fbpx
Таг: напади

таг: напади

Состанок на министрите на ЕУ поради нападите во Брисел

Министрите за правда и за внатрешни работи на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок во Брисел, по серијата бомбашки напади во градот, јавуваат холандски извори. Министерот за правда на Холандија, Ард ван дер Стеур, денеска претходно рече дека министрите на ЕУ ќе се сретнат на барање на Белгија за да разговараат за терористичките напади во Брисел. Одговорноста за бомбашките напади...

„Би-би-си“: Главниот осомничен за нападите во Брисел и понатаму во бегство

Британскиот јавен сервис „Би-би-си“, повикувајќи се белгиски медиуми, јавува дека сè уште не е уапсен Најим Лачрау, третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел. Во тек е полициска акција на подрачјето на Андерлехт. Белгискиот весник „Дерниере хуре“ претходно, повикувајќи се на полициски извори, објави дека е уапсен Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година и е жител на белгиската општина Шаербик. Полицијата...

Уапсен третиот осомничен на нападите во Брисел

Третиот осомничен за нападите на бриселскиот аеродром, Најим Лачрау, наводно е уапсен во бриселската општина Андерлехт, јавува белгискиот весник „Дерниере хуре“, повикувајќи се на полициски извори. Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година, е жител на белгиската општина Шаербик, која е дел од бриселскиот регион. Белгиското министерство за здравство соопшти дека во вчерашните напади, за кои одговорноста ја презеде...

Европските лидери најавуваат одбрана на демократијата

Европската унија порача дека ќе ја брани демократијата и толеранцијата и оти ќе се борат против тероризмот „на сите можни начини“ по тројниот напад во Брисел. Во заедничкото соопштение, лидерите на ЕУ наведуваат дека нападите биле удар на „отвореното демократско општество“, изразувајќи солидарност со Белгија. „ЕУ и нејзините членки се одлучни заедно да се соочат со заканата со сите неопходни средства....

Зголемен степенот на готовност во седиштето на НАТО

Седиштето на НАТО во Монс, оддалечено 65 километри од Брисел, е на висок степен на готовност поради денешните терористички напади во главниот град на Белгија. Во нападите на аеродромот и на метро-станиците во близина на седиштето на ЕУ, загинаа 34, а ранети се 230 лица, од кои десетина се во критична состојба. - Сите застанавме со нашиот сојузник Белгија на овој...

Полициски рации во Белгија, издадена потерница за едно лице

Белгиската полиција врши рации во земјата по денешните терористички напади на аеродромот и на метро-станиците во Брисел, соопшти белгиското федерално обвинителство. Властите соопштија дека можна е поврзаност меѓу нападите во Брисел и тие во Париз, но оти сè уште се истражуваат овие сомнежи. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија соработува со Белгија за да ги пронајде и да ги казни...

Сириска опозиција: Нападите во Брисел укажуваат на важноста на мирот во Сирија

Терористичките напади во Брисел укажуваат на значењето за наоѓањето политичко решение за Сирија на преговорите во Женева, како и да се избегне „хаосот“ како во Европа, така и на Блискиот Исток, оцени денеска сириската опозиција. - Нападите уште еднаш го покажуваат лудилото на терористите, кои пустошат на Блискиот Исток и го гаѓаат срцето на Европа – изјави Басма Кодмани, портпаролка...

Црн ден за Белгија: 34 загинати и 136 повредени

Белгискиот јавен сервис „Ве-ер-те“ објави дека е зголемен бројот на жртвите во нападите во Брисел и оти тој се искачил на 34 лица. Дваесет лица се убиени во експлозиите на метро-станицата, а 14 во експлозиите на аеродромот. Во двата напади повредени се 136 лица. Белгискиот премиер Шарл Мишел на прес-конференција изјави дека ова е „црн ден“ за Белгија и ги повика...

Европските лидери со осуда за нападот во Брисел и со поддршка за народот

Европските лидери ги осудија терористичките напади во Брисел, а изјави на сочувство и на поддршка до белгискиот народ стигнуваат од сите страни. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „неговите мисли се со народот на Белгија“ и го осуди „варварскиот напад во Брисел“. Во осуда на терористичкиот напад во Белград се вклучи и Австрија. Канцеларот Вернер Фарјман и вицеканцеларот Рајнхлд Митерленер ги...

Најмалку 16 загинати во напад во Сирија

Најмалку 16 цивили, меѓу кои и осум деца загинале денеска во нападите во Рака, на северот на Сирија, соопшти денеска сириската опозициска Опсерваторија за човекови права и додаде дека не се знае кој е одговорен за тие напади. - Бројот на жртви би можел да биде поголем, бидејќи во нападот се повредени и исчезнати околу 40 лица - информираат од...

