fbpx
Таг: основно образование

таг: основно образование

По реакцијата на дел од родителите, Царовска вели училиштата се подготвени за прием на учениците

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека училиштата се целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и за непречена реализација на квалитетна настава, и покрај зголемениот број на активни случаи на ковид-19 во земјава. Таа при денешната посета на основното училиште „Дане Крапчев“ во општина Гази Баба рече дека училиштата интензивно се подготвуваат за...

Наставниците бараат повисоки плати или ќе ја бојкотираат наставата од септември

Наставничкиот пленум се заканува дека ќе го бојкотираат почетокот на новата учебна година во основното и средното образование, доколку не им се зголемат платите на наставниците. Тие со писма се обратија до министерката за образование и наука Мила Царовска, како и до двата синдикати - Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Независниот синдикат за образование и наука...

МОН се подготвува учениците од септември да се вратат во клупите ако не се влоши состојбата со ковид-19

Министерството за образование и наука (МОН) подготви три сценарија за почеток на новата учебна година од 1 септември, кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб, информираат од МОН. „Министерството за образование и наука е подготвено за спроведување на сите три сценарија, но очекуваме да почнеме со првото сценарио. Сите во Владата сме согласни дека најдобро...

МОН отвори информативна веб страница за реформите во основното образование

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека отвори нова информативна веб страница на која може да се добијат информации за реформите што се креираат и спроведуваат во основното образование, според планот за промени и унапредување на квалитетот на националниот образовен систем. „На www.osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk медиумите и граѓаните може да се информираат за сите тековни и идни активности кои МОН и...

Промовирана Националната платформа за електронски упис на првачиња во учебната 2021/2022 година

Денеска во ООУ „Вера Циривири – Трена“ во Општина Карпош беше промовирана Националната платформа за електронски упис на првачиња за новата учебна 2021/2022 година. Од идната година, родителите ќе имаат избор дали да ги запишат своите деца преку електронскиот упис или тоа да го направат директно во училиштата преку хартиена форма. „Родителите ќе можат тоа да го направат и онлајн...

Во новата учебна година учениците од четврто одделение освен хартиени, ќе добијат и е-учебници

Новиот Закон за учебници ќе обезбеди квалитетни материјали за учење, а воедно нуди и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, согласно потребите и можностите на учениците и семејствата. Секој од родителите којшто смета дека нема да може неговото дете да учи електронски, ќе може да си го испечати учебникот и нема да има никаков проблем. Ова...

Со донации за компјутери и таблети, општините во обид да обезбедат пристап до онлајн настава за сите ученици

Далечинското учење, односно онлајн наставата, наметната од условите поради пандемијата, ја истакна нерамноправноста и неусогласеноста на уживањето еднакви можности за сите. Дел од учениците, но и професорите, се соочија со недостаток на дигитални уреди и алатки, но и пристап до интернет. Ова ја засили потребата општините да излезат во пресрет и да обезбедат пристап до образование во услови на...

Владата ќе се задолжи 21,5 милиони евра за унапредување на основното образование

средно училиште Панче Караѓозов
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го разгледува предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договор за заем за финансирање на проектот за унапредување на основното образование, по скратена постапка. Предлог-законот, предложен од Владата предвидува вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Меѓународната банка...

МОН: Граѓанскиот сектор оцени дека реформите се од најдобар интерес на учениците и наставниците

Добиваме огромна поддршка за предложената концепција за основното образование од граѓанските организации. Реформите се оценети дека се во најдобар интерес на учениците и на наставниците и со нив се јакнат основните граѓански вредности како што се: еднаквоста, инклузивноста, мултикултурноста и недискриминацијата, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска по состанокот на Министерството за образование и наука, Бирото...

Царовска: Новата концепција за основно образование е влез во новата ера и влог во иднината

Меѓународниот ден на образованието, 24 јануари, годинава се одбележува во време на пандемија што наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање на решенија за непречена настава и квалитетно образование. Министерството за образование и наука, МОН, продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро...

Пандемијата наметна промени во образованието како никогаш досега, средношколците бараа вклученост во носењето одлуки

Минатата година ова време никој не насетуваше дека образованието ќе се соочи со еден од најголемите предизвици досега. Со појавата на пандемијата со корона вирусот, минатогодишниот март беше клучната точка кога работите почнаа да се менуваат. Тогаш се затворија училиштата, градинките, па дури и факултетите. Беа забранети собири, наставата се пренесе на електронски алатки преку онлајн пристап, а студентите...

На час по интегриран предмет нема да влегуваат сите професори, туку секој професор ќе го предава својот дел

Интегрираните предмети нема да бидат предавани само од еден професор, односно на тој час нема да влегуваат тројца наставници по историја, граѓанско образование и географија. Секој од професорите ќе треба да го предава својот дел, односно секој ја предава лекцијата што припаѓа на неговата дисциплина, меѓутоа ќе треба да се договораат меѓусебно како тематски да предаваат одредена тема, со...

Спојувањето на повеќе предмети во еден ќе ги учи учениците критички да размислуваат, вели Царовска

Новата концепција за основно образование е навистина развојна, се базира на домашни и меѓународни истражувања и исто така се базира на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование, кои што даваат одлични резултати кај учениците, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната прес-конференција. „Ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден како главни носечки...

Во ноември 90 проценти од учениците ја следеле наставата онлајн

Стабилизирана е бројката на ученици кои се приклучија кон изведувањето на наставата на далечина и во ноември тој процент се движи околу 90 отсто. Ова денеска во Штип го соопшти министерката за образование и наука, Мила Царовска, која смета дека ова е засега најповолниот баланс меѓу здравствената криза и образовниот процес. Овој принцип останува до крајот на првото полугодие, што...

Во петок прогласување на победниците на конкурсот за НајООР наставник од основното образование

На 20 ноември (петок), со почеток од 13:00 часот, ќе се одржи краток онлајн настан преку платформата Zoom, каде Фондацијата Метаморфозис ќе ги објави победниците на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. На настанот ќе се обратат Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис, и Наташа Анѓелеска, постара програмска координаторка во Фондацијата Отворено општество – Македонија. Настанот...

Поради стереотипни и дискриминаторски содржини, МОН го повлече учебникот за петто одделение по македонски јазик

Министерството за образование и наука соопшти дека го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“ велат од МОН, потенцирајќи дека продолжуваат со силни реформски процеси...

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година. Медиумската писменост, според СДСМ,...

МОН ја стави во функција онлајн платформата за учење www.schools.mk

Министерството за образование и наука (МОН) од полноќ ја стави во функција веб-страницата на единствената национална платформа за онлајн учење www.schools.mk. На платформата веќе се достапни упатства за регистрирање на платформата, за начинот на функционирање на Office 365 и Microsoft Teams, како и за подготовка на лекции, квизови, домашни задачи и родителски средби онлајн. На веб-страницата се достапни и видео...

Пратениците утре ќе одлучуваат за промените во Законот за основно образование

Владата го испрати во Собранието предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование со кој се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на воспитно-образовната работа на основните училишта во услови на епидемија прогласена од заразни болести. Пратениците треба да одлучуваат по законските измени на седницата закажана за утре. Во предлог-законот се наведува дека при...

Родители бараат онлајн настава, МОН децидни – од септември ќе се учи во училница

„Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021 година“ е името на групата на Фејсбук, која брои околу 3.500 членови, а која деновиве „врие“ од коментари поврзани со стартот на новата учебна година. Многумина родители најавуваат дека нема да ги пуштат децата на училиште бидејќи како што велат, здравјето им е приоритет. Сепак, и покрај барањата наставата да се изведува...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...