fbpx
Таг: работни групи

таг: работни групи

ДС, ДОМ, АПМ и ПДП бараат да бидат вклучени во работните групи

Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Алијансата за позитивна Македонија и Партијата за деморатски просперитет испратиле официјално писмо до амбасадорите на Европска унија, САД, ОБСЕ и до белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, во кое бараат помалите партии, заедно со граѓанскиот сектор, да бидат вклучени во преговорите за промена на изборното законодавство. „Сведоци сме дека Република Македонија циклично запаѓа во длабоки политички...

Работните групи не договорија ништо, но ќе одмораат до 17 август

Денеска е последната рунда преговори на работните групи за Договорот од Пржино, а потоа тие ќе одат на одмор до 17 август. Како што се дознава, белгискиот експерт Питер ван Хојте, кој е олеснувач на преговорите, ќе биде на годишен одмор. Вчера работните групи не се договорија ништо околу специјалниот јавен обвинител. Денеска, пак, тие ќе разговараат повторно за изборниот...

Изборот на специјален обвинител пред работните групи

Почна четвртата средба на работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино. На агендата на денешната средба е изборот на специјален обвинител, кој ќе работи на истрагата за наводите што произлегоа од содржината на прислушуваните разговори, кои ги објави СДСМ. На средбата, тимот на СДСМ го предводеа Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Рената Тренеска-Дескоска, додека од страната на...

СДСМ е за дијаспората да гласа, но секој глас мора еднакво да вреди

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со Александар Митрески, коосновач и заменик-претседател на Обединета македонска дијаспора, информираат од СДСМ. Тема на разговорот била актуелната ситуација во Македонија и начинот на кој македонската дијаспора може да ги помогне реформите неопходни за враќање на демократијата и на економскиот пораст. - Македонија има огромен човечки капитал надвор од своите граници. Ни треба подобра...

Работните групи денеска ќе разговараат за специјален јавен обвинител, од утре на одмор

Работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино денеска ќе разговараат за специјалниот јавен обвинител. Според договорот од 15 јуни, тој треба да биде избран на 15 септември и да работи на расчистување на сомнежите што произлегоа од прислушуваните разговори. Работните групи вчера разговараа за поставеноста на Државната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствуваше...

Рилкоски на состанокот на работните групи

Работните групи на најголемите политички партии за спроведување на Договорот од Пржино најверојатно денеска ќе разговараат за поставеноста на Држваната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствува и претседателот на комисијата, Никола Рилкоски. Партиите ги претставуваат истите членови на работните групи. Од СДСМ претставници се Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, на кои денеска им...

Манчевски: До петок се очекуваат конкретни предлози за избирачкиот список

Нема поместување од почетните позиции на преговарачите во работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино. Сè уште се испитува пулсот на „противникот“ за тоа што може да се добие, а каде да се попушти при реализацијата на договореното и при финалното спроведување на предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Како што вели за „Мета“ Дамјан Манчевски, член на...

Работните групи си дадоа одмор од 1 до 10 август

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино ќе работат секојдневно до петок, а потоа ќе имаат пауза до 10 август, дознава „Мета“. Причините, според нашите информации, се тоа што странските олеснувачи во процесот ќе заминат на годишен одмор во своите земји. Во тимот на СДСМ учествуваат Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, а Никола Попоски и Никола Тодоров ги застапуваа интересите на...

Груби: Состанокот на работната група помина добро

Состанокот на работните групи на најголемите политички партии во земјава заврши час и половина по почетокот. Претставниците на политичките партии по состанокот не дадоа изјави, освен претставникот на ДУИ, Артан Груби, кој оцени дека состанокот поминал добро. На денешната втора средба неделава, тема на разговорите биле избирачкиот список и учеството на дијаспората на изборите. Прашањето за Државната изборна комисија, наводно, ќе...

Почна новата средба на работните групи за Договорот од Пржино

Почна средбата на работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино. Тимот на СДСМ денеска го сочинуваат Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, додека претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како и на претходните средби, се Никола Попоски и Никола Тодоров. Претставници од ДУИ се Муса Џафери, Артан Груби и Фатмир Бесими, а од ДПА – Имер Алиу, Беким Фазлиу и Луан Треси. На средбата...

