следните избори, тоа го велат резултатите од референдумот“ и додаде дека „опозицијата кај северниот сосед не побара избори затоа што знае дека ќе ги изгуби“.

Шефот на грчката дипломатија беше категоричен дека ратификацијата на договорот ќе биде од актуелниот грчки Парламент, а дури потоа, кога ќе дојде време, со одлука на премиерот земјата ќе оди на избори. Паралелно, изрази убеденост дека во Парламентот има мнозинство пратеници кои би го поддржале Договорот од Преспа.

Говорејќи за решението меѓу двете земји, рече дека е исклучително добро и исклучително корисно.

– Договорот од Преспа е урамнотежен, може да издржи низ времето, тоа е договор што е прототип, како што велат сите меѓународни сериозни универзитетски институции. Се става крај за сите што размислуваа за Голема Албанија, бидејќи се стабилизира оваа земја. Трето, и Србите и Бугарите ја признаваат реалноста на оваа држава. Односите Грција–ПЈРМ е оска што го стабилизира Балканот- смета Коѕиас.

За Панос Каменос рече дека она што го говори го говори како лидер на партијата што коалицира во владата, а не како надлежен за надворешна политика. А конкретното прашање е само „една мала кавга во бракот“ на СИРИЗА и Независни Грци.

– Надворешна политика ја води премиерот, телото што се вика Министерски совет- што четири пати се согласи, на демократски начин, за Договорот од Преспа кога го подготвувавме – и министерот за надворешни работи. Другите не се надлежни за надворешна политика – објасни Коѕиас.

Во однос ставот на опозициската Нова демократија дека нема да гласа за ратификација на договорот, шефот на грчката дипломатија коментираше дека за прашањата поврзани со иднината на земјата, не одлучуваат само лидерите на партиите туку секој сам поради одговорноста кон земјата и затоа, порача дека најголемата грчка опозициска партија треба да дозволи, нејзините пратеници да гласаат, секој според своја волја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денес и утре ќе има прашина од Сахара во воздухот на Балканот

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата -...