fbpx

Европските лидери со осуда за нападот во Брисел и со поддршка за народот

-

Европските лидери ги осудија терористичките напади во Брисел, а изјави на сочувство и на поддршка до белгискиот народ стигнуваат од сите страни.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „неговите мисли се со народот на Белгија“ и го осуди „варварскиот напад во Брисел“.

Во осуда на терористичкиот напад во Белград се вклучи и Австрија. Канцеларот Вернер Фарјман и вицеканцеларот Рајнхлд Митерленер ги осудија нападите во Брисел, оценувајќи дека се кукавички и варварски чин.

„Нападите на цивилното население во центарот на Европа се за секоја осуда“, се вели во реакцијата на австриската влада, која се солидаризира со белгискиот народ.

Европа, како што се истакнува во соопштението, мора единствено да се бори против тероризмот и за сочувување на демократските вредности.

Сочувство со блиските на жртвите, на твитер-профилот изрази и европскиот комесар Јоханес Хан. Тој напиша: „Терористички напад во срцето на Европа. Моите мисли се со жртвите и со нивните сакани. Да останеме силни, бестрашни и доследни на нашите вредности“.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изрази жалење за невините жртви, осудувајќи ги нападите на аеродромот и во метроата. Им порача на граѓаните да се чуваат и да ги следат упатствата од властите.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд и британскиот премиер, Дејвид Камерон, свикаа итни состаноци со безбедносниот врв.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на „Твитер“ напиша: „ЕУ му ја враќа на Брисел солидарноста и ќе им помогне на Брисел, Белгија и на Европа да се изборат со терористичките закани“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...