петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: #Nedarticlemkd | 71 резултати

„Рамковни административци“ сè уште чекаат трансфер, некои се преселиле во странство, а дел дале откази

27 јуни 2022

Откако многу години седеа дома и земаа плата, власта лани се обиде да го заокружи процесот на распределба на вработените според програмата за правична и соодветна застапеност, надвор од критериумите за мерит-систем. Сепак, податоците што ги обезбедивме покажуваат дека овој процес уште не е комплетиран, бидејќи за 137 службеници процедурата сè уште е во тек, […]

Партиите станаа иматели на информации од јавен карактер, но останаа недоволно транспарентни

24 јуни 2022

Три години откако беа опфатени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кој станаа иматели на информации од јавен карактер поврзани со нивното финансиско работење, политичките партии сé уште не се на задоволително ниво на транспарентност во делот на приходите и расходите. Сепак, тоа се оценува како добар почеток во иднина […]

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

21 јуни 2022

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и претседетлката на УО на СЕММ, Катерина Синадиновска, се согласуваат […]

Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

13 јуни 2022

На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43,5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54,8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со […]

Вистиномер: Министерот Спасовски не може да бара притвор за осомничени или обвинети лица

10 јуни 2022

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјавата вели дека „МВР бара притвор бидејќи се исполнети условите за такво барање“, а во врска со подметнатиот пожар пред влезната врата на културниот центар „Ванчо Михајлов“. Министерството не е институција која може да бара притвор за одредено осомничено лице. МВР единствено може да поднесе кривична пријава до […]

Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

1 јуни 2022

Преку платформата за интероперабилност веќе се поврзани судовите со МВР, Јавното обвинителство, Царинската управа, Централниот регистер, ДИК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ДКСК и МНАВ – Агенцијата за цивилно воздухопловство. На Платформата за интероперабилност се приклучени 39 институции, со тенденција да се приклучат уште 15 институции. Ова, меѓу другото, се вели во […]

Контраспин: Собранието е со драстичнo намалена ефикасност – спинуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

16 мај 2022

Статистиката што ја употребува ВМРО-ДПМНЕ дека биле поефикасни од СДСМ, но и СДСМ кога говори да се врателе платите и дека 99,5 отсто пратениците од опозицијата блокирале, не смее да се употребува за дневно политички цели. Само еден површен поглед врз бројот на одржани и завршени седници од 2018 до 2021 покажува дека ефикасноста мерена […]

Светски ден за слобода на медиумите: Секој втор медиумски работник сака да најде нова професија

3 мај 2022

За тоа каква е состојбата со медиумите и статусот на новинарите во земјава говорат податоците од анкетата спроведена од Синдикатот на новинари и медиумски работници, каде половина од испитаниците се изјасниле дека би ја напуштиле професијата ако им се укаже прилика, 72,7 отсто од младите новинари кажале дека немале ментор кога започнувале да работат, а […]

Институциите „неми“ за медиумите: Тетовските новинари мака мачат да дојдат до информации

12 април 2022

Повеќето институции во Тетово се затворени за медиумите, а со тоа и јавноста нема никакви информации за  нивните активности. Најчесто се работи за регионалните дирекции на државните институции, судството и обвинителство, но и тетовската клиничка болница. Голем дел од институциите не ја разбираат потребата на медиумите, а со тоа и на јавноста, за навремени, точни […]

Вистиномер: Речиси еден милион евра ќе платат дел од општините за привремени вработувања

11 април 2022

Само од 1 јануари 2022 година до крајот на март, склучени се над 20 договори меѓу општини и агенции за привремени вработувања кои чинат речиси еден милион евра. Највисоки суми за ангажирање агенции за привремени вработувања имаат општините Тетово (297 илјади евра), Охрид (речиси 70 илјади евра), Гази Баба (речиси 200 илјади евра), Брвеница (73 […]

Слободата на изразување е нарушена поради закани и недостиг на медиумски реформи, забелешки и од Брисел

