fbpx

Двајца ресенци во Прилеп продавале шверцуван „ред бул“ и алкохол

-

Инспектори од одделението за истраги на Царинската управа, неделава, во организирана акција заплениле поголеми количества шверцувани алкохолни и енергетски пијалаци, кои незаконски се продавале на подрачјето на Прилеп.

За нелегалната продажба, како што соопштуваат од Цариската управа, осомничени се две лица од Ресен.

„Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и на превозни средства, беа лоцирани лицата В.М и Д.М од Ресен, кои вршат неовластена продажба на алкохолни и на енергетски пијалаци на подрачјето на градот Прилеп и беа лоцирани локациите каде се продаваат пијалаците во Прилеп. На 17 февруари 2016 година, споменатите лица беа пресретнати и запрени на патниот правец Ресен – Битола. Во исто време, со наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес на дом и на други простории во Ресен, при што се пронајдени 480 парчиња од 0,25 милилитри eнергетски пијалак „ред бул“, 25 шишиња коњак „скендербег“, 25 шишиња узо „корча“, 7,5 литри маслиново масло, две шишиња ликер „менте“, повеќе од 70 разни ветеринарни лекови и друга стока“, стои во соопштението на Царината.

Запленетата стока, како што утврдиле инспекторите, била без соодветни документи и била пуштена во слободен промет без да бидат платени царинските и други давачки.

Од Царината додаваат дека по завршувањето на истрагата и комплетирањето на случајот, против двајцата осомничени ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...