fbpx

ОН бараат Турција да го почитува владеењето на правото

-

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Рад ал Хусеин, ги повика турските власти да се придржуваат кон владеењето на правото во одговорот на неуспешниот обид за пуч во Турција.

Тој повика да им се овозможи на независните набљудувачи да ги посетат затворите во Турција за да ги проверат условите и третманот на затвореници, како и да им се овозможи на притворените контакт со адвокатите и со семејствата.

– Како последица на трауматското искуство, од круцијално значење е да се обезбеди почитување на човековите права, кои не смеат да бидат загрозени во име на безбедноста, како и да не се брза со казнување на тие што се сметаат за одговорни. Повторното воведување на смртната казна би било кршење на обврските на Турција кон меѓународното хуманитарно право и тоа би бил голем чекор во погрешен правец – рече Хусеин.

Во првите 48 часа по обидот за пуч во Турција се уапсени 6.000 лица, меѓу кои и високи воени претставници, членови на судскиот совет, судии од Уставниот суд, касациони судии и обвинители. Денеска продолжија апсењата во земјата. Уапсени се војници кои се осомничени за обид за напад на претседателот Ердоган, а се отпуштаат лица од работа во многу државни институции, вклучувајќи и 1.577 декани и професори од универзитетите во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...