fbpx
Таг: Никола Попоски

таг: Никола Попоски

Попоски: Договорот е жив, а СДСМ го има луксузот да одбере кога ќе оди на избори

Заменик-претседателот на Владата на Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска оцени дека Договорот од Пржино е жив и оти тој продолжува да претставува единствен излез од политичката криза. - Мислам дека имаме политички договор, тој политички договор останува жив и претставува начин за пребродување на оваа политичка криза, што подразбира и организирање избори во согласност со условите...

Попоски: Доаѓањето на Коѕиас е знак за зголемената комуникација меѓу двете земји

Утрешната посета на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, на земјава, е показател за зголемената политичка комуникација и дел од мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, пред почетокот на Амбасадорскиот совет, кој ќе се одржува во наредните три дена. - Посетата на грчкиот министерот за надворешни работи би...

Коѕиас в четврток доаѓа во Скопје

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас в четврток доаѓа во Скопје. Според неофицијални информации во Грција, Коѕиас доаѓа во Скопје на покана на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и ќе се обрати на Амбасадорскиот совет во Министерството за надворешни работи пред шефовите на дипломатско-конзуларните преставништва на Македонија. Коѕиас ќе има и тет-а-тет средба со Попоски, со кого последен...

Попоски го испрати Орав: Македонија ќе се приклучи на унија поинаква од денешната

„Идното членство на Македонија во Европската Унија е добар канал за насочување на долгорочните реформи. Ние ќе се приклучиме на унија што ќе биде многу поинаква од денешната“, истакнал вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, на прошталната средба со евроамбасадорот во заминување, Аиво Орав. „Амбасадорот Орав беше целосно ангажиран во нашата соработка, било на полето на реформите, политиките на ЕУ...

МНР: Македонските граѓани во Турција се безбедни

Македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин, информираат од Министерството за надворешни работи. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, остварил телефонски разговор со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу, кој му потврдил дека турските власти работат на враќање на редот и на мирот во Турција...

Нуланд и Попоски разговарале за политичката криза и за евро-атланските интеграции

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на Македонија. „Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема на средбата. Попоски и Нуланд...

Коѕиас и Попоски се фокусираа на мерките за градење доверба

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција беа во фокус на денешната средба меѓу Никола Попоски и Никос Коѕиас. Шефовите на македонската и на грчката дипломатија се сретнаа на маргините на  Самитот на НАТО во Варшава. Средбата поминала во позитивна клима и се оценува како позитивна за напредокот на односите меѓу двете страни. Според информациите на „Мета“, министрите разговарале...

Попоски денеска во Варшава ќе се сретне со Коѕиас

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска на маргините на Самитот во Варшава ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Попоски и Коѕиас последен пат имаа средба во Брисел во мај, на маргините на министерскиот состанок на НАТО. Во таа пригода двајцата министри разговараа за мерките за градење доверба, билатералните односи и соработка, но и за политичката ситуација...

Попоски и Јолевски на чело на македонската делегација на НАТО-самитот во Варшава

Делегација на Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе учествува на самитот на НАТО што денеска и утре се одржува во Варшава, Полска, соопштија од Министерството за надворешени работи. „Министерот Попоски ќе се обрати на состанокот на шефови на држави и на влади посветен на Авганистан, а...

Попоски и Хајндл разговарале за политичката криза и за евроинтеграциите

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, оствари средба со амбасадорот Јоханес Хајндл. За време на средбата, како што соопштија од МНР, било разговарано за европските перспективи на Македонија, политичкиот дијалог за надминување на тековната криза, што треба да резултира со спроведување на избори, како и за последиците од британскиот референдум за напуштање на...

Тодоров и Попоски и официјално нови вицепремиери на Владата

Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски, покрај раководењето со двата ресори, ќе ја извршуваат и функцијата вицепремиер на Владата. Тие, како што може да се види на интернет-страницата на Владата, и официјално се назначени за заменици на претседателот на Владата, Емил Димитриев. Ваквата одлука, според информациите на дел од медиумите, била донесена на владината седница што...

Попоски за Брексит: Македонија изгуби поддржувач во процесот на проширување на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, рече дека со Брексит, ЕУ ќе изгуби значајна земја членка, пренесува „Прес 24“. „За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит...

Попоски на состанок на ЦЕИ во Бања Лука

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Бања Лука ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатијата на земјите членки на Централноевропската иницијатива. Попоски, на покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, ќе претседава со состанокот. Како што соопшти МНР, министрите на состанокот ќе разговараат за актуелните односи и случувања во регионот и пошироко,...

Министерот Попоски во посета на Холандија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска е во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија. Од МНР информираат дека Попоски ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент, како и со раководството на Институтот за надворешни работи во Клингендал, каде што ќе одржи предавање...

Попоски на подготвителен министерски состанок за самитот Париз-Балкан 2016

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски денеска во Париз учествува на подготвителниот министерски состанок за Самитот Париз-Балкан 2016, кој на 4 јули ќе се одржи во француската престолнина Министрите на состанокот ќе известат за подготовките на своите земји за Самитот во Париз во областите на инфраструктурните проекти, како и за статусот на иницијативата за воспоставување Регионални канцеларии за млади. На...

Попоски се сретна со Нуланд на самитот на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата „Решителна подршка“ во Авганистан. Министрите разговараа за продолжување на мисијата во текот на...

Попоски се сретна со Коѕиас во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска  на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел се сретна со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. На средбата тие разговарале за мерките за градење дoверба, билатералните односи, но и за политичката ситуација во Македонија. Коѕиас побарал да биде информиран за политичките случувања во нашата држава и изразил надеж дека ситуацијата за брзо време ќе...

Попоски и Штајнмаер во Брисел разговарале за политичката криза

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер и неговиот македонски колега Никола Попоски, на средба во Брисел размениле мислења за актуелната политичка криза за земјава, твитна германското министерство за надворешни работи. Повеќе детали за средбата засега не се соопштуваат. Попоски е во Брисел на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, каде учествува на министерски состанок во рамките на Северно-атлантски...

Попоски e во Брисел, можна e средба со Хан

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски денеска е во посета на Брисел, потврдија за „Мета“ од македонското МНР. Засега не се знае точната агенда на Попоски, но на неа би требало да се најде и средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која ќе разговара за последниот развој на настаните од политичката криза во Македонија. Од Брисел засега...

Попоски и Де Хроут разговараа за надминување на политичката криза

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски во Скопје се сретна со државниот директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт де Хроут. Како што соопшти македонското МНР, на средбата било разговарано за тековните напори за надминување на политичката криза, во очекување на дискусиите на Советот за надворешни работи на ЕУ, следната седмица. На средбата била нагласена важноста на реформската агенда, вклученоста...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...