fbpx
Таг: напади

таг: напади

Уапсени седум припадници на ИД кои подготвувале напади во Русија

Седум припадници на Исламска држава, кои подготвувале терористички напади во Русија, се уапсени во Екатеринбург, во областа Урал, соопшти Руската федерална служба за безбедност. Лидерот на групата исламисти во Русија дошол преку Турција. Џихадистите планирале терористички напади во најголемите градови во Русија, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, а потоа требало да побегнат во Сирија. - Вооружените напаѓачи планирале големи терористички напади со...

Силите на Асад напредуваат кон Алепо

Сириската војска зазела повеќе клучни села северно од градот Алепо, со што би можело да дојде до пробивање на долгата опсада на двете шиитски места од страна на бунтовниците. Владините сили ја обновиле безбедноста и стабилноста во селото Хардатнеен, пренесува сириската државна агенција САНА. Преземањето на ова место го потврди и сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, која...

Евакуирани 20 училишта во Австралија поради анонимни закани

Речиси 20 училишта низ Австралија се евакуирани по низа анонимни повици и закани со напад, јавуваат локалните медиуми. Медиумската мрежа „Најн њуз“ јави дека училиштата биле евакуирани по телефонски повици во државите Викторија, Квинсленд и Нов Јужен Велс. - Очигледно е дека постои шаблон на овие лажни тревоги чијашто цел е да направат метеж и да привлечат медиумско внимание - изјавиле...

Израелската војска го блокира влезот на Рамала

Израелските сили за безбедност денеска го блокираа влезот во Рамала за лица што не живеат во овој град на Западниот Брег, каде се наоѓа седиштето на палестинските власти, соопштија властите во Ерусалим. Голем број лица што живеат во Рамала, меѓу кои Палестинци, странски дипломати и претставници на меѓународни хуманитарни организации, секој ден патуваат во овој град на работа. Израелската војска додаде дека мерката...

Могерини: Нападите во Дамаск се против покренување на политичкиот процес

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека нападите на Исламска држава во Дамаск, во кои беа убиени повеќе од 60 лица, „очигледно се насочени против обидите да се покрене политички процес“ и да се стави крај на судирите во Сирија. Три бомби, од кои една автомобил-бомба и две активирани од бомбаши-самоубијци, експлодира вчера во близина на шиитското светилиште Сајид...

Талибанците најавуваат напади на школи во Пакистан

Талибанската фракција одговорна за масакрот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на Пакистан, денеска објави видеопорака во која се најавува дека ќе ги целат школи во земјата, нарекувајќи ги „расадници“ на лица кои го доведуваат во прашање законот на Алах. Во видеозаписот, кој брзо се ширеше преку „Фејсбук“, е прикажан Халиф Омер Мансур, чија фракција ја презеде одговорноста за нападот на...

Осуда за терористичкиот напад во Истанбул

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, гo осудија денешниот напад во Истанбул, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде одлучен. - Европа плаќа висока цена за тероризмот, кој се обидува да ја ослаби нашата доверба во човековите вредности и да го поткопа нашиот начин на живот, но тоа нема да...

Германија почнала да враќа поголем број мигранти во Австрија

Германија, од почетокот на овој месец, почнала да враќа во Aвстрија зголемен број мигранти кои немаат валидни документи или, пак, не сакаат да бараат азил во земјата, соопштила австриската полиција, пренесува „Би-Би-Си“. Поголемиот број од лицата што германските власти ги враќаат назад во Австрија, не биле Сиријци, туку главно државјани на Авганистан, Мароко и на Алжир. „Бројот на мигранти кои во просек...

Фабиус: Русија и Сирија да ги прекинат нападите врз цивилите

Шефот на француската дипломатија, Лоран Фабиус, по средбата со претставникот на сириската опозиција, Раид Хијаб, во Париз истакна дека е потребно Сирија и Русија да ги прекинат операциите против цивилите. - Повикуваме да се прекине опсадата на градовите за хуманитарната помош да стигне до тие на кои им е потребна. Побарав од нашиот постојан претставник на ОН да го консултира Советот...

Пакистанци и Сириец нападнати во Келн

Група Пакистанци и Сириец се нападнати во Келн, каде и понатаму се големи тензиите поради насилствата на новогодишната ноќ за кои се обвинети имигрантите, соопшти денеска полицијата. Околу 20 лица вчера нападнаа шест Пакистанци, од кои двајца биле хоспитализирани, но набргу пуштени. Еден Сириец синоќа е повреден во напад што го извршиле пет лица. Полицијата и понатаму истражува дали нападот бил расно мотивиран...

