fbpx

Фотографирано ливче во Центар, фалат гласачки ливчиња во Грчец

-

Министерството за внатрешни работи информираше дека се регистрирани шест нови инциденти за време на референдумското изјаснување по претходно евидентираните 13.

По добиена пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје девојка која гласала со пенкало на кое имало камера, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По добиена пријава дека во околината на основното училиште „Песталоци“ во Скопје се попречувале граѓаните кои оделе на гласање и биле фотографирани, полициски службеници излегле на местото на настанот и по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето С.Ч.(28) од Скопје. Таа била приведена во полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Според МВР, по добиена пријава дека на гласачкото место 2664 во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје во 13.05 часот едно непознато лице фотографирало ливче на друго лице, по што го напуштило гласачкото место преземени се мерки и активности и во полициската станица Кисела Вода се повикани лицата И.Т.(28) и Ѓ.Г.(36), двајцата од Скопје.

Во 12.45 часот било пријавено дека на гласачко место 2436 во село Грчец било прекинато гласањето во периодот од 12.25 до 13.13 часот поради недостиг на ливчиња од гласачкиот кочан.

На гласачкото место број 399 во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар било пријавено дека А.М.(72) од Гостивар, по остварувањето на своето право на гласање, го искинал гласачкото ливче по што побарал друго гласачко ливче. Лицето било приведено во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

На гласачкото место 2447 во село Ласкарци, И.П. член на невладина организација пријавил дека бил малтретиран и добивал закани од членовите на избирачкиот одбор. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...