fbpx

Кој сè е на списокот на осомничени за смртта на малата Тамара?

-

Една година по смртта на малата Тамара Димовска од Велес, Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека повеќе лица се осомничени за овој случај. Обинителството не ги кажува нивните имиња, точниот број, ниту во која фаза е истрагата. Допрва ќе се види дали списокот на осомничени на обвинителството ќе се совпадне со тој на граѓанските организации.

На протестот одржан на 24 февруари минатата година, на плакатот што граѓаните го носеа беа испишани 12 имиња на лица што, според нив, биле директно или индиректно вмешани во случајот на Тамара.

Освен името на министерот за здравство, Никола Тодоров, беа испишани уште 11 лица од кои граѓаните на протестите бараа да си поднесат оставка.

Оставка поднесоа само директорите на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемаили Мехази.

Граѓаните ги повикаа Маја Парнаџиева-Змејкова, поранешна директорка на ФЗО, Ангел Митевски, претставник на Министерство за здравство, Елизабета Србиновска-Костовска, претставничка на Стопанска комора на Македонија, Горан Коевски, претставник на осигурениците и вонреден професор на Правен факултет во Скопје, Владимир Поповски, претседател на Стоматолошката комора на Македонија, Елена Трпковска, претставничка од Министерството за финансии, Аспазија Софјанова, директорка на Детската клиника, Анастасика Попоска, специјалист ортопед, Љубиша Каранфиловски, доктор на стоматологија, член на Советот на самостојниот синдикат за здавство, фармација и социјална заштита, Џемаили Мехази, поранешен директор на ФЗО, Јосиф Трајковски, претставник на Стоматолошката комора на Македонија, Илија Глигоров, претставник од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Пред точно една година, односно на 10 февруари, јавното обвинителство соопшти дека по допрен глас отворило предмет за смртта на Тамара Димовска од Велес.

Ова е единственото соопштение и информација во врска со случајот од Јавното обвинителство во изминатава година (сè до денешното).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...