fbpx

Референдумот ќе чини 3,5 милиони евра

-

Собранието попладнево ја усвои одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, со која се обезбедуваат 3,5 милиони за спроведување на референдумот за името кој ќе се одржи на 30 септември.

Од Министерството за финансии велат дека со прераспределбата се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на реферeндумот.

„На овој начин се обезбедуваат средства, без да има влијание врз тековното работење на буџетските корисници ниту, пак, врз спроведување на буџетските програми и проекти“, велат од Министерството за финансии.

Одлуката за прераспределба на средствата беше донесена без расправа со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, а на неа и претходеа седници на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Според одлуката, најголема прераспеделба на средствата ќе има во Министерство за финансии каде од ставката Разни трансфери ќе се одвојат 60.000.000 денари.

Службата за општи и заеднички работи на Владата, од ставката Други градежни објекти, ќе се издвојат 20.000.000 денари. Истата сума ќе биде прераспределена и од Министерство за транспорт и врски, со пари претходно наменети за Жичарата.

Министерство за труд и социјална политика ќе крати од трансфери наменети за минимална плата во висина од 10.000.000 денари.

Пари ќе бидат пренаменети и од средствата наменети за Големата концертна сала за Македонската филхармонија, во висина од 8.000.000 денари.

Од Министерство за здравство од потпрограма Изградба на ПЕТ Центар, од ставката во делот за Купување на опрема и машини ќе се намали за 10.000.000 денари.

Од Министерство за образование и наука од програмата за Преведување и печатење на стручна литература, од ставката Договорни услуги, ќе се пренаменат 5.000.000 денари, а исто толку ќе се намалат и средствата за договорни услуги за Проектот за превод на книги од реномирани автори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Колапсот на Клинички ја прегоре Градска болница: 150 итни пациенти оперирани за 10 дена

Полни корпи со чаршави, кебиња и перници во ходникот на приземјето на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, попозната како „стара Градска болница“, сведочат за напливот на итни...