fbpx
Таг: осомничени

таг: осомничени

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени. Во случајот „Титаник“, СЈО на почетокот на февруари отвори...

Китески: Одлуката на Уставниот суд непотребно се политизира

Подносителот на иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување, охридскиот адвокат Ристо Китески, смета дека одлуката на Уставниот суд е демократска и правно издржана, но, вели, му пречи политизацијата на случајот. - Штом сум ја поднел, сметам дека е основана иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за помилување. Ми пречи што иницијативата доби политичка конотација, но јас немав...

Извештај на СЈО: Детали, бројки и факти

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до Собранието на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е поделен на шест глави, во кои се наведени состојбите во СЈО од неговото конституирање, односно човечките ресурси со кои располага, просториите во кои работи, детален...

СЈО во Батинци барало докази за носење гласачи од Пустец

Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, според засега непотврдени информации, е осомничениот во случајот „Титаник“ во чиј дом во Батинци на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бил извршен претрес. Од СЈО освен потврдата дека утрово е спроведена полициска акција, сè уште нема официјални информации дали нешто е пронајдено и дали има приведени лица. Според првичните информации, станува збор за...

Струмички гробари земале накит од починати и го продавале во златарници

Двајца гробари вработени во погребална фирма во Струмица се осомничени дека при ископ на стари гробови го земале златниот накит што го наоѓале во гробовите и деа потоа го продавале во локални златарници. Како што информираат од полицијата, против Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип се поднесени кривични пријави со кои тие се товарат за сквернавење починато лице,...

Кривична пријава за тројца осомничени за напад врз Тодор Петров

Три лица добија кривична пријава од МВР затоа што на 27 февруари годинава во угостителскиот објект „Казабланка“ физички го нападнале Тодор Петров. По извршените консултации со јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека извршиле насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик. „На 3 март 2016 година, во Полициската станица Бит-пазар, беа...

Во Косово уапсени три лица поради поврзаност со ИД

Три лица се уапсени во Косово поради поврзаност со Исламска држава и сомневање дека подготвувале терористички напад на територијата на Србија. Против осомничените се поднесени кривични пријави поради поврзаност со Исламсака држава и за формирање разгранок на ИД во Косово. Трите лица живееле во Приштина, Гњилане и во Урошевац. Еден од уапсените бил командир на борбена единица во Сирија, која имала...

Гостиварското обвинителство ја расчистува тепачката меѓу навивачите на „Будуќност“ и на „Шкендија“

Вкупно 14 лица се осомничени за тепачката меѓу навивачките групи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Црна Гора и на фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово, што се случи вчера во близина на преминот Стража, кај Сретков мост. Од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштуваат дека е почнато сослушувањето на инволвираните лица. „Истражувајќи го настанот, надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар врши сослушување на инволвираните...

Разбиен канал за шверц на марихуана од Албанија во Македонија

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вчера во организирана акција разбил меѓународен канал за шверц на марихуана и масло од хашиш од Албанија во Македонија, соопшти денеска Минитерството за внатрешни работи. Во акцијата биле уапсени четири лица, меѓу нив и организаторот на групата и биле извршени претреси на повеќе локации во Битола и во Кочани....

Уапсени 22 лица за терористичкиот напад во Анкара

Турската полиција уапсила 22 лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара, кој се случи на 17 февруари, а во кој загинаа 28 луѓе, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавуваат агенциите. Според Давутоглу, припадниците на групата што стои зад нападот е поврзана со курдската работничка партија и силите за самоодбрана на сириските Курди. „Во рамките на истрагата за терористичкиот напад...

Двајца ресенци во Прилеп продавале шверцуван „ред бул“ и алкохол

Инспектори од одделението за истраги на Царинската управа, неделава, во организирана акција заплениле поголеми количества шверцувани алкохолни и енергетски пијалаци, кои незаконски се продавале на подрачјето на Прилеп. За нелегалната продажба, како што соопштуваат од Цариската управа, осомничени се две лица од Ресен. „Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и на превозни средства, беа лоцирани...

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава...

Заврши распитот на Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

Заврши неколкучасовниот распит во Кривичниот суд на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Ниту таа, ниту нејзиниот адвокат Никола Додевски не сакаа пред новинарите да коментираат за исходот од распитот. Судијата треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство и дали ќе одреди мерка притвор или не. Претходно на распит беа и поранешниот министер за...

Што следува по одбиените барања на Јанева за притвор на осомничените во „Титаник“?

Со неприфаќањето на судот на барањата на Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“, почнуваат да течат реалтивно куси законски рокови (од 24, односно 48 часа) за сите страни - за СЈО, за осомничените и за судот. Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението на судијата на претходна постапка...

Софијанова, Парнаџиева-Змејкова и Тодоров не биле на сослушување за Тамара

Ниту директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, ниту, пак, поранешната директорка на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, не биле повикани на разговор во Обвинителството за случајот со смртта на Тамара Димовска од Велес. Софијанова во телефонски разговор ни одговори дека не била во Обвинителството за случај кој се води за смртта на Тамара, а истото телефонски ни го...

Кој сè е на списокот на осомничени за смртта на малата Тамара?

Една година по смртта на малата Тамара Димовска од Велес, Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека повеќе лица се осомничени за овој случај. Обинителството не ги кажува нивните имиња, точниот број, ниту во која фаза е истрагата. Допрва ќе се види дали списокот на осомничени на обвинителството ќе се совпадне со тој на граѓанските организации. На протестот одржан на 24 февруари минатата...

Протестот „го разбуди“ Обвинителството: Повеќе осомничени за смртта на Тамара

Повеќе лица се осомничени за случајот со смртта на малата Тамара Димовска од Велес, информираат од Основното јавно обвинителство – Скопје. „Од преземените дејства произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело несовесно работење во службата од чл. 353-в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител....

Кривична за тројца прилепчани, со туѓа платежна картичка купувале од „Али експрес“

Полициската станица Прилеп поднела кривична пријава против Б.А. (23), М.Д. (21) и М.П. (27), жители на градот, кои, според пријавата, се товарат за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем. Како што информираат од полицијата, Б.А. на 10 јануари минатата година, на банкомат нашол платежна картичка, која сопственикот ја заборавил, и потоа со другите двајца осомничени повеќепати нарачале производи...

Гостиварец фатен во шверц на четворица мигранти од Мароко

Полициски службеници, вчера попладне, при контрола на возило „шкода фелиција“, на регионалниот пат Овче Поле - Свети Николе откриле шверц на четворица марокански државјани, кои илегално влегле во земјава. Како што информираат од МВР, возилото го управувал 37-годишниот Б.С. од Гостивар. Полицајците, според МВР, се обиделе да запрат уште едно возило, марка „цитроен“, кое се движело зад „шкодата“, но тоа не застанало. „Цитроенот“...

Петмина жители на Македонски Брод осомничени дека затаиле 16.000 евра данок

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднела кривични пријави против пет лица, осомничени дека затаиле данок од околу 967.000 денари или околу 16.000 евра. Како што информираат од МВР, станува збор за Н.М. (30), О.М. (24), М.О. (25), В.С. (25) и за Б.Т. (28), кои се занимавале со давање интернет-услуги за прогнозирање фудбалски натпревари на лица од цел свет. На...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...