Полициски рации во Белгија, издадена потерница за едно лице

-

Белгиската полиција врши рации во земјата по денешните терористички напади на аеродромот и на метро-станиците во Брисел, соопшти белгиското федерално обвинителство.

Властите соопштија дека можна е поврзаност меѓу нападите во Брисел и тие во Париз, но оти сè уште се истражуваат овие сомнежи.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија соработува со Белгија за да ги пронајде и да ги казни извршителите на нападите во Брисел.

– На секој можен начин се работи со белгиските служби за безбедност за да ги пронајдеме, откриеме и да ги казниме извршителите на денешните злосторства – рече Меркел.

Полицијата издаде потерница по маж кој е забележан на бриселскиот аеродром непосредно пред експлозиите. Властите велат дека маж со шапка, кој бил регистриран на безбедносните камери на аеродромот, е осомничен за вмешаност во денешниот напад.

Во меѓувреме, холандската полиција истрелала неколку куршуми за време на потерата и апсењето на неколку осомничени во центарот на Амстердам, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на корисници на социјалните мрежи, кои биле сведоци на настанот. Засега не се знае дали апсењата се поврзани до денешните терористички напади во Брисел, во кои загинаа 34, а повредени се 230 лица. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава, која во соопштението наведе дека за сите акции против нив, ќе одговорат со „црни денови“.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...