Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа, Македонија остана непоразена

-

На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.

– Пораката од народот е испратена до оние кои мора да ја слушнат. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност. Не ја потценувајте суверената волја на македонскиот народ. Не може да се зборува за волја на мнозинството во услови кога не е исполнет законскиот цензус за референдум. 36,9% излезност не е волја на народот, туку 63,1% кои не излегоа – рече Иванов.

Тој упати порака и до како што вели, оние кои се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и непринципиелно заземаат страна.

– Им порачувам да ги почитуваат меѓународните конвенции за дипломатски односи. Не може оние кои имаат демократски дефицит да наметнуваат решенија спротивни на суверената волја на македонскиот народ – рече Иванов и додаде дека референдумот не е анкета, односно дека одлуката на граѓаните обврзува и дека Собранието таа одлука мора да ја почитува.

Според него, нема дилеми дека местото на Република Македонија е во ЕУ и НАТО, но додава дека таму треба да влеземе без уцени, притисоци и двојни стандарди.

-Речиси во сите одлучувачки моменти од историјата на Македонија, народот носел мудра одлука. Наше е да ја почитуваме таа одлука. Ова треба да биде поука за сите политички партии да внимаваат што и кому ветуваат. А како граѓанин, пак, очекувам од владејачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешниот референдум. Сите во животот се соочуваме со порази. Некој повеќе, некој помалку. Големината на човекот е да го препознае и признае поразот – рече Иванов и додаде дека вчера, Република Македонија остана непоразена.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...