Иванова: Во игра се и попис и пребројување од врата на врата

Активна регистрација на гласачите, попис и пребројување од врата на врата се опциите кои се на маса на работните групи што треба да го имплементираат Договорот од Пржино. Според Цветанка Иванова од СДСМ, која вчера беше дел од работната група на оваа партија, се разговара за сите опции, но сè уште не се навлезени во детали за тоа кој предлог би...

Денеска нова средба на работните групи за Договорот од Пржино

Денеска попладне повторно ќе се сретнат работните група на политичките партии за имплементирање на Договорот од Пржино. Вчера по три часа заврши средбата на работната група, на која се разговараше околу изборната легислатива, но ниту еден од претставниците на политичките партии не даде официјална изјава за тоа како се одвивале преговорите. Само претставникот на ЕУ, кој беше посредник на средбата, Питер ван...

Заврши средбата на работната група

Заврши средбата на работната група, на која се разговараше околу изборната легислатива. По неколку часа договарање, ниту еден од претставниците на политичките партии не даде официјална изјава за тоа како се одвивале преговорите. Само претставникот на ЕУ, кој беше посредник на средбата, Питер ван Хојте, рече дека е оптимист и дека утре попладне ќе има нова средба. Од неофицијални извори се дознава дека...

Ќе се прави нов избирачки список, регистрација со отпечаток од прст

Средбата на работните групи во Клубот на пратеници сè уште трае, а неофицијално се дознава дека се разговара за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година. Според неофицијални информации, тоа значи неколку месеци пред изборите граѓаните да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки...

Откажана денешната средба на работната група за Договорот од Пржино

Средбата на работната група од претставниците на политичките партии за Договорот од Пржино е откажана. Засега нема информации која е причината за откажувањето на средбата. Од канцеларијата а ОБСЕ во Скопје тврдат само дека до нив стигнала информација дека  средбата нема да се одржи, но и тие не ја знаат причината за тоа. Теми на разговор на денешната средба требаше да бидат изборниот законик,...

Нов состанок на работната група за Договорот од Пржино

Состанок на работната група меѓу потписниците на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија ќе се одржи денеска. На состанокот се очекува да присуствува и Белгиецот Питер ван Хојте, кој е специјален олеснувач на Договорот од Пржино. Теми на кои ќе се разговара ќе бидат изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на...

Утре ќе се одржи нов состанок на работната група за ДИК

Членовите на работната група за Државната изборна комисија (ДИК) утре повторно ќе седнат на маса. Тема на разговорите, како и на првиот состанок, ќе бидат измените на законите поврзани со изборите, составот на ДИК и избирачкиот список, а можно е утре првпат да се отвори и темата за гласањето на дијаспората. Измените во ДИК и во изборното законодавство беа предвидени со...

Првиот состанок на работната група за Пржино – неформален и информативен

Околу два часа траел првиот состанок на работната група, составена од претставниците на четирите најголеми политички партии со експерти од ОБСЕ, на кој, како што пренесуваат медиумите, се разговарало за модалитетите и се изнесувале компаративни искуства во повеќе земји за тоа како да се прочисти избирачкиот список. Сепак, на средбата, која се одржа во седиштето на мисијата на ОБСЕ во...

Крв, лицемерие, навреди и песимизам: Каде се изгуби духот од Пржино?

Бруталниот и недипломатски начин на разговори и преговори меѓу власта и опозицијата кој почна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, очигледно сè уште не е завршен. Тогаш лидерите се согласија зад себе да ги остават партиските интереси и да размислуваат за доброто на грѓаните и на државата, но само по една недела го заборавија тоа, па партиските секири кои  биле само засолнети,...

Денеска ќе има нов обид за состанок на работната група

По двајца претставници од политичките партии денеска повторно ќе се обидат да се сретнат за да почнат со спроведување на Договорот од Пржино. На првата средба партиите треба да разговараат за изборното законодавство, избирачкиот список  и за Државната изборна комисија. Сè уште не се знае кога и каде ќе се одржи средбата на партиските претставници.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...