ДС, ДОМ, АПМ и ПДП бараат да бидат вклучени во работните групи

-

Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Алијансата за позитивна Македонија и Партијата за деморатски просперитет испратиле официјално писмо до амбасадорите на Европска унија, САД, ОБСЕ и до белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, во кое бараат помалите партии, заедно со граѓанскиот сектор, да бидат вклучени во преговорите за промена на изборното законодавство.

„Сведоци сме дека Република Македонија циклично запаѓа во длабоки политички кризи, кои имаат негативен одраз врз владеење на правото, основните човекови права и слободи, демократскиот развој, стабилноста на државата, економскиот развој и врз евроатланските процеси. Овие кризи, покрај другото, се и поради изборниот модел, односно поделбата на Македонија на шест изборни единици, со кои се обезбедува доминација на една политичка партија, која во практика воспоставува „еднопартиски систем“, суспендирајќи ги законодавната и судската власт, без механизми за контрола и одговорност на извршната власт“, пишува во писмото на партиите.

Според нив, на секои избори со постојниот изборен модел се губат околу 100.000 гласови освоени од помалите партии. Тие предлагаат распределбата на мандатите за пратеници во Собранието да биде соодветна на освоените гласови, кандидатските листи да бидат отворени, како и да се обезбедат резервирани пратенички мандати за сите заедници, врз основа на уставното начело за соодветна и за правична застапеност на заедниците во државните органи.

Писмото е потпишано од Павле Трајанов од ДС, Лилјана Поповска од ДОМ, в.д. претседателот на АПМ, Рубин Земон, и од Мухамед Халили од ПДП.

Потписниците на писмото ги повикуваат и другите политички партии, граѓански и невладини организации да се приклучат кон оваа иницијатива.

Во Скопје нема организирана група која киднапира деца

Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не организирана група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на...