Најбараниот терорист во светот, Абдеслам, е ранет и уапсен во Брисел

Белгискиот државен секретар за азил и за миграција, Тео Франкен, потврди дека во Брисел денеска е уапсен Салах Абдеслам, водачот на терористичките напади во Париз. Абдеслам најпрво бил ранет, а потоа и уапсен во драматична полициска акција во Моленбек, предградие на Брисел кое е засолниште на исламистите. Белгискиот премиер Шарл Мишел и францускиот претседател Франсоа Оланд заедно го напуштиле состанокот на...

Отпечатоци од прсти на Абдеслам најдени во станот во Брисел

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека во станот во Брисел, кој беше цел на полициска операција оваа недела, биле пронајдени отпечатоци од прсти што му припаѓаат на главниот осомничен за париските напади во ноември минатата година, Салах Абдеслам, пренесува „Би-би-си“. „Можеме да потврдиме дека отпечатоци од прсти на Салах Абдеслам се најдени во станот во бриселската област Форест“, изјавил портпаролот...

Камерунските власти осудија на смртна казна 89 припадници на Боко харам

Властите во Камерун осудиле на смртна казна 89 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на извештаи на камерунските медиуми. Одлуката ја донел воениот суд на земјата, а осудените се товарат за тероризам поради нивната вмешаност во повеќе напади во североисточниот регион на Камерун што граничи со Нигерија. Камерун во 2014 година го донесе законот против тероризам, во...

Во Париз уапсени четири лица под сомнеж дека планирале напад

Француската противтерористичка организација уапсила четворица радикални исламисти поради сомневање дека планирале нов напад во центарот на Париз, пренесуваат француските медиуми. Тројца мажи и една жена се уапсени во раните утрински часови во Париз во приградското место Сен Дени на Сена. Полицијата имала досиеја за сите четворица и индиции за нивна поврзаност со радикален ислам. За време на апсењето, запленети се неупотребен шаржер...

Израелската војска уби тројца палестински напаѓачи

Израелските војници денеска убиле тројца палестински напаѓачи, кои претходно раните четири војници во два напад во рок од 30 минути, на двата краја на еврејската населба Кирјат Арба, на Западниот брег, јавуваат израелските медиуми. Војската соопшти дека двајцата Палестинци отвориле оган на пешаци на автобуска станица на крајот на населбата и полесно раниле еден војник. Подоцна напаѓачите се убиени....

Расте бројот на загинатите во Анкара

Триесет и седум загинати и 125 повредени е последниот биланс од експлозијата на автомобил-бомба во центарот на турскиот главен град Анкара, соопшти турскиот министер за здравство. Мехмет Муезингоглу рече дека во болница се префрлени 125 повредени, од кои 19 се во критична состојба. Се верува дека меѓу загинатите се и двајцата напаѓачи. Министерот за внатрешни работи најави дека името на...

Девет цивили убиени во нападите во Алепо

Најмалку девет цивили се убиени, а десетици се ранети вчера кога бунтовниците испукале минофрлачки гранати и ракети на мнозинскиот курдски кварт во градот Алепо, соопшти сириската курдска група Единици за народна заштита. Портпаролот на групата, Редук Хелил, рече дека во нападите во квартот Шеик Максуд се убиени девет цивили, меѓу кои има четири деца, две жени и три мажи. Сириската опсерваторија...

Нови напади на исламистите, во Сомалија загинаа најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица загинаа во два напади на исламистичката група Ал шабаб во сомалискиот град Баидоа. - Бројот на жртви се зголеми на 30 и сите се цивили, а 61 лице е повредено од кои 15 тешко - изјавил регионалниот гувернер Абдурашид Абдулахи. Милитантите од Ал шабаб на прометна крстосница во Баидоа активирале автомобил-бомба, додека мета на вториот напад бил ресторан. Ал шабаб често...

15 лица загинаа во самоубиствени напади во шиитска џамија

Во два самоубиствени напади во шиитската џамија во Багдад, денеска загинаа најмалку 15 лица. Педесет лица беа ранети во двојниот напад врз исламскот храм во квартот Шула. Првиот напаѓач детонирал ремен со експлозив во внатрешноста на џамијата, а вториот го сторил истото, но во момент кога на местото на првата експлозија се собрале службеници на силите за безбедност. Меѓу загинатите има и четворица полицајци. Сè...

Повеќе од 150 загинати во вчерашните напади во Сирија

Во вчерашните напади на џихадистите на Исламска држава во Сирија загинаа повеќе од 150 лица, додека САД и Русија преговараат за воведување прекин на огнот. Во Хомс, третиот по големина сириски град, вчера загинаа 59 лица, додека во два самоубиствени напади на шиитско светилиште во предградие на Дамаск загинаа најмалку 83 лица. Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, веднаш...

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска се сретнаа претстевници на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кои ја договараат идната владина коалиција. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо...