fbpx

Се уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели Дескоска

-

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се уште нема конечен став дали ќе има измени на законската регулатива за организирање и спроведување на референдумот, во контекст на договорот со Грција за решавање на спорот со името.

– Во моментов немаме донесен конечен став околу тоа дали ќе се оди со измена на Законот за референдум или не. Имаме предвид дека станува збор за закон кој е стар и не е усогласен со Изборниот законик – изјави Дескоска.

Според неа, кога би се правеле измени тие би биле чисто технички. Суштински измени, според Дескоска, не се планирани.

– На пример во текстот на Законот за референдум стои дека повикување на законот за Избирачки список, што не постои и е заменет со Изборен законик, понатаму стои повикување на закон за избор на пратеници кој исто така не постои, сега е заменет со Изборен законик. Исто така, делот што се однесува на заштитата на правото на гласање се разликува од заштитата на Избирачкото право. Законот за референдум оперира со постапка со заштита пред Врховниот суд додека пак Изборниот законик реферира на постапка пред Управните судови – рече министерката за правда.

Референдумското прашање ќе го дефинира Собранието, вели Дескоска, зависно кога би се одредил датум за референдумот, а од Министерството за правда, вели таа, досега не се побарани активности во однос на референдумот.

– Од распишување на референдумот до гласање може да поминат најмногу 90, а најмалку 60 дена. Тие се законските рокови, рече Дескоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...