fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Заев: Нема да поднесам оставка, пратениците да го следат гласот на мнозинството

Европска Македонија доби повеќе гласови за од било кој победник на било кои избори во историјата на независна Македонија. Дури и ако имаше цензус и ако имаше 1.100.000 гласачи овој резултат од 600.000 граѓани ќе значеше јасна определба за европска Македонија, рече премиерот Зоран Заев на втората прес-конференција по завршувањето на референдумот. -Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска...

ДИК: Излезноста на референдумот 36,27 проценти, „за“ гласале 91,33 отсто

Според обработените 88,50 проценти од податоците, од страна на ДИК до 23 часот, на референдумот излегле 569.871 гласачи, односно 36,27 проценти од запишаните во Избирачкиот список. „За“ гласале 520.461 односно 91,33 проценти, против 32.801 или 5,76 проценти од гласачите. Ова се неофицијални податоци од Државната изборна комисија, а официјалните се очекува да бидат соопштени утре, откако, како што информираше претседателот на...

Мицкоски: Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија

Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните на референдумот, во спротивно ќе мора да се оди на предвремени парламентарни избори. Мицкоски не се изјасни конкретно, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати...

За грчко МНР референдумот е контрадикторен, но го почитува изборот на граѓаните

Голем дел од општеството го поддржа Договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот. Во соопштението се наведува дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“. „Резултатот...

Лидерите да ја почитуваат и да ја спроведат одлуката на граѓаните, порача Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на социјалната мрежа „Твитер“ оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа. „Им честитам на оние граѓани кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на...

Мицкоски: Референдумот е неуспешен, граѓаните му кажаа „не“ на Договорот со Грција

Македонија денеска кажа дека Договорот со Грција не поминува, рече на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на гласањето за референдумот. „Имаме длабоко неуспешен референдум. Политиката на владата и Зоран Заев доживеа дебакл, а денес Македонија вистински победи. Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка на овој срамен договор, односно бројот на граѓани кои апстинираа од гласање или...

Симболична е бројката на пријави, имавме најмирен ден на гласање, вели Бајрами

Симболична е бројката на пријави пристигнати до привремената комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ за евентуални противправности при спроведувањето на референдумот. -Генерално можам да заклучам дека атмосферата беше мирна, немаше поголеми нарушувања на редот и мирот за време на гласањето во текот на денешниот ден. Можеме да заклучиме дека денешното гласање на референдумот е едно од најмирните денови на...

Ахмети: Референдумот беше консултативен, има поважни прашања од предвремени избори

Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите и за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за интеграција во НАТО, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по референдумот. – Овој процес значи реформи, затворање на прашањето со Грција, економски прогрес. Денес кажуваме дека Собранието треба да ја донесе одлуката за овој процес. И ние ќе гласаме за таа одлука. На...

Џафери: Референдумот ќе биде основа за идните процеси во институциите

Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија. Се надевам дека вердиктот на сувереноста ќе придонесе за подобра иднина на сите граѓани и ќе биде основа за идните процеси кои што не очекуваат во следниот период во институциите на системот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција. - Им честитам на сите граѓани за овој значаен ден на кој...

Српските медиуми за референдумот: Одзивот помал од очекуваниот

Mедиумитe во Србија објавија дека одзивот на граѓаните на референдумот во Македонија бил помал од очекуваниот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Радио-телевизија Србија (РТС) објави дека „граѓаните избирале во пакет ново име и шанса за ЕУ и НАТО, но дека референдумот е под знак прашање и дека резултатите нема да бидат валидни поради слабата излезност.“ Во извештајот РТС наведе дека...

Заев: Предвремени избори доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува одлуката на граѓаните

Референдумот е највисоката демократска алатка. Гласот даден на референдум е конечен, а волјата на граѓаните мора да биде почитувана од сите. Во демократија одлуките се носат со гласање. Им честитам на сите граѓани, имавме успех за европска Македонија. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по затварањето на гласачките места на денешниот референдум на кои граѓаните требаше да се изјаснат, „Дали...

ВМРО-ДПМНЕ обвини за притисоци, според СДСМ се гласало и демократски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, обвини дека „СДСМ прави изборен криминал на организиран начин.“ Тој додаде дека „СДСМ го прекршила молкот и ги насочила избирачите како да постапат“. „Во текот на вчерашниот и денешниот ден се испраќаат и смс пораки од телефонскиот број 071/290-116. Јавното обвинителство мора уште веднаш да постапи и да утврди кој го поседува и бројот 075/232-352 од каде...

Фотографирано ливче во Центар, фалат гласачки ливчиња во Грчец

Министерството за внатрешни работи информираше дека се регистрирани шест нови инциденти за време на референдумското изјаснување по претходно евидентираните 13. По добиена пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје девојка која гласала со пенкало на кое имало камера, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото на настанот и...

ДИК: До 17 часот излезноста на референдумот е 28,83 проценти

Државната изборна комисија информираше дека до 17 часот гласале 455.771 граѓанин, односно 28,83 проценти од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Во Општина Аеродром излезноста била  29,6 проценти, Арачиново 38,3 проценти, Берово 29,95, Битола 28,13 проценти, Богданци 30,45 проценти итн. Од ДИК информираа дека сите приговори кои пристигнале до нив биле одбиени бидејќи немало законска основа да бидат прифатени. Станувало збор за граѓани...

ДИК: До 13 часот излезноста на референдумот е 16 отсто

До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи или 16 отсто од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Ова се резултати од обработени 90,24 отсто од избирачките места , рече Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија. Според податацоите на ДИК, најголем одзив има во скопските општини - Центар каде изглеле 26,29 отсто од запишаните галсачи, Карпош со 23,97 отсто...

Почна гласањето на референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

Утринава започна гласањето на референдумот на кој, според одлуката донесена од страна на Собранието, прашањето на кое ќе се изјаснат граѓаните гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Гласањето се одвива непречено, освен со неколкуминутно задоцнување на три гласачки места во Прилеп и едно во Чучер Сандево заради...

Хелсиншки комитет: Граѓаните в недела ќе може да пријават повреда на избирачко право

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека в недела, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на референдумското изјаснување. „Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на...

Почна молкот пред референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

На полноќ заврши јавната кампања и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи задутре, недела, 30 септември. Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат...

Бошњаковски: Владата ќе ги заштити граѓаните од лажни вести во референдумскиот молк

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски, денеска на прес-конференција информираше дека Владата ќе преземе активности за заштита на граѓаните од лажни вести и дезинформации, преку објави на социјалните мрежи за време на претстојниот период на референдумскиот молк. Секоја вест, како што најави Бошњаковски, која ќе биде детектирана дека е лажна или дека е дезинформација или пак полувистина, ќе биде...

Бесплатни телефонски линии на Народниот правобранител за повреда на гласачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела, 30 септември, на денот на одржување на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање. Отворени за граѓаните ќе бидат сите...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...