fbpx

Седницата за распишување на референдум закажана во 15.30 часот

-

Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15.30 часот.

Иницијативата за распишување референдум за името e потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и БЕСА и претпладнево беше доставена до Собранието.

Според информациите од владејачкото мнозинство, на оваа седница на дневен ред ќе бидат две одлуки, таа за распишување на референдумот и одлука за распределување средства за таа намена.

На седницата, иако не ја поддржаа иницијативата, ќе присуствува и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе го образложи својот став зошто се против ваквата одлука и референдумско прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...