fbpx

Гостиварец фатен во шверц на четворица мигранти од Мароко

-

Полициски службеници, вчера попладне, при контрола на возило „шкода фелиција“, на регионалниот пат Овче Поле – Свети Николе откриле шверц на четворица марокански државјани, кои илегално влегле во земјава.

Како што информираат од МВР, возилото го управувал 37-годишниот Б.С. од Гостивар.

Полицајците, според МВР, се обиделе да запрат уште едно возило, марка „цитроен“, кое се движело зад „шкодата“, но тоа не застанало. „Цитроенот“ подоцна бил пронајден во близина на бензинската пумпа во Свети Николе, а возачот се дал во бегство.

По извршените проверки, полицијата утврдила дека сопственик на двете возила бил Б.С., а возач на „цитроенот“ бил 38-годишниот Ј.Р. од Гостивар. Тие требало да ги пренесат мигрантите до Куманово за сума од 20 евра по човек.

Сопственикот на возилата и илегалните мигранти се приведени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на „цитроенот“, велат од полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...