Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски во Скопје се сретна со државниот директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт де Хроут.
Како што соопшти македонското МНР, на средбата било разговарано за тековните напори за надминување на политичката криза, во очекување на дискусиите на Советот за надворешни работи на ЕУ, следната седмица.
На средбата била нагласена важноста на реформската агенда, вклученоста на сите политички фактори и очекувањата да се врати вербата дека Република Македонија има веродостојна иднина како членка на ЕУ.