ИД го нападна либиското нафтено пристаниште Ал Сидра

Милитантите на Исламска држава денеска го нападнале пристаништето Ал Сидра, во кое на наоѓа најголемиот нафтен терминал во Либија, изјавија либиските претставници. Ал Сидра е под заштита на фракција на федералната армија. Ова нафтено пристаниште беше мета на напади на ИД и во октомври минатата година, а исто како и нафтеното пристаниште Рас Ланиф, беше затворено повеќе од една година поради судирите...

ИД повторно го напаѓа Рамади

Припадниците на Исламска држава нападнале ирачка воена база во близина на Рамади, соопшти портпаролот на ирачката армија. Нападот, кој го извршиле бомбаши-самоубијци, доаѓа неколку дена откако ирачките безбедносни сили ја вратија контролата врз градот, кој во мај минатата година падна во рацете на ИД. Ирачката сили, со поддршка воздух од коалицијата предводена од САД, возвратиле на нападот.

Виена може да остане без новогодишна прослава поради терористички опасности

Австрискиот главен град Виена би можел да остане без новогодишна прослава, поради опасност од тероризам, јавуваат локалните медиуми. Весникот „Остерајх“ јавува дека разузнавачките служби предупредуваат дека постои опасност од терористички напади за време на масовни манифестации, вклучувајќи ја и прославата „Новогодишна патека“, во која секоја година учествуваат околу 700.000 луѓе. - Засега нема конкретна закана, но не се исклучува можноста за целосно...

Давутоглу ја обвини Русија дека спроведува кампања за етничко чистење во Сирија

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција, денеска ја обвини Русија дека спроведува кампања за етничко чистење во Сирија и помага во зајакнувањето на џихадистите од Исламска држава. – Русија се обидува етнички да ја исчисти северна Латакија за да протера припадници на турската и на сунитската популација кои немаат добри односи со сирискиот режим - изјави Давутоглу. Турските власти наведуваат дека руските...

Русија го предупреди Тајланд за можни напади на ИД

Тајландската полиција денеска соопшти дека од Русија добила предупредување дека постои ризик од напад на Исламска држава во Тајланд. Според податоците на руските безбедносни служби, 10 Сиријци, за кои се верува дека се поврзани со екстремистите од Исламска држава, би можеле да изведат напади. Мета на нападите, како што се наведува, се руските интереси во Тајланд, како и други земји што се...

Белгија: Уапсени две лица осомничени за нападите во Париз

Белгиските власти соопштија дека уапсиле двајца осомничени за терористичките напади во Париз. Претставник, кој побарал да остане анонимен, бидејќи се подготвува официјално соопштение, изјавил дека едно од лицата е приведено на националниот аеродром во Брисел, додека се обидувало да се качи во авион за Мароко. Според наводите на претставникот, уапсениот веќе двапати се обидувал да отпатува во Сирија. Другото лице е уапсено...

Франција: Три џамии затворени по нападите во Париз

Три џамии во Франција се затворени по терористичките напади во Париз како дел од сузбивањето на екстремистичките активности, изјави Бернар Казнев, францускиот министер за внатршни работи. Како што истакна Казнев, во Франција првпат се затворени џамии поради „радикализација“. Една од џамиите, 35 километри источно од Париз, во местото Ланји-сур-Мар, беше мета на рација рано утринава, кога полицијата заплени еден пиштол со...

Уапсена жена поврзана со нападите во Париз

Во париско предградие е уапсена жена поради сомнеж дека е поврзана со еден од обвинетите за нападите во Париз, наведуваат извори блиски до истрагата. Извори, кои сакале да останат анонимни поради истрагата, која е во тек, навеле дека жената, чие име не се објавено, е партнерка на 25-годишен маж кој вчера бил уапсен во предградието Малакоф. Уапсениот маж досега на полицијата...

Пораст на рејтингот на Оланд по нападите во Париз

Францускиот претседател Франсоа Оланд по терористичките напади во Париз ја ужива поддршката од 50 отсто од граѓаните, што е негов најдобар рејтинг од 2012 година. Анкетата ја спроведе „Ифол/Фидуциал“ за потребите на весникот „Пари мач“ и на радиото „Сид“. Се оценува дека поддршката е резултат на неговиот остар говор во врска со џихадистите, одржан по терористичките напади. Во последните три години, францускиот претседател...

Де Керкоф: ИД ја менува стратегијата поради големите порази

Поради тешките загуби што ги трпи од воздушните напади на меѓународната коалиција во Сирија, Исламска држава се обидува да постигне успеси барем во странство, оцени координаторот на ЕУ за борба со тероризмот, Жил де Керкоф. - Освен терористичките напади од 13 ноември во Париз, групата во последните неколку недели изведе напади и во Турција, Либан и на египетскиот Синајски Полуостров, што...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...