fbpx

Заев: Предвремени избори доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува одлуката на граѓаните

-

Референдумот е највисоката демократска алатка. Гласот даден на референдум е конечен, а волјата на граѓаните мора да биде почитувана од сите. Во демократија одлуките се носат со гласање. Им честитам на сите граѓани, имавме успех за европска Македонија.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев по затварањето на гласачките места на денешниот референдум на кои граѓаните требаше да се изјаснат, „Дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција“.

– Успехот е заеднички на нашата земја и на сите граѓани без разлика на организираниот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ со чест на исклучоците. Очекувам дека огромно мнозинство кои гласаа, го избрала вистинскиот пат. Сега гласот на граѓаните, волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка одлука во законодавниот дом. Ако навистина како што очекуваме сите, имаме големо, огромно, мнозинство „за“ од тие што гласале, со гласот на пратениците во Собранието треба конечно да ги забрзаме процесите за ЕУ, НАТО и за подобар живот на нашите деца. Очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните, во спротивно ќе нема друго, ќе мора да ја примениме другата демократска алатка, а тоа се предвремени парламентарни избори веднаш – рече Заев.

На крајот од краткиот говор, Заев потенцираше дека ќе продолжи да ја води државата напред и дека Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...