fbpx
Таг: основно образование

таг: основно образование

„Метаморфозис“ предлага продолжување и продлабочување на консултациите за Концепцијата за далечинско образование

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, одговорајќи на јавната покана од Министерството за образование и наука (МОН) за Јавна консултација за нацрт верзијата на Концепцијата за далечинско образование, објави стручно мислење врз основа на своите досегашни искуства и специјалистичка експертиза во областа на ИКТ и образованието. Најнапред, „Метаморфозис“ смета дека дадениот рок до 10 јули е прекраток и предлага тој...

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да бидат навремено и правилно информирани....

Афинитетите на учениците и развој на наставниците во фокусот на новите закони во образованието

Министерството за образование и наука подготвува Закон за основното образование со кој се предвидува уредување на воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Како главна цел на новиот закон се наведува обезбедување системски пристап кон поттикнување на когнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на детето согласно неговите потенцијали...

Анализа и инфографик: Не ги заслуживме бесплатните учебници

Државата речиси 10 години наназад обезбедува бесплатни учебници за сите основци и средношколци во Македонија. Искуството и праксата низ годините покажаа дека децата и родителите не се грижат добро за нив, но одговорност за таквата ситуација сносат и одговорните во институциите, кои не наоѓаат начини тие да бидат поквалитетно изработени и печатени. Пред 10 години, државата им ги подели првите...

Ако имате раскасапен учебник, купете си нов во книжарница

Родителите на децата кои добиле искинати, мрсни и оштетени учебници, можат доброволно да си купат нови по книжарниците бидејќи нив ги има и во слободна продажба. Во Министерството за образование и наука информираат дека учебниците се јавно достапни. „Согласно член 6 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, издавачот во чија сопственост се одобрените учебници има...

Дескоска: И „Кембриџ“ предупредувал дека се брза со програмата за средно образование

Веднаш по одлуката за одложувањето на Кембриџ-програмата во средното образование, од „Кембриџ интернешнл“ бев информирана дека и тие со свои дописи уште во 2016 година изразиле загриженост за брзањето при воведување на оваа програма во средните училишта и со начинот на избор на учебниците, информираше министерката за образование и наука, Рената Дескоска. Образложувајќи го постигнатото во изминатите 100 дена, таа ги...

Десковска најави блокада за Кембриџ-програмата во средното образование

Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, денеска најави дека е почнат обид да се спречи воведувањето на Кембриџ-програмата во средното образование и вели дека е можно да се намали бројот на предметите во основното образование. Десковска рече дека се бараат правни механизми пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието. Министерката...

Заев: Се надевам дека до 5 јуни ќе го укинеме екстерното тестирање

Ние ќе побрзаме со формирањето влада за да можеме пред 5 јуни, датумот на екстерното тестирање, со одлуки или со закон да го укинеме овој експеримент, кој се покажа како неуспешен, рече мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот. - Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...