fbpx

Собранието го распиша референдумот со 68 гласа „за“, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата

-

Собранието со 68 гласа „за“ и без гласови „против“ го распиша референдумот за името кој ќе биде консултативен и ќе се одржи на 30 септември. Прашањето ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмани, но пратениците не беа присутни да ги образложат, па Собранието ги отфрли со 65 гласа „против“ и ниту еден „за“ за првиот амандман и со 64 гласа „против“ за вториот амандман.

Знам дека ова на сите ни преставува многу сериозно прашање дури на моменти и болно, но ЕУ и НАТО се единствената алтернатива што ја имаме, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

-Пред нас е историска одлука која што треба да обезбеди иднина на нашата држава, на нашите деца, на иднините генерации. Денеска за нас пратениците ќе биде одговорноста да одлучиме каде ја гледаме нашата држава. Дали бесперспективна, економски неразвиена, со меѓуетнички конфликти, заробена во корупција и без владеење на правото или Македонија која преставува рамноправен партнер во ЕУ. Ги повикувам претставниците на опозицијата и сите граѓаните да се обединиме и заедно да дадеме свој придонес. Никој никогаш немаше да потпише Договор со Грција ако тоа не значеше дека Македонија ќе стане полноправно членка на ЕУ и НАТО– рече Тунтев.

Никола Мицовски од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто референдумот ќе биде консултативен иако премиерот Зоран Заев ветил дека ќе биде обврзувачки и рече дека прашањето не е прецизно формулирано со што се доведуваат граѓаните во заблуда.

– Предлог одлуката ја видовме од медиумите, а ние пратениците ја добивме 10 минути пред да започне седницата. Иако декларативно и парламентарното мнозинство и Заев не повикуваат да го поддржиме процесот, тие си го тераат без консултации, без разговори и на тој начин сакаат да го изманипулираат народот. Јас како и другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ даваме целосна поддршка на Македонија во чекорите и желбите на Македонија граѓани за интеграција во ЕУ и НАТО. Најголем дел од тие чекори Македонија ги има изодено. Со самото тоа што се планира референдумот да биде консултативен се покажува дека ова е само форма и дека резултатот може како сакате да го толкувате. Дали доколку можниот исход е неуспешен референдум без исполнет цензус и доколку граѓаните гласаат „за“ ќе се толкува како одобрување и институциите ќе продолжат со имплементација – праша Мицоски по што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

Реџеп Мемеди од Беса рече дека неговата партија ќе го поддржи референдумот бидејќи членството на Македонија во НАТО е клучот на безбедноста во регионот.

Алијансата за Албанците смета дека референдумот е потребен, но бидејќи Договорот со Грција е веќе ратификуван во парламент за нив е веќе службен документ иако не е потпишан од Иванов, рече нивниот лидер Зијадин Села.

– Референдумот не треба воопшто да го опфати Договорот со Грција туку името на државата – рече Села.

Џеват Адеми од ДУИ потенцираше дека секој ќе носи одговорност на која страна од историјата бил и ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во салата и да станат дел од историскиот процес.

-Секој Албанец се радува на овој ден бидејќи сме поблиску од било кога до нашиот сон да сме дел од ЕУ и НАТО. Во ова мнозинство нема дилеми во однос на евроатланската интеграција – рече Адеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....