11 април 2022

Слободата на изразување е еден од клучните критериуми што секоја земја-аспирант за членство во ЕУ мора да ги исполни. Според новата методологија за проширување, поглавјето за слободата на изразување и медиумите припаѓа на првата група, онаа на основните права. Сепак, во Извештајот за напредокот беше забележано дека Северна Македонија постигнала ограничен напредок во областа на […]

Вистиномер: Се кастрат средствата за превенција од ХИВ, невладините стравуваат од пораст на нови инфекции

31 март 2022

Четиринаесет невладини организации кои работат на проблематиката за превенција на ХИВ во Македонија, се разочарани од тоа што Министерството за здравство го скратило буџетот за оваа намена за 40 проценти. Тие бараат итно коригирање на предвидениот буџет за да се  овозможи непречено функционирање и стандардизирање на превентивната програма, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во […]

Контраспин: Трифонов спинува – Бугарите во С. Македонија без страв ја истакнуваа својата етничка припадност на пописот

30 март 2022

Со вадењето бугарски пасош, преку релативно лесниот начин да се стигне до него, беше отворена врата за македонските граѓани да имаат слободен влез и можност за работа во ЕУ. За ова се пишува и зборува со години, притиснати од економската криза, со надеж дека ќе обезбедат работа или школување во Европа, многумина изминатава деценија посегнуваат […]

ЕУ ја критикува Северна Македонија за 1.000 диви депонии и десетици диви комунални депонии

29 март 2022

Исполнување на „Зелената агенда“ е многу важен чекор во патешествието на Северна Македонија кон Европската Унија. Во последниот извештај за напредокот објавен од Европската комисија нашата земја доби голем број критики во однос на животната средина и екологијата. Државните институции треба да ја подобрат меѓусекторската координација, да ги зголемат средствата за намалување на загадувањето на […]

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Заев, Ковачевски и Каевски биле голтари пред да влезат во политиката

26 март 2022

Пејоративниот збор „голтар“ искористен за опишување на овие јавни личности, освен што е навредлив, не ја отсликува реалната состојба. ВМРО-ДПМНЕ со своето соопштение ги спинува реалните факти и со тоа ја манипулира јавноста да поверува во нешто што не е вистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Опозициската […]

Вистиномер: Осум илјади млади жени во Шуто Оризари оставени без матичен гинеколог

25 март 2022

Во Шуто Оризари има 8.000 жени кои се во репродуктивен период, а немаат пристап до примарна здравствена заштита – гинеколог. Овој проблем се провлекува повеќе од 10 години, постојано наидуваме на игнорантски однос од страна на институциите. Исто така, нема интерес и од страна на даватели на услуги, кои за жал имаат стереотипи и предрасуди […]

Вистиномер: Владата предводена од СДСМ не го затвори „Југохром“

22 март 2022

Комбинатот „Југохром“ се затвори во ноември 2016 година  поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на 31 октомври 2016 година.Тогаш со централната власт не раководеше СДСМ, туку пржинската влада на чело со техничкиот премиер Емил Димитриев од ВМРО ДПМНЕ, партија од која доаѓа  градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски. СДСМ […]

Вистиномер: Патот кон ЕУ затрупан со опструкции од соседите, но и со неспроведени реформи

15 март 2022

Граѓаните како најголем виновник за застојот во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија ги посочуваат опструкциите од соседните земји кои се членки на ЕУ, но има и такви кои сметаат дека државата не направила доволно во реформскиот процес. Ова доведува до пораст на поддршката за Евроазиска унија предводена од Русија, покажуваат двете […]

Вистиномер: Граѓаните кај Народниот правобранител најмногу се жалат на судството и работните односи

13 март 2022

Канцеларијата на Народниот правобранител, во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија е посочена како централно тело за унапредување и заштита на човековите права. Оваа институција за време на пандемијата издаде специјални извештаи и препораки за образованието преку интернет, за правата на децата и лицата со попреченост како и за лицата […]

Вистиномер: Кој го кочи давањето информации од јавен карактер?

10 март 2022

Од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, велат дека Законот не дозволува да се казнуваат службениците кои кријат информации од јавен карактер. Оттаму нагласуваат дека заради законските ограничувања може да ги казнува само назначените лица за посредување при остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен […]

Страна 1 од 4