fbpx
Таг: Никола Попоски

таг: Никола Попоски

Регионалниот самит помеѓу Македонија, Грција Бугарија и Албанија одложен за по изборите

Вториот регионален Самит на шефовите на дипломатиите на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија се одложи поради изборите во Македонија и новите политички турбуленции во Софија по претседателските избори. Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, кој беше иницијатор на оваа регионална средба, најави дека четворицата министри се договориле наместо на крајот на ноември, средбата да се одржи откако ќе се завршат...

Попоски и Фрај разговарале за изборите, регионалната соработка и за мигрантската криза

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ и главен известувач на пратеничката група на оваа партија за Македонија. „Попоски и Фрај разговараа за прашања поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, европските перспективи на нашата земја, претстојните избори, како...

Попоски: Од квалитетот на изборите зависи евроатланската интеграција на Македонија

Најзначајно е изборниот процес во Македонија да биде со највисок квалитет, изјави денеска во Берлин заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, на средбата со шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. - На ова работиме посветено, бидејќи зависно од квалитетот на изборниот процес, ќе се постави основа дали на база на претходните препораки...

Попоски до Павлопулос: Испочитувајте ја пресудата од Меѓународниот суд, па зборувајте за право

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, ѝ порача на Грција дека треба ја спроведе пресудата на Меѓуродниот суд на правдата, па потоа да говори за почитување на европското и на меѓународното право. - За воопшто да се говори за почитување на европското право од грчка страна, за почеток е добро да се удостои пресудата од Меѓународниот суд на правдата од...

Попоски: ОБСЕ е клучна за изборниот процес во Македонија

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, се обрати на втората сесија на годинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ, „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ“, што се одржа во Скопје. - Активностите на ОБСЕ во континуитет се имплементираат преку заеднички програми во функција на клучните државни приоритети. На овој начин ги поттикнуваме реформските процеси, истовремено исполнувајќи ја...

Попоски и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за градење доверба

Мерките за градење доверба беа една од главните теми за кои денеска во Њујорк разговараа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Двајцата министри одржаа средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, средбата поминала во добра клима, а министрите се фокусирале на разговорите...

Попоски: Државите од Балканот мора да бидат третирани како рамноправни партнери

Министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, во рамки 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, се состанале со еврокомесарот Јоханес Хан и со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. На состанокот, кој е дел од Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска, било разговарано за поблиска регионална соработка и за активна поддршка од членките...

Денеска во Њујорк, средба Попоски – Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, денеска во Њујорк ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Средбата, која ја најавија од грчкото министерство за надворешни работи, ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации. Коѕиас денеска ќе го придружува грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, а в...

Иванов и Попоски ќе присуствуваат на годинешното Генерално собрание на ОН

Делегацијата на Македонија на Генералното собрание на ОН годинава ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Иванов ќе има обраќање на генералната дебата на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Одржливи развојни цели: Универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Тој ќе се обрати и на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на...

Попоски: Владата ќе постапи по дел од барањата на Турција

Владата на затворена седница донела одлука да постапи по дел од барањата од Турција што беа испорачани по неуспешниот обид за пуч, изјави Никола Попоски, министер за надворешни работи за радио „Слободна Европа“. Попоски рече дека не може да коментира одлуки донесени на затворена владина седница и затоа не може да каже што конкретно побарала Турција ниту, пак, какви мерки...

Попоски: Потребен е рок за тоа колку една држава може да се држи како кандидат за ЕУ

„Mора да се дефинира временска рамка, да се постават стандарди колку време може една држава да се држи како кандидат за членка на Европската Унија, до моментот на почнување и на завршување на пристапните преговори. Така ќе се обезбедат и регионалниот мир и безбедност на долг рок“, истакнал вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, на панел-дискусијата за...

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Никола Попоски, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и наземјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и на 3 септември 2016 година во Братислава. Од Министерството за надворешни работи информираат дека на состанокот се дискутирало за борбата против тероризмот и...

Попоски на министерски состанок во Братислава

Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, од денеска е во дводневна посета на Братислава, каде ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција. Учеството на Попоски на состанокот е на покана на високиот...

Попоски во Потсдам: ОДИХР да обезбеди темелно набљудување на изборниот процес

Темелно набљудување на изборниот процес од страна на ОДИХР, била една од темите на кои било разговарано на денешните средби меѓу вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, и европските партнери, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ, што се одржа во Потсдам, Германија. Попоски, кој денеска учествуваше на неформалниот состанок,...

Позитивни оценки во Грција за посетата на Коѕиас

Средба во добра клима и позитивен чекор напред за градење доверба и за подобрување на билатералните односи. Ова се оценките во Грција за вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Скопје и за неговите средби со македонскиот колега Никола Попоски, македонските амбасадори и конзули, како и со премиерот Емил Димитриев и со претседателот Ѓорге Иванов. Сепак,...

Коѕиас пред амбасадорите: Нема да дозволиме надворешни мерки и санкции за Македонија

Македонија и Грција ја надминуваат недовербата и се на добар пат за дополнително да ги зацврстат меѓусебните врски, истакна денеска пред македонските амбасадори, конзули и дипломати, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас се обрати пред Амбасадорскиот совет и претставниците на македонските дипломатско-конзуларни претставништва по средбата со премиерот Емил Димитриев и со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Зачестените контакти меѓу...

Попоски со (не)одговор на прашањето дали има одлука за затворање на турските школи

Македонија единствено ги поддржува демократски избраните институции на Турција и во тој поглед ќе соработуваме со владата во Анкара во насока на помагање и на остварување на нивните цели, секако во рамките на нашето законодавство и во рамки на нашите интереси. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што одлучила...

Коѕиас – Попоски: Ако нема доверба меѓу партнерите, не може да има ниту брак

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Никос Коѕиас, денеска во Скопје разговараа за мерките за градење доверба и за нивното можно надградување и проширување, како и за железничка линија од Битола до Лерин и за градење гасовод од Солун до Македонија. Спорот за името, како што претходно најавија, не беше дел од разговорот меѓу...

Билатералните односи во фокус на говорот на Коѕиас во Скопје

Билатералните односи меѓу Грција и Македонија, европската перспектива на Македонија, спорот за името, иднината и случувањата во Европската Унија и приемот на државите од Западен Балкан во европското семејство се само дел од темите на кои ќе се задржи шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, во денешниот говор пред Амбасадорскиот совет во Министерство за надворешни работи во Скопје. Коѕиас денеска...

Македонија може да се справи со нов бегалски бран, тврди Попоски

Мигрантската криза не е завршена, но се преземаат мерки за спречување на можен нов белагски бран, оцени шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. - Не може да се каже дека бегалската криза е завршена иако состојбата на теренот е драстично и драматично изменета, во голема мера благодарение на нашите благовремени мерки во изминатата година, кога бевме соочени со голем наплив на...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...