недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Обединети нации | 286 резултати

Ѓорге Иванов и Бан Ки-мун разговараа за бегалската криза и за спорот со името

септември 24, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. – Чест и привилегија беше можноста да соработувам со Вас изминатите години, Вие сте еден од највидливите и најактивните лидери – истакна Бан за претседателот на Република Македонија, […]

ОН да најде сеопфатно решение за бегалската криза, порача македонската дипломатија

септември 24, 2016

Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи откако високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, вчера ги критикуваше властите на Македонија за систематската […]

ОН ја критикуваат Македонија за третманот на бегалците

септември 23, 2016

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, денеска ги критикуваше властите на Македонија за систематската политика на протерување и на затворање на мигрантите. Критиките доаѓаат по посетата на неговиот персонал на Македонија Ал Хусеин е особено загрижен поради ситуацијата на околу 180 мигранти, вклучувајќи и 80 деца, кои од март живеат […]

Неуспешен состанок за примирјето во Сирија

септември 23, 2016

Меѓународниот состанок на високо ниво за кризата во Сирија во Њујорк заврши без договор за тоа како да се заживее пропаднатото примирје што претходно го договорија Русија и САД. Американскиот државен секретар, Џон Кери, рече дека неговиот руски колега, Сергеј Лавров, не бил во можност да вети приземјување на сириските бомбардери и да го запре бомбардирањето […]

Ципрас во ОН: Заеднички прифатливо име со географска одредница за сите употреби

септември 23, 2016

Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница за сите употреби (ерга омнес) во преговорите за спорот за името со Македонија. Ова го истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, додавајќи дека Грција работи во насока на подобрување на односите со Македонија преку мерките за градење доверба и […]

Попоски и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за градење доверба

септември 22, 2016

Мерките за градење доверба беа една од главните теми за кои денеска во Њујорк разговараа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Двајцата министри одржаа средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, средбата поминала во добра клима, а […]

ОН се подготвени повторно да испратат помош во Сирија

септември 22, 2016

Обединетите нации соопштија дека се подготвени повторно да почнат да испраќаат хуманитарни конвои за Сирија, иако помошта за оваа земја беше сопрена по нападите на конвојот во понеделникот. Камионите ќе бидат насочени во одредени зони, но внимателно и претпазливо, рече претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Миструра. Во меѓувреме, САД ги испратија сите свои […]

Попоски: Државите од Балканот мора да бидат третирани како рамноправни партнери

септември 22, 2016

Министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, во рамки 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, се состанале со еврокомесарот Јоханес Хан и со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. На состанокот, кој е дел од Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска, било разговарано за поблиска регионална соработка и за […]

Иванов и Ал-Сиси разговараа за борбата против тероризмот и насилниот екстремизам

септември 21, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Њујорк во рамките на 71. Генерално собрание на Обединетите нации се сретна со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал–Сиси. На средбата, претседателите размениле мислења за актуелната состојба со мигрантската криза, како и за борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам, при што се согласиле дека е неопходно […]

Дамаск го критикува Бан Ки-мун за говорот во ОН

септември 21, 2016

Дамаск го обвини генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, дека неговиот говор пред ОН, во кој вели дека сириската влада е одговорна за најголемиот број убиени цивили во војната е далеку од Повелбата на светската организација. – Зборовите на Бан Ки-мун за Сирија се далеку од Повелбата на ОН, која треба да ја почитува лицето […]

Оланд: Мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија

септември 20, 2016

Сириската трагедија во историјата ќе биде набљудувана како срам за меѓународната заедница ако брзо не ја прекинеме, порача од Генералното собрание на ОН во Њујорк францускиот претседател, Франсоа Оланд. Во своето обраќање, Оланд истакна дека мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија и ги повика странските поддржувачи на сириската влада да наметнат мир. […]

Обама предупреди на пораст на национализмот и на популизмот во светот

септември 20, 2016

Американскиот претседател Барак Обама денеска на 71. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека е неопходно да се продолжат дипломатските напори за решавањето на сириската криза и истакна дека не постои воено решение на судирот. Обама, во своето последно обраќање на Генералното собрание во својство на претседател на САД, предупреди на пораст на […]

Попоски: Мигрантската криза треба да се реши на изворот

септември 20, 2016

Долгорочното справување со мигрантската криза значи решавање на проблемот во земјите кои се извор на мигрантскиот бран, порача вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во своето обраќање на тематската сесија за причините за миграција во рамки на Самитот за справување со големите движења на бегалци и на мигранти на отворањето […]

ОН ја запреа хуманитарната помош за Алепо

септември 20, 2016

Обединетите нации (ОН) привремено ја сопреа испораката на хуманитарна помош во Сирија по нападот во провинцијата Алепо, каде има најмногу мртви, меѓу кои и еден вработен во Црвената полумесечина, изјави во Женева портпаролот на канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош, Јенс Лерке. – Сите конвои се привремено запрени до новите безбедносни процени на […]

Ренци: Терористите доаѓаат во Европа со авиони, а не со чамци

септември 20, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека нема основа за поврзување на борбата против тероризмот со политиката што се однесува на миграцијата. Ренци рече дека терористите што стигнале во Европа не дошле со чамци, туку со удобни авиони. Тој рече дека екстремизмот во европските градови не се создава во бегалските кампови, туку во затворите. На самитот на светските лидери […]

Русија сака ОН со резолуција да го поддржат договорот за Сирија

септември 16, 2016

Русија сака Советот за безбедност на Обединети нации да донесе резолуција со која ќе го поддржи американско-рускиот договор за Сирија. Ова го изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, кој рече дека веќе се разговара за таква резолуција и дека таа би можела да биде донесена во среда за време на заседавањето на Генералното собрание […]

Бугарија ја услови поддршката на Бокова за генерален секретар на ОН

септември 14, 2016

Бугарската влада ќе продолжи да ја поддржува кандидатурата на Ирина Бокова за генерален секретар на Обединетите нации, но под услов таа да биде меѓу првите двајца кандидати на следните гласања. Ова вчера го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по повод пишувањата во медиумите дека Софија е можно да ја повлече кандидатурата на Бокова поради слабиот […]

Бугарија ќе го смени својот кандидат за генерален секретар на ОН

септември 10, 2016

Бугарската влада најверојатно ќе ја поддржи номинацијата на Кристалина Георгиева, актуелна еврокомесарка за буџет и за човечки ресурси, за генерален секретар на Обединетите нации, на местото на актуелната кандидатка, Ирина Бокова, велат владини извори во Софија. Ова, според најавите, најверојатно ќе се случи во вторник следната недела, за кога е закажан вонреден министерски состанок, а […]

Најавена истрага за нападот со хлорин во Алепо

септември 8, 2016

Организацијата за забрана на хемиското оружје најави истрага околу употребата на гас хлорин во сирискиот град Алепо, наведувајќи дека информациите за користење на гасот се вознемирувачки, јавуваат светските агенции. Се очекува и Советот за безбедност на Обединетите нации да ги разгледа извештаите на контролната група на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје, кои […]

Британија и Франција бараат ОН да воведат санкции за Сирија, Русија се противи

август 31, 2016

Велика Британија и Франција синоќа побараа од Советот за безбедност на Обединетите нации да донесе санкции против сирискиот режим по извештајот на ОН во кој официјален Дамаск се обвинува за напади со хемиско оружје. Британскиот амбасадор Метју Рикрофт и францускиот Франсоа Делатра го обвинија Дамаск за воени злосторства. Американската амбасадорка Саманта Пауер рече дека Дамаск […]

Страна 10 од 15