fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Џафери: Договорот со Грција во Службен весник по референдумот заедно со Законот за јазици

Официјалниот дел на кампањата за референдумот ќе започне на 10 септември, а во кампањата ќе учествуваат сите оние кои што сакаат да учествуваат, а во кој контекст ќе учествуваат, дали ќе го поддржат или ќе бојкотираат или ќе повикаат да се гласа против зависи од нив, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. -Веќе скоро три...

Анѓушев: Референдумот нема позначајно да влијае на економскиот раст на државата

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференција рече дека растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни во однос на истиот месец лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок. Тој додаде дека економијата се мери со бројки, а не со политизирање и...

ОМД: Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

Ние сме против референдум за промена на уставното име и затоа ја поддржуваме и се приклучуваме кон кампањата на глобалното непартиско движење „Ние Сме Македонија" за бојкот на референдумот распишан за 30 септември, соопшти Обединетата македонска дијаспора. „Вчера, на незаконски начин претседателот на Собранието Талат Џафери распиша консултативен референдум со 68 гласови „за“ и без ниту еден глас „против“ или...

ВМРО-ДПМНЕ: Со вака формулирано референдумско прашање се крши законот

ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ за референдумот и велат дека „граѓаните нема да го прифатат Договорот со Грција, бидејќи е штетен.“ „Доколку договорот беше добар, Зоран Заев немаше да ја потценува јавноста и согласно закон ќе поставеа едно, јасно и недвосмислено прашање на референдум. СДСМ со вака формулираното референдумско прашање го прекрши Законот за референдум, односно членот 15 каде...

СДСМ: Граѓаните имаат историска можност да одлучат за иднината на државата

СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните, се вели во соопштението на партијата. Од таму додаваат дека „на 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината...

Референдумот ќе чини 3,5 милиони евра

Собранието попладнево ја усвои одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, со која се обезбедуваат 3,5 милиони за спроведување на референдумот за името кој ќе се одржи на 30 септември. Од Министерството за финансии велат дека со прераспределбата се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на реферeндумот. „На овој начин...

Собранието го распиша референдумот со 68 гласа „за“, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата

Собранието со 68 гласа „за“ и без гласови „против“ го распиша референдумот за името кој ќе биде консултативен и ќе се одржи на 30 септември. Прашањето ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмани, но пратениците не беа присутни да ги...

Седницата за распишување на референдум закажана во 15.30 часот

Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15.30 часот. Иницијативата за распишување референдум за името e потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и БЕСА и претпладнево беше доставена до Собранието. Според информациите од владејачкото мнозинство, на оваа седница на дневен ред ќе бидат две одлуки, таа за распишување на референдумот...

Јанушев: Власта со референдумското прашање ги гази законите и демократската практика

Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и свесни дека е спротивно на волјата на граѓаните, парламентарното мнозинство се обидува со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протурка прашање кое е безсмислено и повеќезначно, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека се врши „брутално газење на воспоставената демократска практика“ било кое референдумско прашање...

Заев: Опозицијата да ги повика граѓаните да излезат на референдумот

Премиерот Зоран Заев очекува поддршка од пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието за отпочнување на иницијативата за референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот повтори дека 30 септември е таргетираниот датум за одржување на референдумот. – Тоа што јас го знам е дека процедурите се отпочнати во Собранието. Оттаму веројатно денеска ќе има информации. Она што јас сум информиран во консултација со...

Зекири: Со или без ВМРО-ДПМНЕ референдумот ќе биде распишан

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека денес со или без ВМРО-ДПМНЕ ќе биде распишан референдумот, а потврди дека истиот ќе биде одржан на 30 септември. Коментирајќи ја изјавата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече доколку овој договор не биде усвоен опозицијата ќе постигне подобар договор со Грција, Зекири вели дека е смешно да се слуша тоа. -Имаа цели 11...

СДСМ, ДУИ и БЕСА ја потпишаа иницијативата за распишување референдум

Пратениците од владејачкото мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според информациите од пратеничката група на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум, а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА. Се чека да заврши координацијата на пратеничката група...

Одлуката за распишување на референдум по координацијата на Џафери

Одлуката, дали денеска ќе биде распишан референдумот за името, ќе се знае по редовната понеделничка координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Нема официјални информации дали има некаков договор меѓу власта и опозицијата, особено за референдумското прашање, а според неофицијалните информации се е оставено на договор на лидерите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ Зоран...

Членовите на ДИК денеска ќе стапат на функција

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија денеска ќе даваат свечени изјави во Собранието по што ќе ја одржат првата седница. Членовите на ДИК беа избрани во средата со 100 гласа „за“ откако партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори. Претседател на Комисијата...

Референдумот ќе се распише в понеделник, партиите без договор за прашањето

Собраниската седница за распишување референдум нема да се закаже утре, туку в понеделник, одлучиле партиите по координацијата во Собрание. Претседателот на Собранието, Талат Џафери според законските рокови, ќе го закаже референдумот на 30 септември 2018 година, а до понеделник треба да се дефинира референдумското прашање. Средби помеѓу претставници од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, за договор за прашањето, засега не се...

Деркоски: Референдумот ќе биде организиран согласно законите и Уставот

Новиот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во изјава за МИА вели дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Деркоски, кој на чело на комисијата доаѓа на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат политички ставови туку треба...

Мисовски: Одлуката за референдумот ќе биде распишана во сабота

Потпретседателот на Собранието и пратеник од НСДП, Горан Мисовски, денеска изјави дека е постигната согласност меѓу власта и опозицијата за составот на ДИК и законските решенија што беа договорени на лидерската средба, и оти тие најверојатно во сабота ќе бидат донесени на собраниска седница на која ќе биде распишана и одлуката за референдумот. – Не очекуваат клучни моменти за иднината...

Мицкоски: Референдумското прашање мора да е поврзано со Договорот со Грција

ВМРО-ДПМНЕ бара референдумското прашање да е поврзано со Договорот со Грција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратеници и рече дека премиерот Зоран Заев е во паника и шири невистини. Тој рече дека со власта има сериозно разединување за прашањето кое ќе биде поставено на референдумот. Според него, ВМРО-ДПМНЕ не може да...

Нема договор за референдумот, Мицкоски лаже и бара амнестија, рече Заев по лидерската

Христијан Мицкоски лаже дека сака Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, лаже дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум, рече премиерот Зоран Заев во изјава по лидерската средба помеѓу четирите најголеми политички партии која траеше повеќе од осум часа. -За жал, Христијан Мицкоски не успеа да го препознaе моментот. Наместо да се качи на...

Мицкоски: Се запира процедурата за избор на ДИК со просто мнозинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека Владата се согласила со барањата на партијата за техничка влада, според Пржинскиот принцип за секои следни избори и додаде дека е задоволен што постигнале договор за Законот за финансирање на политички партии кој ќе гарантира транспарентност и ќе спречи евентуални злоупотреби. - Се договоривме да се стопира и повлече предлогот на Владата, гласањето...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...