fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Заев: Го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада пред секои идни избори

По шест часа преговарање за време на лидерската средба во Клубот на пратениците, премиерот Зоран Заев рече дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада пред секои следни избори и дека дополнително треба да се договорат за референдумот. - За овие три лидерски средби требаа многу нерви, трпение и лидерство. Се договоривме денеска да заврши лидерската средба, а каков...

„Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името“, е можното референдумско прашање

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба синоќа, информираше дека можното прашање на референдумот ќе биде – „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“. Tој рече дека референдумот ќе биде консултативен и за денеска попладне најави нова лидерска средба. Заев посочи дека разговарал со лидерите на сите партии освен на...

Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се решение

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот прием по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, изјави дека предвремени парламентарни избори не се решение за моменталната политичка состојба во државата, каде во моментов опозицијата жестоко се спротивставува на барањето на Владата членовите на ДИК да се избираат со апсолутно мнозинство, наместо со двотретинско. Опозицијата исто така бара...

Димитров: Ако има глас повеќе против Договорот, ќе прифатиме дека тоа не е вистинскиот пат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервјуто за „Ал Џезеира балканс“ изјави дека референдумот ќе помине успешно и дека граѓаните ќе го одобрат Договорот постигнат со Грција. - Ако има еден глас повеќе против ние сме апсолутно спремни да подадеме рака и да кажеме дека ова не е вистинскиот пат. Пред големи историски дилеми граѓаните знаеле да го изберат...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин бега од обврската за референдум

ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија со што во прашање го доведува одржувањето референдум за иднината на државата. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ како реакција на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ 10 години во секој јавен настап, во секоја изборна програма тврдеше дека граѓаните...

Заев најави лидерска средба за утре попладне

Премиерот Зоран Заев од прес-конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО. - Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес,...

Заев: Може да разговараме и за предвремени избори, а можна е и лидерска средба

Заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако тоа гарантира успешен референдумски процес, рече премиерот Зоран Заев денеска, на свеченоста за почеток на градежните работи на фабриката на американската компанија „Дура“ во Бунарџик. - Кога? После една година? Во секој случај вредно е за внимание кога опозицијата...

Адолесцентно е условувањето на опозицијата, вели Заев за формирањето на ДИК

Дебатата во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК ќе почне кон крајот на овој месец, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. – Тоа што власта е приморана на преговори од опозицијата за да се формира ДИК само по себе кажува колку е адолесцентен самиот процес на кој се подложени...

Стискам палци референдумот добро да помине, вели германската министерка за одбрана

Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен во изјава за МИА изрази уверување дека Македонија ќе ја добие поканата за НАТО денеска и оти планира да ја посети земјата наесен. - Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели, и многу сум сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот и со нетрпение...

Заев: По Самитот на НАТО ќе падне договор за прашањето и датумот за референдумот

По НАТО самитот, сите партии во Собранието ќе ги договорат датумот за референдумот, како и референдумското прашање и карактерот на референдумот, вели македонскиот премиер Зоран Заев за грчката новинска агенција АНА-МПА, наведувајќи ги како можни датуми за одржување на народното изјаснување 23 и 30 септември или 7 октомври. Тој вели и дека уставните измени би се направиле за 90...

Нè чека изолација ако го одложиме референдумот, сметаат аналитичарите

Изолација, враќање на режимот, губење на довербата од ЕУ и обратно. Ова се само неколку штети со кои би се соочила Македонија доколку го одложи референдумот за името кој требаа да се одржи до крајот на октомври. Ова го велат за „Порталб“, претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани и политичкиот аналитичар, Петар Арсовски. - Ако во предвидениот рок не се...

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да престане да го блокира референдумот

ВМРО-ДПМНЕ измислува нови барања, техничка Влада, амнестија и слично и сака да прикаже вештачка криза, само за да ги спасат криминалците од одговорност. Тоа е единственото нешто за кое што се бори Мицкоски, порача Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата, велејќи дека напорите на опозициската партија не се насочени кон интересите на државата и граѓаните, туку „за нив...

„Дали сте за ЕУ и НАТО поддржувајќи го името Северна Македонија“, e можно прашање вели Заев

Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ истакна дека три датуми се во игра за референдумот– 23 септември, 30 септември или 7 октомври. Тој изрази уверување дека референдумот ќе биде успешен и дека граѓаните ќе се изјаснат позитивно, а бидејќи тој ќе има обврзувачки карактер, ќе мора да биде прифатен од сите, па дури и од претседателот Ѓорге Иванов...

Заев: Референдумското прашање ќе се знае по поканата за НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека референдумското прашање сè уште не се знае и додаде дека со партиите и со граѓанскиот сектор ќе се утврди дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но дека во секој случај резултатот ќе биде задолжителен. – За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули кога се нашите...

Дескоска: Не можеме да го менуваме цензусот за референдум

Не можеме да го менуваме цензусот за референдум, истакна министерката за правда, Рената Дескоска, која денеска се обрати на третата сесија на Охридската школа на природното право на тема „Добро управување и правни реформи“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науката и уметностите. -Битен елемент што го сочинува мозаикот на владеење на правото е супрематијата на...

Локалните власти од Северна Грција бараат референдум за Договорот од Преспа

Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“. На вчерашниот проширен состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија,...

Јанакакис: Ве поддржуваме во ЕУ и НАТО, сега сѐ зависи од земјите членки

Грчкиот амбасадор во Македонија, Димитрис Јанакакис, денеска изјави дека Грција ја поддржува нашата земја во ЕУ и НАТО врз основа на договорот од Преспа, но, според него, сега сè е во рацете на земјите членки. – Оваа земја има аспирација да стане членка на ЕУ и на НАТО. Грција врз основа на договорот од Преспа ги поддржува овие напори, но...

Се уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се уште нема конечен став дали ќе има измени на законската регулатива за организирање и спроведување на референдумот, во контекст на договорот со Грција за решавање на спорот со името. – Во моментов немаме донесен конечен став околу тоа дали ќе се оди со измена на Законот за референдум или не. Имаме...

Заев: Ќе поднесам оставка ако референдумот не успее

Премиерот Зоран Заев во интервју на телевизијата „1тв“ изјави дека е сигурен дека референдумот за договорот со Грција ќе успее, но доколку не се случи тоа ќе поднесе оставка. - Ќе си заминам ако не успее референдумот во Македонија, но многу сум сигурен дека ќе успее. Очекувам огромна поддршка од граѓаните и сериозни проценти на поддршка, 77 до 85 отсто,...

Заев: Референдумот е процес за кој државата треба да донесе усогласена одлука

Премиерот Зоран Заев се надева дека никој во ЕУ, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон, нема да остане рамнодушен на решението на спорот со Грција, и следната недела земјава ќе добие датум за почеток на преговорите. – Знам дека вчера холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека и Франција и другите земји ако имаат резерва, ќе...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...