fbpx
Таг: Nikola Gruevski

таг: Nikola Gruevski

Владата размислува да воведе зелен картон за еден месец

Премиерот Никола Груевски истакна дека Владата размислува, покрај едногодишниот, да воведе едномесечен зелен картон. При посетата на на охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека Владата подготвува одредени измени во постојната законска регулатива. – Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за...

Ахмети се приклучи на средбата Хан-Груевски-Заев

Во резиденцијата на ЕУ на Водно, каде се водат разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со Груевски и со Заев, пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Него го пречека амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Во придружба на Ахмети се министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ. Неофицијално, во 15 часот на средбата...

Груевски на економски форум во Тирана

Премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе учествува на сесијата на Виенскиот економски форум, која се одржува во Тирана. Темата на актуелниот Виенски економски форум е „Од Берлин до Виена - враќање на геополитичката сигурност за Западниот Балкан“. Македонскиот премиер Никола Груевски ќе има обраќање на форумот, во кое се очекува да говори за стратешките цели...

Почна лидерската средба, на местото на Дескоска се појави Шекеринска

Точно навреме, денеска почна третата лидерска средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. На средбата се присутни и набљудувачите, амбадорот на САД, Џес Бејли, и на Европската унија, Аиво Орав. Промена во екипата има кај СДСМ. Наместо Рената Дескоска-Тренеска, пристигна заменик-претседателката Радмила Шекеринска. Другите лидери се со екипите што ги придружуваа...

Изложба на автентични македонски копаничарски дела во Рим

По повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, синоќа во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“, пренесува МИА. Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела. Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Македонија и годинава, по 47....

Премиерот Груевски го покани папата да ја посети Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска, заедно со владината делегација, во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизбета Канческа-Милевска, во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, јавува МИА. Премиерот Груевски го запознал папата со повеќе области и прашања важни за државата, како и со нејзините стратегиски интереси за членство во НАТО...

Груевски: Денешните предизвици ќе бидат зад нас

Нашиот народ поминал низ бројни искушенија и убеден сум дека и овие ќе нè направат посилни и поубедени во нашата заедничка цел - развој, просперитет и градење сигурна иднина, се вели, меѓу другото, во честитката на премиерот Никола Груевски по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители. Во неа, тој истакнува дека делото на светите браќа...

Владина делегација во посета на Ватикан

По повод чествувањето на 24 мај, денот на Св. Кирил и Методиј, владина делегација денеска ќе престојува во Ватикан. На аудиенцијата кај папата Франциск ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Тие ќе остварат средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Петро Паролин. Во Рим е и делегација на Македонската православна...

Груевски во Рим привлекува италијански инвестиции

Премиерот Никола Груевски и министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, оствариле средба со италијански бизнисмени во Рим. Ним им биле презентирани можностите за инвестирање во Македонија. На средбата присуствувале сопственици и менаџери на компании од повеќе сектори, како автомобилската, електронската, текстилната и дрвната индустрија, но и од енергетскиот сектор. - Дел од нив веќе беа запознаени со условите за инвестирање...

Груевски и Богов предупредуваат за „вознемиреност“ кај инвеститорите и кај компаниите

На синоќешниот собир „Македонија силна“, премиерот Никола Груевски истакна дека иако досега немаше посериозни штети за економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека „ќе паѓало крв“, почнале да ѝ прават проблем на македонската економија, особено во делот на извозот. - Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори, исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се...

Заев насамо со Бејли и со Орав на паузата од лидерската средба

По 40 минути од втората лидерска средба, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА излегоа на консултации, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одржува одвоена средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Засега нема информации како течат преговорите. Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е засилен со министерот за здравство, Никола Тодоров. Али Ахмети и Мендух Тачи цело време на паузата се...

Груевски денеска отвори фабрика во Кочани

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на фабрика на холандската компанија „Антхура интернационал БВ“, во Кочани. Оваа компанија треба да инвестира повеќе од шест милиони евра и планирано е да се вработат 300 лица од кочанскиот регион. Станува збор за фабрика која ќе произведува орхидеи и украсни цвеќиња со најсовремена технологија, кои треба да бидат пласирани на странските...

Економските најави на Груевски од Куманово

Премиерот Никола Груевски, по неговиот реизбор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата, ги најави следните чекори што ќе ги преземат како Влада за подобрување на економската состојба: Ќе продолжат со напорите за отворање нови работни места и за намалување на невработеноста; Работат и стојат зад ветувањето за отворање на 64.000 нови работни места за време на мандатот; Од новиот проект „Македонија...

Станишев: Политичката криза сериозно ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија

Евроинтреграцијата на Македонија е доведена под знак прашање поради политичката ситуација во земјата, оцени денеска во Софија бугарскиот европратеник Сергеј Станишев. - Ако политичката криза во Македонија продолжи да ескалира, ако дојде до апсења на лидерот на опозицијата, за што има голема веројатност, ако продолжи недостигот од дијалог, постојат сериозни ризици Европската комисија и Европскиот парламент да ги преиспитаат изгледите за...

Груевски во Прилеп вети три нови инвестиции, 2350 вработувања и подолго породилно

На народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, лидерот на партијата, Никола Груевски, најави три инвестиции и нови 2350 вработувања. - Да ги најавам германската фирма „Акомпласт“, која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и со 250 вработувања. Првите вработени овој месец ќе се испратат на усовршување во матичната фирма во...

Груевски од Прилеп: Си ги знаеме маните, но ваков СДСМ не ни е алтернатива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, денеска се обрати на народниот собир што ВМРО-ДПМНЕ го организираше во Прилеп. Груевски на почетокот од говорот истакна дека градоначалникот Марјан Ристески во соработка со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сработил повеќе од 400 проекти во овој град. Пред насобраните граѓани потоа говореше за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кого кажа...

МВР апелира да не се објавуваат нови снимки на „Јутјуб“

„МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. На прашање на „Мета“,...

Спорните снимки сè уште на „Јутјуб“, МВР „постапува“

Снимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на кои двајцата разговараат за доказите од случајот „Бомба“ и за нивното потекло, сè уште се достапни на интернет-сервисот „Јутјуб“. Обвинителството во вторникот, преку соопштение, информираше дека побарало од Министерството за внатрешни работи (МВР) да стапи во контакт со „Јутјуб“ и да побара отстранување на снимките, но...

СДСМ: Носењето на законските измени среде ноќ е доказ за неискрените намери на власта

Воведувањето т.н. државен испит и спорните измени на Законот за високо образование, без да се земат предвид ставовите на студентите, академската заедница и на широката општествена јавност е класично насилство на власта на Никола Груевски, оцени СДСМ во реакцијата во врска со изгласувањето на пакетот закони за основното и за високото образование од Собраниската комисијата за образование, наука и...

„Професорски пленум“: Вчерашната „дебата“ е нелегална, нелегитимна и многу задоцнета

„Професорски пленум“ денеска преку соопштение реагираше на вчерашната дебата во Собранието за предложените законски измени во високото образование. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението. „Почитуван Премиере, Професорскиот пленум нема да биде соучесник во кршењето на принципот на владеење на правото, на поделбата на власта и на деловнички утврдената процедура при изменувањето на Законот за високо образование. Упатената „покана“ од Ваша...

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...